Фудбал

Бугарски фудбалер осуден поради убиство

Играчот од средниот ред на Славија Софија, Борислав Балџиски пред три години до смрт претепал човек кој ја пцуел девојката која што бавно ја возела колата во која бил и тој.

Руни, време ли е за МЛС?

Од натпревар во натпревар капитенот на англиската фудбалска репрезентација и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни покажува драстичен пад на формата. Ако продолжи вака, нема да чуди ако за брзо време трча по топката со Џерард и Лампард во аматерската лига на САД.

Во Јужна Америка голманите не служат само за бранење

Во ситуација кога Хорхе Кампос, Рене Игита и Рожерио Сени се пензионери, а кога бранеа одеа во напад, даваа голови од слободен, дриблаа и шутира пенали, ете го Нелсон Рамос кој тера по нивните стапки. Голманот прими два гола, ама даде еден и плус уште еден асистираше за конечни 2:2 на меч во колумбиското првенство. А инаку голот му е леле мајко.

Ако може Фергусон да биде Сер, можам и јас

Го нема го нема, па ќе извади нешто за што ќе се зборува со недели. Мино Рајола, најнеобичниот агент на светот сега бара титула Сер затоа што успеал да го врати Пол Погба летово во Манчестер Јунајтед.

Интер – Јувентус донесе рекорд во пари

Пресвртот и големата радост на Интер не неа беа единственото од дербито на колото во Италија. Домаќините триеа раце, најмногу досега.

Како комшијата тренер од хулиганот Милик направил фудбалер

Аркадиуш Милик кој Наполи го купи како замена за Гонзало Игуаин за 35 милиони евра, даде два гола против Болоња во саботата (3:1). Тоа беше негов трет дубл од почетокот на сезоната и причина да го истражиме неговиот фудбалски пат.

На голманите во Чиле им чуваат грб

Можеби топката немаше да влезе во гол, ама тука си е тоа, да чува втора статива за секој случај.

Најдобрата 9-ка на светот слави 40-ти роденден

На 18. септември 1976 година во Рио де Жанеиро е роден бразилскиот напаѓач кој многумина го сметаат за најдобар фудбалер кој светот го видел.

Серија А го виде првиот гол на Несторовски

Македонскиот репрезентативец стигна до деби гол во Серија А откако во денешното 5. коло со својот Палермо во 66 минута го израмни резултат на гостувањето против Кротоне.

Тоти е станат на лева нога

Муабет на човек со 25 години стаж во фудбалот кого го сметаат за Принц на Рим со новинар. Новинарот: Може изјава? Тоти: Да застанам за изјава? Па што кур да ви кажам по 25 години? Секогаш истите работи. Инаку се работи за микс зоната по мечот со Викторија Плзен каде обично фудбалерите даваат изјави.

Турците занемеа на голов

Галатасарај славеше 2:0 против Ризеспор благодарение на двата гола на Швајцарецот Ерен Дердијок. Првиот го постигна по 6 минути игра, а Најџел Де Јонг се збуни кога го виде.

10 изјави на Паоло Ди Канио во негов стил

Поранешниот славен италијански фудбалер не е повеќе соработник на Скај каде ќе останеше ако носеше маица по долги. Причината за прекинувањето на соработката е една тетоважа која во превод значи „лидер“, асоцијација за Бенито Мусолини.

Кога имаш 0:2 на Стемфорд бриџ

Џордан Хендерсон им донесе втор шок во 36 минута на навивачите на Челси, а камерите во тој момент го бараа Јирген Клоп за да му ја видат реакцијата кога Ливерпул го зголеми водството.

Станковиќ јуниор цел на тато

Стефан Станковиќ има 16 години, тренира во Интер и доби повик од кадетската репрезентација на Србија. Ако по ова голчиште се мери неговиот квалитет, тогаш Дејан Станковиќ може да се гордее со најстариот од тројцата синови.

Џо Харт прозборе италијански, ќе го биде

Најголемото трансфер изненадување летово беше голманот на Манчестер Сити Џо Харт кој дојде да игра во Торино. Ем го пречекаа стотици навивачи на „Биковите“, а тој им позираше со дресот, ем што сега им прозборе италијански па ќе го засакаат уште повеќе.

ФИФА и Франс фудбал се разделија

Од 2017 година ќе гледаме два избори за најдобар играч, еден на Европа и еден во свет, исто како што беше порано. Златната топка во оваа форма оди во историјата.

Никој како „Феноменот“ на млади години

Се појави една листа на најдобри стрелци во фудбалот, но кога имале под 23 години. Првото место изгледа недостижно.

Култот на Брито Ривалдо

Кога дошол во Барселона сите сфатиле дека бил лимон табиет и дека било прашање на време кога ќе се скара со незгодниот Ван Гал. Со игрите на Камп Ноу, Ривалдо ја доби наградата најдобар фудбалер на светот а голот против Валенсија важи за еден од најубавите на сите времиња.

Ретро со Малдини од VHS лента

Легендарна видео снимка со славниот италијански пејач Џованоти и младиот 22 годишен дефанзивец на Милан, Паоло Малдини за време на Ферагосто, најголемиот празник во Италија, во 4 и кусур сабајле. 

Интер се посрамоти на домашен терен

За разлика од мечевите кои се играа од 19 часот кои донесоа 37 голови, стрелците на средбите од 21:00 беа многу помалку расположени и постигнаа 20 голови. Гостинските екипи беа поуспешни и остварија пет победи, за разлика од домаќините кои славеа на три меча.

Манчестер Јунајтед се лизна во Ротердам, Зенит со лудачки пресврт во Израел

Макаби Тел Авив имаше 3:0 по 70 минути игра против Зенит, но Русите одиграа 15 историски минути во кои стигнаа до 3:4. Тимот на Мурињо загуби минимално од Феенорд, Рома со бод се враќа од Чешка, а Сасуоло стигна до деби победа во Европа и тоа убедлива.

Најбрзиот гол во Лига Европа

Првиот денешен дуел во првото коло од Лига Европа меѓу Карабах и Слован Либерец (2:2) го донесе најбрзиот погодок во историјата на ова натпреварување. Го постигна Јан Сикора од чешкиот тим по 10 секунди игра, а македонскиот фудбалер Муарем Муарем влезе во 66 минута.

Излетот на Георге Хаџи од Реал во Барса преку Серија Б

Кога најдобриот романски фудбалер во историјата поради разни околности беше на излезна врата од Реал Мадрид во 1992 година, реши да се пресели во Бреша и да стане клучен играч во романската револуција на Мирчеа Луческу.

Пристрасен коментатор почна да пее во живо

Атлетико Мадрид им собра 3 бода на ПСВ на гости во Лига на шампиони, а поддршка имаше и од холандскиот коментатор кој славеше кога Јан Облак одбрани пенал. Потоа фудбалерите на ПСВ не му дадоа изјава.