„За мене кога влегувањето на Јувентус Стадиум претставува посебна емоција и со дресот на Јувентус и со тој на репрезентација. Тоа е стадион кој го чувствувам за мој и кој ми пренесува поразлична енергија од другите“.
На ваков начин ја почна Леонардо Бонучи прес конференцијата во тренинг центарот Коверчано каде со селекцијата на Италија се подготвуваа за големото дерби против Шпанија кое е на програмата в четврток.
Дефанзивецот на Јувентус зборуваше за големиот противник, за нивната форма и за желбата да се вратат во форма по неуспехот на Европско, но неговата глава периодов беше оптоварена со нешто друго и многу поважно, а тоа е неговиот син кој боледува од акутна патологија на кардиоваскулаторниот систем.
„Тоа што го поминав последните два месеци ми даде една голема сила и ми помогна да сфатам дека во животот има многу поважни работи од тоа да погрешиш додавање. Морам да му заблагодарам на моето семејство, се боревме заедно.
Бонучи го пропушти првиот квалификациски меч против Израел поради тоа што неговиот син Матео мораше да се оперира. Но сега неговата здравствена состојба е добра и тој се враќа во репрезентација за дуелите против Шпанија и Македонија на 6-ти и 9-ти октомври.
Доби прашање за Балотели.
„Вратите во репрезентација се отворени. Марио со своите изјави покажа дека почнал да размислува како возрасен. Тоа во моите очи е знак за голема зрелост и покажува дека има смиреност која е дел од него и која треба да ја искористи на терен и за клуб и за репрезентација. Тој има бесконечни квалитети, но до сега имаше недостаток за свест. Неговите вредности може да го вратат на високо ниво и повторно да биде важен играч за овој состав“