Стивен Ли заработи суспензија заради местење на седум натпревари, а освен 12-годишната суспензија тој ќе треба да плати казна од 40.000 фунти.
38-годишниот Ли во тој период нема да смее да настапи на ниту еден натпревар во организација на Светската професионална билијарди и снукер асоцијација.
Тој негираше дека местел натпревари помеѓу кои е и еден од Светското првенство во 2009-та година, но снукер властите без безмилосни и му изрекоа суспензија со која тој ќе може да игра повторно кога ќе наполни 50 години.