Фудбал

Нема промени за Македонија на рангот на ФИФА

Светската куќа на фудбалот ја објави ранг листата за овој месец. Репрезентативниот фудбал е на стенд бај и затоа остануваме на исто место.

Никој друг вака не брани на 39 години

Јувентус стигна до 600 минути без да прими гол во Лига на шампиони. Една од главните причини за тоа е што го имаат Џиџи Буфон, еден и единствен кој како старее така му расте формата. 100 одиграни средби за Јуве во ЛШ, 60 од нив без примен гол. Како ли ќе се навикнат навивачите да го гледаат Јувентус без него.

Монако е недораснат за Јувентус

Ако по извлекувањето на ждребот во Нион, Реал Мадрид и Јувентус ја имаа фаворитската улога за пласман во финалето од ЛШ во Кардиф, тоа се потврди и на терен. По победата на Кралевите во градското дерби, италијанскиот првак демонстрираше сила, моќ и искуство во Монако.

Ајакс го прегази Лион и со една нога е во финале

Во првиот меч од првото полуфинале на Лига Европа, на „Јохан Кројф“ Арената во Амстердам, Ајакс го згази Лион со 4-1 и е близу пласман во финалето.

Најубавите голови со ножички во Премиер лигата

Барнс, Карбоне, Колимор, Гудјонсен, Делап, Крауч, Амир Заки, Руни, Керол, Бентеке се само некои од играчите кои постигнаа сензационални голови со ножички во Премиер лигата. Мерак за очи.

Монако и Јувентус од едно друго време со едни други актери

Се сретнаа пред точно 19 години во сезоната 1997/1998. Монако заслужено стигна до полуфиналето со некои нови клинци кои подоцна Франција ја направија светски и европски првак. Искусниот Јувентус под водство на Липи се бореше за трето финале во низа.

Некогаш го гледаа Анри од двосед, сега ќе го гледаат синот од ложа

Килијан Мбапе, наследникот на легендарниот Тиери Анри има толку сличности со неговиот идол поради што навивачите на Монако веруваат дека вечерва ќе се повтори она што го направи легендарниот „Тити“ пред 19 години против Јувентус.

Дани Карвахал - анонимниот дискретен херој на Реал Мадрид

Во океанот статистики, рекорди, чуда и врагови на Кристијано Роналдо и Реал, ретко кој помислува на клучниот архитект на успесите на Кралскиот клуб. Човекот кој на тренинг доаѓал со Цитроен Ксара од татко му и не можел да му прости на Мурињо што не го играл.

Дејвид Бекам наполни 42 години

Вчера, на 2-ри мај, легендарниот англиски репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан и Пари Сен Жермен го прослави својот 42. роденден. Ред е да се потсетиме на најдобрите моменти од неговата кариера.

Летаа тупаници во финале на рускиот Куп

Фудбалерите на Локомотива Москва го совладаа Урал со 2:0 и го освоија рускиот Куп и ќе играат во Европа после речиси една деценија. На крајот од дуелот имаше голема тепачка меѓу играчите и четворица добија црвен картон.

Кристијано Роналдо има повеќе постигнати голови во ЛШ од Атлетико Мадрид

Само еден хет-трик е доволен за најдобриот фудбалер во светот според ФИФА да ги остави неспиени статистичарите. По синоќешното мадридско полуфинале во ЛШ вака изгледаат бројките и рекордите поврзани со Реал и Роналдо.

Агресијата на Рамос

Серхио Рамос не за џабе има 22 црвени картони во кариерата. Да беа судиите повнимателни вечерва ќе го добиеше и 23-от и ќе го испуштеше реваншот од полуфиналето во ЛШ. Не бива ова.

Роналдо не прифаќа свирежи од навивачите

Кристијано Роналдо вечерва стигна до погодок број 400 за Реал Мадрид и според сè што има направено за клубот сигурно дека не заслужува да му свират. Но и покрај тоа, глупаво е тој лично да ги подучува како што правеше вечерва против Атлетико, навивачите сами треба да сфатат дека грешат.

Реал Мадрид стапна со една нога во Кардиф

Со вториот хет-трик оваа сезона во Лигата на шампионите и вкупно 47-ми во цела кариера, најдобриот играч според ФИФА, Кристијано Роналдо го тресна градскиот ривал во полуфиналето од најелитното клупско европско натпреварување.

Тотенхем со потрошени 7 милиони евра за две сезони

Погледнете колку пари потрошија екипиве во последниве две сезони, особено двете од Манчестер и направете споредба со Тотенхем. Имаат и најмногу победи и најмногу постигнати голови, а најмалку порази и најмалку примени голови. Чист пример дека не е сè во парите.

Како се игра без да падне во Реал Мадрид

Си возат шева без топката да падне: Во средина се Варан и Матео Ковачиќ и кога после десетина додавања не можеа да ја фатат, на крај очекувано јаделе ластици.

Двојникот на Меси од Иран

Телевизискиот канал ХиспанТВ направил репортажа со Реза Парастеш од Иран за кој се верува дека најмногу наликува на Меси. Откако пуштил брада уште повеќе личи на 10-та на Барса. А личат стварно како две капки поради што на Иранецов му барале автограми и сакале да се сликаат со него.

Патрис Евра има рецепт како да не го мразите понеделник

Додека некои пафтаа скари, некои протестираа, утрото на 1-ви мај, левиот бек на Марсеј Патрис Евра се обрати од својот автомобил: „Не сфаќам како луѓето не го сакаат понеделник. Ќе престанете да го мразите понеделник после видеото од мојот Инстаграм“.

Двајца глумци на колото

Натпреварите Ватфорд - Ливерпул и Рома - Лацио од викендов ни ги донесоа двајцата симулатори на фаули кои се ништо друго освен еден лош пример за тоа како на треба во фудбалот. Стротман изнуди пенал на римското дерби откако се сопна од воздухот, а Лукас Леива доби жолт картон за глума.

Форест Грин - највеганскиот клуб на светот

Во битката за пласман во повисок ранг, петтолигашот Форест Грин веќе извојува неколку победи од кои една е најважна: Почетокот на изградба на дрвен стадион, во склад со нивното веганство.

НапреТ Престон Лајонс Македонија и среќен 70-ти роденден

Освен ФК Вардар оваа година е јубилејна и за уште еден македонски клуб каде исто така беше тренер Андон Дончевски. Се работи за Лавовите чиј тренер се вика Лупче, а претседателот им се презива Груевски. Имаат некои хард кор моменти, ама нека им е честито.

Мистериозното самоубиство на чешкиот репрезентативец Рајторал

Чехот Франтишек Рајторал (31) кој играше за турскиот Газијантепспор минатата недела бил пронајден мртов во својот дом, а истрагата покажала дека се работи за самоубиство. Сега се поставува прашањето кои се причините?