Фрустрираниот Клеј Томпсон набркан од игра викаше: „Имам 4 прстени, а вие“?

Големото дерби на НБА лигата го доби Феникс Санс кој со 134 - 105 го победи шампионот Голден Стејт Вориорс. Во 7:24 минута од третиот период кога резултатот уште беше тесен, се спречкаа главните играчи на двата тима, Девин Букер и Клеј Томпсон. Вториов доби две технички грешки и автоматски беше исклучен од игра после што „воините“ доживеаа потоп. Клеј на излегување покажуваше со прсти дека има четири прстени.

А Девин Букер после мечот изјавил:

„Повторуваше пак и пак (дека имал четири шампионски прстени). Дали згрешил? Не. Но дали требаше да повторува пак и пак, особено што избунари 1/8 од игра и 0/5 за три поени? Не.

 

26 октомври 2022 - 11:36