Играч на Sport Life ставил сè на англиската Чемпионшип лига и погодил

Овој тикет е само уште една потврда дека среќата може во секој момент да ви се насмевне, па дури и на сите 12 меча во едно првенство да има барем по еден погодок во двете полувремиња.

Среќно и со милионска добивка заврши драмата во англиската Чемпионшип лига за играчот на Спорт Лајф во Скопје-Центар.

Типувал само на 12 натпревари од последното коло на оваа лига, со еден ист тип - дека во првото полувреме ќе има најмалку еден гол и дека во второто полувреме ќе има најмалку еден гол на мечот (тип 1+I & 1+ II), потоа уплатил 3 220 денари за бруто добивка од 1 милион денари.

И навистина сè му пошло „од рака“. Сите 12 меча завршиле во негова корист, додека на натпреварот Шефилд – Мидлсбoро, посакуваниот гол од второто полувреме се паднал дури во 92-та минута за победа на гостите, но и за среќа на обложувачот на Спорт Лајф. Со тоа тој конечно освоил над 850.000 денари, од кои речиси 300.000 денари од бонус на добивката од акциската понуда на Sport Life „Лето на 500%“ . Во оваа понуда се нудат бонуси за уплатени тикети со најмалку осум пара, а во случајов на овој играч за 12 уплатени мечеви, бонусот на добивката се искачил до 40 отсто.

Сите коефициенти на милионскиот тикет се меѓу 1.40 и 1.75, односно се работи за игри кои реално можат да се остварат. Овој тикет е само уште една потврда дека среќата може во секој момент да ви се насмевне, па дури и на сите 12 меча во едно првенство да има барем по еден погодок во двете полувремиња.

Инаку, последното коло во англиската Чемпионшип заврши успешно за Вест Бромвич албион кој се пласираше во Премиер лигата, а Нотингам форест испадна од Топ 6 и нема да игра во плејофот за пласман во елитата.

Комерцијален текст

24 јули 2020 - 12:24