По шестиот гол на Барселона против ПСЖ и лудилото кое потоа следуваше на Камп Ноу, Мексиканецот Сантијано Гарсес успеа да штракне една фотка која направи пуздер на социјалните мрежи.
Се работи за фотографија на која Меси ја има подигнато тупаницата во знак на голема радост по неочекуваниот пресврт со кој за 8 минути ПСЖ падна на колена.
„Сликата е епска и е симбол, слика која ќе биде историска. Го симболизира карактерот на овој лик. Ако оваа слика беше по првиот гол, а потоа Барса не се вратеше, таа немаше да има иста вредност“, изјави авторот Сантијаго.
Таа е до толку моќна, што на сите социјални мрежи заедно успеа да собере неверојатни 65 милиони кликови. Само 56 милиони од нив се од фејсбук профилот на Барселона. 2,6 милиони кликнале дека им се допаѓа, 220.000 ја споделиле, а 5.000 луѓе коментирале под неа.
36 часа од денот на објавување на Инстаграм, ја виделе 6,8 милиони корисници и се појавиле 34.000 коментари. На Твитер ја виделе 2,5 милиони луѓе, а 28.000 кликнале дека им се допаѓа.