Фудбал

Тимот на Севиља чини колку еден трансфер на Ливерпул

Хорхе Андухар Морено познат како Коке кој синоќа им збрца два гола на Црвените во пресвртот, направи трансфер во Севиља за 1,8 милиони евра, а тоа за некои играчи е месечна плата.

Пет големи финалиња кои ги загуби Јирген Клоп

Тажната серија на загубени финални средби на харизматичниот Клоп синоќа доби нова епизода. Германецот во досегашната тренерска кариера играше пет финалиња во различни натпреварувања, но ниеднаш не го крена пехарот. Да почнеме со ред.

Најдобриот почетен удар во историјата

2. јуни 1990 година. Будимпешта. Пред почетокот на пријателскиот меч меѓу Унгарија и Колумбија првиот удар на мечот го изведе унгарска манекенка. Дуелот заврши со победа на Унгарците 3:1, но кој го интересира тоа?

Севиља со неверојатен пресврт го уништи Ливерпул

Фудбалерите на Севиља се првата екипа во историјата која три пати по ред освоила еден европски трофеј, откако вечерва со 1:3 го совладаа Ливерпул во Базел после водството на Црвените.

Нови мајстории од нашата голема фудбалска надеж

За големиот македонски талент кој уште во градинка го покажал својот силен удар пишувавме лани. Ја дрибла цела одбрана, ги полни мрежите од разни позиции, а неговата главна играчка за разлика од неговите врсници е фудбалската топка. Ренато Амет беше на проба во Вардар и доби пофални зборови од Александар Васовски, а веќе тренита година се кали во во школата на ФК Мондано каде го викаат „нашето злато“.

Лоша сезона за најплатените фудбалски тренери

Жозе доби отказ од Челси, Рафа се изгоре во Мадрид и испадна во втора лига со Њукасл, Ван Гал заврши 5-ти со Манчестер, а Пеп повторно киксна во Европа. Славните тренерски имиња потфрлија и не ги остварија поставените цели.

Како да се типува финалето на Лига Европа

Ќе успее ли Јирген Клоп да ја прецрта фразата на Гари Линекер кој изјави дека „Лига Европа е натпреварување во кое учествуваат 56 тима, а на крајот секогаш победува Севиља?“ Или Шпанците ќе стигнат до петтиот трофеј, а трет по ред во ЛЕ?

Најлудата завршница во шпанското првенство со балкански шмек

Давор Шукер, Христо Стоичков, Диего Симеоне, Ромарио и Михаел Лаудруп беа стрелци во последното драматично коло во Ла Лига, која шампионот го донесе во последната минута од сезоната. Поранешен репрезентативец на Југославија место место јунак стана лузер.

Ликот на Васкез кога дозна дека го викнале на Европско

Роден во Куртис, Галиција, Лукас Васкез на 16 години доаѓа во младинската школа на Реал Мадрид во 2007. година. По настапите за вториот и третиот тим на Реал играше и како позајмен во Еспањол лани, а сезонава дебитираше за Кралевите во септември. Дел Боске го стави на списокот патници за ЕП во Франција, а еве како изреагира кога му кажаа.

Бепе Марота - од кабинер во Варезе до директор во Јувентус

Во потрага по младиот Марота, Џанлука ди Марцио открива тивко момче кое по своја волја станува кабинер во нисколигашот Варезе и напредува до претседател на овој клуб за чие испаѓање ќе плаче затворен во соблекувалната.

Тренер со големо срце

И покрај тоа што победи во последното коло, симпатичниот тим од предградието на Мадрид, Рајо Ваљекано само за еден бод испадна од лигата. Тоа најтешко му падна на тренерот Пако Хемез кој не издржа да не заплаче.

Пантерот од Коста Рика испиша историја во Реал Мадрид

Во само една сезона Кејлор Навас стана еден од најдобрите голмани во историјата на Реал Мадрид, откако примаше во просек по 0,82 гола по натпревар што е најдобар учинок во 20 години.

Како дрибла 5-годишниот син на Санти Казорла

Откако заврши последниот меч на Арсенал сезонава, децата на сите играчи се симнаа на теренот и заиграа фудбал. Најмногу покажа малиот Казорла кој си поигруваше со постарите деца.

Топ 10 голови низ историјата на Лестер

Се разбира дека има место за Варди и Марез, го има и Емил Хески, а доминираат волеј ударите.

Играчите кои ја одбележаа сезоната во Серија А

Јувентус го има режисерот Погба кој намести 12 гола, Наполи го има рекордерот во голови и Бразилецот кој не греши кога додава, Удинезе има играч кој не рипа меч, Фиорентина купи фудбалер од Лестер кој исчезна, а на листава на куриозитети од италијанското првенство го има и Лазања кој се прослави на Сан Сиро.

Не е секој за свештена мантија

Отец Лело, познат свештеник во неаполскиот кварт Вомеро во црквата Сан Џовани Батиста (Свети Јован Крстител) одвреме-навреме ги слави победите на Наполи заедно со верниот народ. Минатиот викенд на миса го одбележа историскиот рекорд на Гонзало Игуаин кој сезонава даде 36 голови. Голем дел од Неаполците не го оправдуваат однесувањето на Отец Лело.

Голмански дилетант

Финалето на Купот на Азербејџан го доби Нефчи од Баку, откако со 5:3 на пенали го совлада ривалот Хезер. Голманот на Нефчи, Саша Стаменковиќ се однесуваше како да брани пред зграда во маало. И пази чудо им одбрани два пенали.

Нешто од тинејџерските денови на Меси

На меч против Еспањол Б, 17 годишниот талент на Барселона прифаќа една топка во среден ред и потоа тешко на цела одбрана и голманот.

Парадата на момците кои беа аутсајдери

Над 800.000 прегледи за 10 часа има видеото кое го објави Лестер од шампионската парада на која беа околу 100.000 луѓе. Сè е сино-бело како минатата година, но овој пат на автобусот се возат играчи за кои коефициентот дека ќе станат шампиони изнесуваше 5.000.

Петте најголеми откритија на Ла Лига

Мадридското дерби во финалето на ЛШ и Севиља во финалето на Лига Европа се доказ дека шпанскиот фудбал е далеку пред другите. Овој шампионат кој многу традиционално го викаат првенство на две екипи, годинава беше интригантен до последното коло. Сезоната донесе и пет нови откритија.

Стефан Ристовски на мета на Лацио

По Горан Пандев, уште еден македонски фудбалер можно е да облече дресот на римјаните кои веќе доставиле понуда за да го купат.