Викторија Плзен за прв пат во својата историја ја освои шампионската титула во Чешка во сезоната 2010/2011 и потоа во плејофот за ЛШ го мина Копенхаген, клубот кој вечерва му гостува на Вардар на Телеком арената (ете уште една коинциденција).
Во групната фаза се паднаа со Барселона, Милан и БАТЕ Борисов, а од Барса загубија 0:4. Меси на тој дуел постигна хет-трик и ја мина границата од 200 голови. Звучи просто неверојатно, како завршија четворицата играчи од одбраната на Викторија Плзен кои беа во стартниот состав против каталонскиот тим на мечот кој се одигра на 1 ноември 2011-та.
Франтишек Рајторал 31 - десен бек
Играше за Викторија Плзен од 2009-та до 2016-та, а потоа направи трансфер во Газијантеп. На 23 април 2017-та беше пронајден мртов во станот во Турција, откако не се појави на утринскиот тренинг. По завршувањето на истрагата, се испостави дека се обесил. Претпоставките се дека откако раскинал со неговата долгогодишна девојка и неговиот пријател Даниел Колар си заминал од Газијантеп, неговата психолошка состојба се влошила.
Дејвид Бистрон 34 - централен бек
Покрај Викторија Плзен, чешкиот дефанзивец играше и за Левски Софија и Сигма каде ја заврши кариерата во 2015-та. Сепак тоа не беше неговото официјално повлекување од терените бидејќи потоа заигра за два аматерски швајцарски клубови. На 19 мај одинава се обеси во својата куќа во Швајцарија.
Маријан Чишовски 37 - централен бек
Словакот Чишовски е член на Викторија Плзен од 2011-та, но во 2014-та му дијагностириаа склероза АЛС која предозвикува атрофија на целото тело. Кога следната година Викторија ја освои титулата, клубот на иницијатива на тренерот му ја посвети нему.
Дејвид Лимберски 33 - лев бек
Има 40 настапи за Чешка, а играше и за Модена, Тотенхем и Спарта Прага. Ден пред натпревар избега од хотел, се начука, направи сообраќајка, а по неколку недели вака прослави гол:
На 1:34
Потоа одглуми пенал со кој Викторија ја победи Спарта Прага. Тројца од четворица чешки навивачи го мразат.