Атлетико Национал стигна до титулата благодарение на голот на Мигуел Борха, доволен за минимална победа од 1:0 против Дел Вале од Еквадор кој направи сензација што успеа да стигне до финалето. Првиот дуел заврши 1:1.
Колумбискиот тим стигна заслужено до трофејот со најдобар процент на победи на било кој тим во последниве 34 години. Групната фаза ја збриша со 5 победи и едно реми и гол разлика 12:0, а убедлив беше и во нокаут фазата каде со вкупни 4:2, 3:2 и 4:1 ги елиминираше Хуракан, Розарио Централ и Сао Пауло.
Атлетико Национал е клуб со традиција и еден од трите клубови во Колумбија кој има играно во сите сезони во првата домашна лига, за разлика од противникот кој до 2010 година беше дел од најниските лиги во Еквадор.
За Атлетико ова е втора титула во Копа Либертадорес. Првата ја славеше со нарко босот Пабло Ескобар во 1989 година.
Спектаклот на стадионот во Меделин
#vamosnacional
— 1st د.محمدالسعدي (@THEDOCTORINO) July 28, 2016
Before final of #copalibertadores #bridgestone #medellin #Colombia pic.twitter.com/fwNWrmuUNa
Голот за победа