Разликата меѓу Милан со и без тие 200 милиони за засилувања

Купија нови играчи колку што сакаат и се ослободија од тие што сметаа дека им се вишок. Имаат многу богати газди, надежен млад тренер, верни навивачи кои силно ги поддржаа во тоа што го сработија во летниот трансфер период, но пак не им оди.

Новото раководство на Милан изгледаше дека летоска ја заврши работата во Милан на најдобар можен начин, за таа да резултира со нови ветришта кои ќе дувнат во клубот кој веќе неколку сезони е под нивото.
 
Но во таборот на Росонерите и натаму нешто не штима, а дали тоа се должи на неуиграност, погрешни одлучи на тренерот во составувањето на тимот или можеби не баш добар избор на засилувања, рано е да се каже.
 
Како и да е, Милан е многу послаб од тоа што очекување и во моментов има двојно помалку бодови од лидерот во Серија А. На последните 7 меча во двете натпреварувања има 3 порази, 3 нерешени и само една победа, како и 6 дадени и 8 примени голови.
 
Доволен приказ за нивниот блед старт во домашното првенство е споредбата со тоа како стартуваа минатата сезона и колку бодови освоија тогаш, а колку сега со огромната сума на пари која ја потрошија за засилувања.  И покрај тоа што се први на табела во групата Д од Лига Европа со 8 бодови, сепак овие статистички податоци не се баш пријатни за читање. И на двете средби со АЕК одиграа 0:0.
На социјалните мрежи беше бурно по синоќешното реми со Грците.
 
Како реагира Миланист после АЕК - Милан.
 

Грчки плач.

Очекувал убав меч.

Се обидува да сфати зошто Монтела сè уште не е отпуштен.

Помош

3 ноември 2017 - 13:59