Фудбал

Барселона надиграна и поразена на Етихад

Атлетико Мадрид, Арсенал и ПСЖ во последните мигови стигнаа до победа и заедно со Баерн Минхен се првите осминафиналисти кои по 4 кола обезбедија пласман во нокаут фазата од ЛШ. Манчестер Сити и се одмазди на Барселона за високиот пораз на Камп Ноу.

Како Ел Шарави работи со топката

За да гледаме вакви видеа не мора секогаш да чекаме за да налетаме на Роналдињо, некој друг Бразилец како него или на фристајл мајстор. Гледајте што знае и еден италијански напаѓач.

Челси се препороди откако Конте ја смени формацијата

Италијански стратег не е Италијанец ако не покаже што може да направи со добра тактика која во последно време се покажа како полн погодок, а тоа во превод значи нема примање гол со тројца во одбрана.

Едноумието на Саутемптон

Премиерлигашот кој во четврток ќе го пречека Интер во Лига Европа реши на своите навивачи да им понуди да гласаат за најубавиот гол во месец октомври. И ништо не би било чудно, освен ако исходот на гласањето не би бил познат од почеток. Нејсе, добар штос.

Фудбалска фотографија за сите пари

Англиските нисколигаши Гилдфорд Сити и Северен Грендфорд освен што одиграа супер неизвесна средба која заврши 4:4, беа инспирација и за фотографот Пол Бургман кој ја направи најдобрата фудбалска фотка на сезоната.

Омилениот фудбалер на Симеоне кој го тргнал татковото презиме

Кога Арда Туран замина во Барса, Атлетико Мадрид знаеше дека тешко ќе најде достојна замена за Турчинот. Од Монако го доведоа Караско и го гледаа само како перспективен и амбициозен играч, но тој брзо стана важен дел од првиот тим.

Приемот на Суарез на топка фрлена од кран

Луис Суарез има неверојатен прием на топка, а тоа го покажа откако му фрлаа топка од кран висок 35 метри.

Почина скулпторот на трофејот за Светско првенство

Силвио Гаѕанига, човекот кој го дизајнираше највредниот трофеј во историјата на фудбалот почина во Милано на 95-годишна возраст. Кафу му изрази сочуство и благодарност за тоа што го дизајнирал пехарот кој ја носи најголемата радост во спортот.

Несторовски држи подобра форма од Нејмар и Ибрахимовиќ

Македонскиот напаѓач е во голгетерска серија за Палермо и тоа многу радува пред гостувањето на Македонија против Шпанија на 12-ти овој месец. Но проблемот е што во неговиот клуб никој не е на висина на задачата како него.

Втората младост на Боатенг во Лас Палмас

Поранешниот фудбалер на Милан и Шалке, Кевин-Принс Боатенг (29) игра одлична сезона во најголемото изненадување во Ла Лига, Лас Палмас. Ганецот веќе даде четири гола во осум кола, кој од кој поубав и потсети дека не е за старо железо.

Прес на Михајловиќ во стилот на Клоп

Стратегот на Торино побара од Џо Харт на пресот да се обиде да зборува на италијански, но овој се укочи и продолжи на англиски. Потоа Синиша Михајловиќ удри на хумор со новинарите: Не ве гледам дека запишувате забелешки. Ти на пример правиш финта демек пишуваш, а уствари правиш список што треба да пазариш. А инаку добро зборуба Харт англиски нели?

Видео на денот

Ако мислите дека сте го гледале најдобро видео или одбрана на колото, да се разбереме, грешка сте, бидејќи од ова нема бољи.

Формулата за успешно работење во фудбалот на долги патеки

Додека Македонија потроши една деценија во именување 9 селекторски имиња или во просек секоја година нов селектор, Германците назначија еден и вреден, а тој со помош на неговото знаење и упорност, како и стратегија и спроведување на германскиот систем на работа ги направи Светски прваци.

Се извинувам, сакав само да бидам Кантона

Да го имитира начинот на игра на легендарниот Французин, па да го разбереме. Вака, само се изглупира, го приведоа, ќе плати казна и го суспендираа на 20 дена.

Евра одново во ритам

Откако смисли генијална идеја за борба против расизамот и многу многу поинвентивна од оние на УЕФА, бекот на јувентус се усними повторно за Инстаграм, овој па пат повод американскиот празник Халоувин. За 15 часа видеото го видоа 200.000 негови фанови.

„Дугачките“ на Лео Бонучи

Типичен стопер е. Висок, корпулентен, јак, но бавен. За разлика од колегите од одбраната знае да ја изнесе топката понапред и даде неверојатно прецизна долга топка. Просто обожава да дели долги топки напред.

Најголемата надеж на Реал се врати од мртвите

На 21 јануари 2015-та Реал Мадрид плати 3 милиони евра за 16 годишно дете од Норвешка по име Мартин Одегард кој беше претставен со сите можни суперлативи како идна голема фудбалска ѕвезда. Потоа доби посебни привилегии да игра за б тимот на Реал, а да тренира со првиот тим и да зема плата од 80.000 фунти неделно.

Дали е Роналдо себичен како што го зборуваат?

Последниот настан во кој Мората дава гол за Реал, а Кристијано во исто време крева рака како да сугерира дека соиграчот му е во офсајд одново ја разбрани јавноста. Сите се прашуваат дали еден од најдобрите фудбалери во историјата тоа го прави свесно или ненамерно.

Како ли ќе брани малиов кога ќе порасне?

Обично на 17 години најголемиот дел од фудбалерите со светска слава уште се дел од младинскиот погон и се на чекор до деби пред широкиот аудиториум. Тоа не е случај со голманот на Милан кој се наметнува меѓу најдобрите, а роден е кога Шевченко пристигна на Сан Сиро.

Фудбалерот кој не може да не го сакате

Некогашниот репрезентативец кој одигра 43 меча за Англија и постигна 22 гола беше учесник на две Светски првенства. Кога имаше серија од 18 меча без гол, навивачите и новинарите го распнаа, а подоцна се отвори и се изнадава голови.

Стана Европски првак со Фергусон и не го препознаа на стадион

Еден од членовите на обезбедувањето на Олд Трафорд очигледно е труп за фудбал бидејќи пред очи му застана Дејвид Меј и не го позна на средбата против Сити. Се работи за член на Манчестер Јунајтед од 1994-та до 2003-та.

Надежниот фудбалер кој освојуваше трофеи со Пандев реши да стане стоматолог

Чудни знаат да бидат фудбалските патишта, а жив пример за тоа е Адријано кој на крајот на фудбалска кариера се врати кај старото бразилско гето на криминалци или како овој пример каде дресот отиде во замена со бел мантил.

No to racism во најјаката верзија

Ако на УЕФА им фали некоја идеја за тоа како во иднина да ја подобрат и да ја модернизираат кампањата за борба против расизамот нека се обратат кај Патрис Евра. Тој ја има вистинската формула за тоа.

Соблекувалната на Реал како на екскурзија во Шула Мина

Кралскиот клуб славеше 1:7 против третолигашот Леонеса во рамките на Копа дел Реј, но по оваа слика која ја оставија во нивната соблекувална воопшто не личат на Кралеви.