Најсрамната судиска грешка во историјата на Лига Европа
Фудбалерите на Стеауа Букурешт имаат тотално право да се бунат во УЕФА и да испратат едно 100 жалби за една од најконтроверзните судиски одлуки во поновата историја на фудбалот. Одиграа 1:1 со Хапоел Бер Шева и не добија очигледен пенал по кој требаше да следува и црвен. Главниот судија и тој позади гол од близу видоа што точно се случи и при четири очи се направија слепи. Неверојатно.