Фудбал

Ќе промаши некој пенал, до утре

Пеналите секогаш се драма со јунак и трагичар. На еден меч во аргентинската 4. лига пред 5 години се шутирал 41 пенал, по што публиката почнала да се прозева на трибините. Тоа е воедно е и светски рекорд во Гинис.

Правеше одлични забави и девојките го сакаа

„Во првите седум кола истрчавте 114 км во просек. Ако до крајот трчате 118 км, ќе добиете плус четири дена одмор“, е еден од методите со кој Клоп ги мотивирал шампионите во Дортмунд. Претходно во Мајнц ги носел играчите на пиво после гостувањата.

Панчев во друштво со Џеко, Ривалдо и Стоичков

По утките на Џеко од кој во Рома очекуваа многу повеќе, италијанскиот весник Газета дело спорт направи листа на најголеми промашувања во Серија А во последните 30 години. Место направија и за Кобра кој одамна призна дека Интер му била погрешна дестинација.

5 начини на кои Лестер ја шокираше Премиер лигата

1. Најмногу погодени пенали и најмалку погодени стативи. 2. Најмалку потрошени пари за трансфери во топ 4 екипите на табела. 3. Најмногу победени тесни натпревари 4. Најконзистентен состав 5. Големите клубови за разлика од Лестер загубија многу мечеви.

Барса го откри новиот изглед на Камп Ноу

Победничкиот проект на Никен Секеи и тандемот Пасквал-Аусио за новиот изглед на Камп Ноу беше претставен денес на стадионот на Барселона.

Патувај во последно коло со стар воз и цела екипа

Аранжманот се нуди во Премиер лигата, цената не е баш евтина, но идејата звучи доста интересна за англиските навивачи кои со оглед на нивната страст кон фудбал, сигурно ќе побараат уште 10 возови да тргнат во исто време.

Кога едвај чекаш комшијата да испадне од лига

Бирмингем Сити и Астон Вила се два клуба со можеби најголемо ривалство и омраза меѓу нив во еден ист англиски град. Кај нив редовно важи девизата „на комшијата да му цркне кравата", па така Бирмингемци со душа го чекаа моментот кога Вила и официјално испадна од Премиер лига.

Како ЦСКА Софија влезе во историјата

Славниот бугарски тим стана првиот третолигаш кој успеал да влезе во финалето на националниот Куп, откако со вкупен резултат 4:0 го совладаа Берое од Стара Загора во полуфиналето.

Коментаторско лудило по головите на Тоти

Евергрин капитенот на Рома синоќа влезе во 86-та минута кога Рома губеше од Торино 1-2. После првиот контакт со топката израмни на 2-2, а потоа со победнички гол од среќа ги расплака навивачите и го поулаве коментаторот.

Епилогот на 3 случаи кога Раниери беше лидер

Во текот на кариерата, Раниери имал предност на табелата (не после коло или две, туку после минимум девет) во три наврати. Болна историја имаше во Италија, каде со Рома го загуби Скудетото на три кола пред крајот после поразот од Сампдорија дома.

Најбразилскиот потег во Копа Либертадорес

Коринтијанс со 6:0 го победи Кобресал во групната фаза од Копа Либертадорес синоќа, а двојниот стрелец Марлоне го постигна можеби голот на сезоната во Јужна Америка.

Бербат голот на Димитар Бербатов

Бугарскиот интернационалец пред две години го постигна можеби најубавиот гол за време на неговиот престој во Монако. Противник: Ница. Противнички голман: Давид Оспина.

На што нè потсеќа мечот Јуве - Лацио?

6 декември 2004-та. Лацио му гостува на силниот Јувентус со слаби шанси за бодови, што така и ќе излезе на крај. Но стартот на мечот целосно изненади бидејќи во шеснаесетникот на Буфон царуваше со слалом 21 годишниот македонски талент кој дојде од Анкона.

Вонредна состојба за Европското првенство во Франција

Француските власти одлучиле вонредната состојба во земјата, прогласена по терористичките напади во Париз да остане на сила и во текот на Европското првенство и трката Тур д'Франс.

Вест Хем купува акции во Хајдук Сплит

Менаџерот на Вест Хем, Славен Билиќ ја започна кариерата во дресот на сплитските „Били" и сега покажува дека првата љубов никогаш не се заборава.

Јас, Броки и Гатузо од соба број 42

Ветеранот на Милан кој е втор голман поради талентот на тинејџерот кој е 22 години помлад, раскажува за пријателството кое се родило со поранешниот борец од среден ред и поранешниот играч, а сега тренер на клубот.

Што значи неспортско однесување во Русија

Доколку се играло фудбал и на Дивиот Запад, претпоставуваме дека тоа изгледало вака како на овој нисколигашки меч во Русија. Само што овде ниту еден од соиграчите на тој што бега не најде за сходно да рипне во негова одбрана.

Апсења во Турција, политика или спорт?

Турската полиција денес привела 38 лица кои се сомничат дека „ја наместиле управата на Фенербахче" во периодот на истрагата за корупција пред 5 години кога Фенербахче беше исфрлен од Европа.

Најлудиот гол на Камп Ноу за влез во ЛШ

17 јуни 2001 година. Барселона треба да ја победи Валенсија за да се пласира во Лига на шампиони. Тешко оди, 89-та минута, резултат 2:2. Франк Де Бур го наоѓа на гради Ривалдо кој денеска полни 44 години. 

Заслужена голтка пиво

Анонимниот напаѓач Тери Дод од англискиот нисколигаш Хоршам промаши чист гол, а потоа се изгреба пиво. Оладување е заслужено, неговиот тим победи 11:1, а Тери постигна хет-трик и со 30 голови оваа сезона го сруши рекордот на тимот стар 44 години.

Фудбалерот што испадна со две екипи во ист ден

Луис Кинсела, 21-годишниот англиски дефанзивец имал кошмарна сабота откако за неколку часа од лигата испаднале и двете екипи чијшто е член.

Сер Клаудио Раниери

На една од редовните средби, новинарите го прашаа италијанскиот стратег што мисли за титулата Сер, која што веќе ја имаат Фергусон и Боби Чарлтон.

Патот околу светот на Хидетоши Наката

Најпознатиот Јапонец што играл во Европа не знаел ништо за својата земја затоа што животот му се сведувал на хотел-автобус-авион-карантин. Решил да го промени тоа и за шест години ја пропатувал целата татковина. Сега произведвуа саке и се занимава со ќерамика.

Олимпија Љубљана го отпушти тренерот поради расизам

Некогашниот тренер на белградските екипи Рад и Партизан, Марко Николиќ доби отказ од Олимпија поради расистичкиот испад кон својот играч, Нигериецот Блесинг Елеке.