1. ТРАНСФЕРОТ
На 25 јули 1997-ма година, Ларсон потпиша за Селтик за само 650.000 фунти. Трансферот тешко се остварил бидејќи Феенорд не сакал да го продаде за толку малку пари, но во неговиот договор стоела таа клаузула.
2. ЗАЧУВУВАЊЕ НА НАЈВАЖНИОТ РЕКОРД
Кога Ларсон замина на Паркхед, доминантен клуб во шкотскиот фудбал беше Глазгов Ренџерс. За нов тренер беше назначен Вим Јансен кој доби една специфична цел, а тоа е да ја освои титулата за да го сопре Ренџерс да не стигне до девет титули по ред, рекорд кој го држи токму Селтик. И покрај слабиот старт, Ларсон на крајот постигна 18 голови на сите натпреварувања и стана најдобар клупски стрелец во деби сезоната. Ренџерс го освои Лига Купот, но најважно е што титулата отиде во рацете на Селтик.
3. ПЕТАРДАТА ПРОТИВ НАЈГОЛЕМИОТ РИВАЛ
Глазгов Ренџерс сепак следната сезона стигна до титулата, а го освои и Купот. Но она што се памети е резилот кој го изеде Ренџерс од 5:1. Ларсон постигна два гола на овој меч и со вкупно 38 погодоци на сите натпреварувања беше прогласен за играч на годината во Шкотска, како и најдобар шведски фудбалер.
4. СИЛЕН КАКО ЛАВ
За време на мечот против Лион во Купот на УЕФА во 1999-та, се соочи со страшна повреда откако ја скрши ногата, видео језиво за гледање. Отсуствуваше 8 месеци и потоа се врати посилен од било кога.
5. ТРОЈНАТА КРУНА
Доаѓањето на Мартин О`Нил на клупата дефинитивно донесе стабилност во клубот, а тоа го покажаа резултатите. Селтик ја освои титулата, Купот на Шкотска и Лига Купот, а Ларсон блесна со 35 првенствени гола на 38 средби. Што направија на градското дерби? 6:2. Доволно е да го погледнете само лобов на Швеѓанецот.
6. ПЛАСМАН ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Некои можеби ќе рече дека Ларсон беше добар, но играше само во Шкотска. Овој смешен и неточен аргумент не се побива само со тоа што потоа направи трансфер во Барселона, туку и со тоа што неговите голгетерски способности ги покажа против Јувентус и Порто во сезоната 2001/2002 од ЛШ. Селтик не успеа да стигне до нокаут фазата и потоа продолжи во Купот на УЕФА. Ларсон и таму постигна гол против Валенсија, но беа елиминирани на пенали.
7. ПАТОТ ДО ФИНАЛЕТО ВО СЕВИЉА
Навивачите на Селтик го испија градот кога Селтик успеа да стигне до финалето во Купот на УЕФА. Ларсон беше незапирлив со 12 гола на 12 средби, а головите ги постигна против Блекбурн, Ливерпул, Боависта, како и во финалето каде се соочија со силниот Порто на Мурињо од кој загубија 3:2.
8. БАГАЖОТ КОЈ ГО ОСТАВИ
За седум години во Селтик освои 4 титули, 2 Купови на Шкотска и 2 Лига Купови. Беше најдобар стрелец во првенството 5 сезони и на 313 средби на сите натпреварувања постигна 242 гола.
9. ЕМОТИВЕН ЗБОГУМ
10. ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ СО НАВИВАЧИТЕ