Фудбал

Патрис Евра има рецепт како да не го мразите понеделник

Додека некои пафтаа скари, некои протестираа, утрото на 1-ви мај, левиот бек на Марсеј Патрис Евра се обрати од својот автомобил: „Не сфаќам како луѓето не го сакаат понеделник. Ќе престанете да го мразите понеделник после видеото од мојот Инстаграм“.

Двајца глумци на колото

Натпреварите Ватфорд - Ливерпул и Рома - Лацио од викендов ни ги донесоа двајцата симулатори на фаули кои се ништо друго освен еден лош пример за тоа како на треба во фудбалот. Стротман изнуди пенал на римското дерби откако се сопна од воздухот, а Лукас Леива доби жолт картон за глума.

Форест Грин - највеганскиот клуб на светот

Во битката за пласман во повисок ранг, петтолигашот Форест Грин веќе извојува неколку победи од кои една е најважна: Почетокот на изградба на дрвен стадион, во склад со нивното веганство.

НапреТ Престон Лајонс Македонија и среќен 70-ти роденден

Освен ФК Вардар оваа година е јубилејна и за уште еден македонски клуб каде исто така беше тренер Андон Дончевски. Се работи за Лавовите чиј тренер се вика Лупче, а претседателот им се презива Груевски. Имаат некои хард кор моменти, ама нека им е честито.

Мистериозното самоубиство на чешкиот репрезентативец Рајторал

Чехот Франтишек Рајторал (31) кој играше за турскиот Газијантепспор минатата недела бил пронајден мртов во својот дом, а истрагата покажала дека се работи за самоубиство. Сега се поставува прашањето кои се причините?

Дарио Срна одржа лекција по верност

Посреќен ќе бидам да ја освојам титулата во домашното првенство со Шахтјор, отколку да освојам Лига на шампиони со Барселона, изјави хрватскиот репрезентативец и ги закопа сите фудбалери кои се лакомат да одат во поголеми клубови за повеќе пари и трофеи.

Прво државата да ни пркне па фудбалот

Десетици илјади луѓе веќе еден месец протестираат низ улиците на Венецуела и бараат заминување од власт на претседателот Мадуро. На последните протести имаше околу 40 повредени. На фудбалерите не им е воопшто сеедно за ситуацијата. Се солидаризираа на свој начин.

Незаборавното одење кај Варди на гости

Имаше три кола до крај. Лестер одигра 1:1 на Олд Трафорд, а Челси следниот ден на 2 мај му гостуваше на Тотенхем. Лондонското дерби се гледаше кај Варди дома. На полувреме беше 0:2, но Кејхил во 58-ма и Азард во 83-та ги поставија конечните 2:2. Раниери тој ден замина во Италија на ручек кај мајка му, а неговите момци станаа шампиони и урлаа од радост. Оваа домашна забава ќе остане историска за Лестер и Премиер лигата.

Лорд Бендтнер се врати на голема врата

Данскиот напаѓач во моментов игра во Норвешка за Розенборг, екипа на која ѝ донесе три бода од мечот со Сарпсборг со фантастичен гол.

Страшен гол на Емре Чан од Ливерпул

„Црвените“ од Енфилд вечерва гостуваат кај Вотфорд, а резултатот во 47’ минута од првиот дел го отвори Емре Чан со неверојатни ножички.

Му тргна на Пандев, нов погодок во Серија А

Откако ја прекина долгата серија и пред две кола против Лацио го постигна дебитанскиот гол во првенство за Џенова каде игра втора сезона, македонскиот напаѓач стрелаше во 43 минута против Киево.

Задоволството да го гледаш Меси на мал простор

За него речиси сè е кажано, така што можеме да бидеме среќни што живееме во ера кога Аргентинецот од коло во коло, од викенд до викенд прави чудесии. Неговата способност да се потпишува со фудбалот на мал простор го прави најголемиот на сите времиња.

Мистер Анчелоти е кралот на Европа

Еден од најтрофејните светски тренери, Карло Анчелоти направи редок подвиг откако стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој освојувал титули во четири од петте најдобри европски лиги.

Колку само ќе му фали на Баерн ова играчиште

По 22 години живот во Баерн Минхен од кои 15 во прв тим, за Филип Лам ова беше последна титула со Баварците бидејќи по завршувањето на сезоната му кажува збогум на фудбал. За легендата ова е 8-та титула во Бундеслигата и вкупно 21 трофеј. Ќе биде запаметен како бек и пол. Го пробаа и во среден ред во времето на Гвардиола. Еве како се најде.

Баварската машинерија газдува во Бундеслигата со пет титули по ред

Со убедлива победа од 0:6 на гости против Волфсбург, Баерн Минхен е старо-новиот шампионат во Бундеслигата. Избраниците на Карло Анчелоти го искористија киксот на Лајпциг и предвреме ги разрешија дилемите околу трката за титулата.

Сте ги замислиле ли Ибра и Руни со очите на Озил?

Компани, Коста и Агуеро не се лоши, Венгер ко Венгер, ама другиве се за никаде. Златан Ибрахимовиќ да не ти се појави во темница ваков. Си немале работа SPORTbible па земале да си играат со Месут Озил на монтажа.

Да се одмориме малце од Роналдо и Меси

Океј, никој не ме гледа, коли нема, пушти музика да ви покаже батко ви како треба. Ако сум дебел не значи дека не знам како со топката.

И сега гол е или не е гол?

Пеналџијата биеше силно и прецизно по земја баш онака како што треба. а голманот одличен ама и тотално несреќен. Жолтите се радуваат, што значи дека голот е признат.

Интересна ангегдота за трансферот на Ето во Интер

Една од најпознатите трампи меѓу напаѓачи од светска класа беше онаа која ја направија Интер и Барселона пред 8 години, која многу поскапа излезе за Каталонците. Зад таа зделка се крие и една куса приказна која лично ја раскажува Ето.

Тагни си го другарчето кој го има направено ова

Тагнувањето важи за сите вие кои имате другари кои обично во маало играле во одбрана, а вие во напад и често ви мрчеле кога не сте можеле да дадете гол, па се обиделе да ви покажат.

10 карактеристики на просечен фудбалер во македонско првенство

Не се фаќаме/фаќајте за тоа дали ова е профил на фудбалер од македонска прва, втора или трета лига, иако според муабетите кои се слушаат за некои клубови може да биде и прва. Одиме со ред:

Диего Ел Чоло Симеоне каков што не сте го знаеле

Каде и да играл или да бил тренер, викал, пцуел, урлал, но никој никогаш не му замерувал затоа што тоа го правел како мотивирачки лидер кој способностите ги наследил од баба му од која најмногу се плашел. Ова е сторијата за најдобриот аргентински тренер.

Спиеш ли мирно Леонардо Ди Каприо?

На дуелот од реваншот на грчкиот Куп меѓу АЕК и Олимпијакос, гостинскиот фудбалер Карим Ансарифард покажа дека комотно би можел да глуми во некој игран филм. Главна улога, не споредна.

Најфраерската петица на Гути

Заборавете ја голеадата од синоќешниот меч меѓу Депортиво Ла Коруња и Реал Мадрид и вратете се на едно нивно друго соочување од минатото. Некои работи едноставно не ги прават ниту Меси, ниту Роналдо, ниту Роналдињо. Прво треба да ти текне, второ да не си себичен и трето да имаш очи на грбот. Ова е неповторливо.