Фудбал

Што ти значи гостинска инвазија

Ако за Јувентус може да се каже дека има навивачи низ цела Италија или за Баерн низ цела Германија, тогаш што може да се каже за Бенфика? Тимот од Лисабон се брка со градскиот ривал Спортинг за титулата, на пет кола до крајот има два бода предност, а викендов спасија глава во 85-та минута против Академика на гости 1:2. Пази, на гости, а играат пред 20.000 свои навивачи.

Кога ќе одбереш погрешен спорт

Инцидентот се случил на мечот меѓу женските екипи на Паинкрест и Паин Форест во САД. Домаќинките водат 4:1 кога пред крајот на мечот Рејли Барет имаше шанса за петти гол, но линискиот судија сигнализираше офсајд. Во тој момент гостинската голманка Кејси Стурц се залета како да игра рагби.

Голманот кој ги скроти ѕверките на Барселона

Дали би поверувале ако некој ви каже дека Барселона цели 9 години нема победа во еден град? Каталонците викендов шести пат по ред со спуштена глава го напуштија Сан Себастијан, градот на културата во Европа за 2016-та.

Силекс слави против Вардар со џипот на Ѕинго

Македонски фудбал, прва лига. Датум: 10 април 2016-та. Локација: Кратово. Фудбалерите на Силекс го победија лидерот на табелата Вардар со 3:2, но тоа што изненадија со резултатот не е толку интересно колку што изненадија со начинот на славјето кое не е видено до сега во Македонија, освен на улица.

Волеј на колото

Ремек делото овој викенд го има Барни, играч од ниските аматерски лиги кој така добро го изведе ова што ќе помислите дека гледате Премиер лига.

Светски рекорд, жолт картон за две секунди

Играч на Јужноамериканскиот тим Америка де Теофило Отони после само две секунди од почетокот на мечот влезе во бележникот на судијата и го сруши досегашниот рекорд.

Хет-трикот на тинејџерот Алан Ширер

На денешен ден во 1988 година Саутемптон извади во тим едно русокосо дете по име Алан Ширер кој отвори акаунт по име голови во Премиер лигата.

Историјата на клубот кој го посрамоти Кралот

Германскиот бундеслигаш Волфсбург го направи најголемото изненадување во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако лесно, со 2:0 го совлада Реал Мадрид. Каква историја има овој клуб и кога е основан?

Автоголот на 196-та фудбалска земја во светот

Интернетот во цела планета овој гол денес ќе го прогласи за најглупав автогол на сите времиња. Актер е голманот на Тахити, петтата најслаба фудбалска репрезентација во светот на ранг листата на ФИФА која со еден професионален фудбалер играше во Купот на Конфедерациите во Бразил.

Офсајд лик: Сеп Блатер

Откако ќе ја прочитате оваа вест немојте да се сомневате дека е од 1 април. Таа е денешна и вистинита, а откако ќе се случи ова во зијан ќе бидат студентите во Базел.

Секс, Вест Хем и Рокенрол

Минатата сезона Лондонците играа во Лига Европа благодарение на фер-плеј рејтингот на УЕФА, иако во првенството завршија 12-ти. Сега се борат за место во Лигата на шампионите.

Карлос Тевез ја распали Бомбонера

По лудиот гол против Атлетко Рафаела во првенството, Тевез синоќа постигна нов ефектен гол против Боливар во Копа Либертадорес. Неговата Бока славеше 3:1, а Карлитос го даде вториот гол.

Севиља го доби шпанското дерби, во Дортмунд немаше победник

Сите осум екипи успеаа да постигнат гол што е доказ за големата неизвесност по првите четвртфинални битки од Лигата на Европа. Шахтјор и бранителот на титулата со полн плен од гостувањата, победа за Виљарел пред своја публика.

Како You'll never walk alone стигна до трибините?

Легендарната песна на која црвени шалови се креваат на Енфилд, па потоа жолти на Вестфален во Дортмунд и зелени на Хемпден Парк датира од 1945. година и е компнирана за мјузиклот Карусел.

Автогол со додавање

За ваков автогол треба да најдеш двајца генијалци и ништо повеќе. Еве ги.

Ова нема крај, уште тонеме

Откако лани во октомври Македонија стигна до рекордната 139-та позиција на ранг листата на ФИФА, тоа да ти било најава дека можеме уште подоле.

Клоп, ти одиш десно

Фудбалската судбина вечерва ќе го врати миленикот на навивачите и управата на Дортмунд меѓу своите. Јирген Клоп со Ливерпул гостува во Дортмунд, па со цел да не ја утне соблекувалната, домаќините во шега му оставиле табла. На прашањето дали ќе слави евентуален гол изјави: „Секако дека ќе славам. Сигурно нема да пијам апче против прослава на гол“.

Трифун Иванов, Де Хеа и други фудбалери како мали

Фудбалерите или нивните најблиски одвреме навреме знаат од семејните албуми да извадат некоја фотографија од детството на сега веќе големите ѕвезди. Во светло во кое не сме ги виделе речиси никогаш.

Кралевите капитулираа во Германија, нерешено во Париз

На Реал Мадрид му се отвори многу работа на реваншот во четвртфиналето од ЛШ откако беше шокиран на гостувањето против Волфсбург со 2:0. Повозбудливо беше на Паркот на Принцовите каде Ибра промаши пенал, а Фернандо потоа направи глупав потег и му подари гол.

Три сомнителни судиски одлуки во првите 45 минути

ПСЖ - Манчестер Сити 1:1 и Волфсбург - Реал Мадрид 2:0 по првиот дел од четвртфиналните дуели во ЛШ. И на двете средби пеналите беа сомнителни. Харт му ја одбрани на Ибрахимовиќ, а Рикардо Родригез погоди за германскиот состав. Роналдо постигна гол во 2 минута кој според судиите беше офсајд.

Зошто Харт би посакал Ибра да не игра вечер

Вечерашниот дуел меѓу ПСЖ и Манчестер Сити голманот на гостите сигурно го враќа на пријателскиот дуел меѓу Шведска и Англија 4:2 одигран во 2012-та. Зошто? Златан сам ја победи Англија која имаше водство 1:2, а на четвртиот гол Харт излезе од шеснаесетник и потоа беше само гледач на чудото кое го направи Ибра.

Дете од асфалтот - Блез Матуиди

Во новата реклама за Најк, претставен е патот до врвот на францускиот репрезентативец од ПСЖ Блез Матуиди. Автобуси, метроа, железнички, низ што сè не поминал за да стигне до ѕвездите.

21 разлика меѓу Шумуликоски и Меси

Величе vs величината на светскиот фудбал во неколку споредби во кои подобар е поранешниот македонски репрезентативец кој настапува за фудбалскиот клуб Словачко од Чешка.