Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев низ кариерата неколку пати го натера најдобриот голман на светот да ја вади топката од својата мрежа. Четири пати во дресот на Лацио и еднаш како играч на Наполи. И секогаш му даваше убави голови. Нека биде така и вечерва од 20:45 во Торино.
Аргентинецот Рикардо Гарека е селектор на Перу, репрезентација која што игра одлични квалификации и после цели 36 години е на пат да обезбеди пласман на Мундијал. Од друга страна, Меси и компанија...
Со Меси, Дибала, Ди Марија, Игуаин, Лавеци и Икарди нападот на Аргентина треба да дроби, а замислете тие имаат само 6 победи на 17 квалификациски средби. Кикснат ли на следната, Светското ќе го гледаат кај Меси дома со пуканки.
Направи трансфер од Интер во Реал за сума од 46 милиони евра и уште првиот ден ги сруши сите рекорди во продажбата на дресови. Во тоа време тој беше опсесија за навивачите и дојде како тазе светски првак со Бразил. Влезе во Галактикос ерата сосставена од Зидан, Фиго, Бекам, Раул и Карлос и за 5 сезони постигна 104 гола. Дебитираше на денешен ден пред точно 15 години со два гола против Алавес.
Искрено воопшто не им ја контаме идејава на момциве кои ставиле двајца нивни играчи да клечат пред поставениот жив ѕид. После ова што го направија не веруваме и дека некогаш повторно ќе ја повторат.
Дербито меѓу Барса и Реал не е само фудбалски натпревар. Тоа е битка меѓу две идеологии со длабока историско политичка позадина во која главен актер е сојузникот на Хитлер и Мусолини. Тие што вееле каталонско знаме на стадион, ги пикал во затвор.
Откако неколку пати се сопнаа на патот кон Светското, фудбалерите на Аргентина предводени од Меси и селекторот Сампаоли немаат право на кикс против пријатното изненадување Перу.
Репрезентативците на Русија деновиве се спремаат за пријателските со Јужна Кореа и Иран а за време на тренинзите голманите бранат со темни наочари за сонце. Зошто?
Милан има прилично лош почеток на сезоната, екипата е во пад на форма после неколку порази, но во секое лошо има и добро па така Росонерите во Франк Кеси добија големо засилување и неочекуван лидер.
Лигата на шампионите не може да биде иста без оваа епска химна која кога ќе згрми, на човек му поминуваат морници. За нејзе зборуваат композиторот Тони Брајтен, потоа Силва, Меси, Суарез, Куртоа и Зидан. Белким ќе дочекаме да ја чуеме на Градски.
Уште две кола нè делат до крајот на квалификациите за Мундијалот во Русија а после нив ќе се игра и ужасно тешкиот бараж во ноември, последно скалило на патот кон Светското. Скенираме на кој што му треба до крајот.
За да умееш да задржуваш време треба да те бива. На пример Џиџи кога зема залет да ја изведе, прво ќе ја крене раката едно 2-3 пати, демек еве сега. Ама тоа е Италија, а ова Танзанија и играње со оган.
Кога по 7 минати кола во Ла Лига, Реал е петти, а Барса му бега 7 бода, тогаш јасно е дека нешто не штима кај Кралевите. Тие се освојувачи на двете последни изданија во Лигата на шампиони и едноставно недозволиво е клуб од таков калибар вака да ја стартува новата сезона.
На 11 години со ранец на грбот го испратиле сам од родниот остров Мадеира во големата метропола Лисабон каде му било тешко без најблиските. Денес на копачките има изгравирано зборови и последната работа што ја прави пред да истрча на терен е да ги прочита: „Сонот на малиот“.
Славната „Ла Бонбонера“ во Буенос Аирес, што нема преживеано во изминативе 77 години откако е изградена. Арно ама оние кои стапанисуваат со неа не е лошо да ја погледнат состојбата во која се наоѓа домот на Бока Јуниорс на кој лудуваат 50.000 навивачи. Па од челик да е ќе попушти после толку време и со толку темпераментни навивачи.
Во 2000-та година од Најк ептен влегле во филм, ама ептен. Смислуваат една невозможна мисија која трае 90 секунди и во која задача од Луј Ван Гал добиваат Бироф, Таката, Турам, Тоти, Давидс, Фиго и Гвардиола.
Уругвајската гол машина кој пред 4 години направи трансфер од Наполи во ПСЖ за 64 милиони евра, пристина на Сицилија од тимот Данубио од Монтевидео за 4,5 милиони евра. Дебитираше на 11 март 2007-ма против Фиорентина. Палермо губеше 0:1 и во игра го стави 20 годишниот Кавани кој по 15 минути фудбал во Италија постигна голчиште кое Сицилијанците уште го зборат.
Фудбалерите ќе носат дресови со нејзиното име, а инаку нема детали за тоа кои ќе бидат нејзините обврски спрема клубот и фудбалерите и дали е можно некое изненадување во случај на трофеј.
Леванте има два порази по ред во шпанското фудбалско првенство, но и покрај тоа медиумите од уста не го вадат Барди. Со 3 гола од кои 2 мајсторски од слободен удар тој е најдобар стрелец во Ла Лига меѓу играчите од среден ред. Изборот е на Скај Спортс.
Трет стрелец во историјата на Сампдорија каде повеќе го сакаат од Манчини, Верон и Џанлука Вијали. Три пати паѓал на допинг-тест поради кокаин. За Фиорентина вели дека му била жена а Сампдорија љубовница.
Зад името на нашиот капитен се кријат многу големи натпревари на кој бил јунак, а овој е посебен бидејќи е меч од Лига на шампиони против фаворит кој не сака да чуе ништо друго освен победа. Горан Пандев - Руд ван Нистелрој 2:2.
На видеото го гледате Хозе Мануел Морено (1916-1978) познат под прекарот „Ел Кјаро“. Се работи за првиот играч во историјата кој освоил титула во 4 различни земји (Аргентина, Мексико, Чиле и Колумбија). Многумина кој го гледале, го сметаат дури и за подобар од Пеле и Ди Стефано. Во 1999-та го сместиле на листата на топ 25 играчи на 20-ти век. Инаку познато е дека многу пиел, пушел и пропуштал тренинзи, иако на видеово не изгледа така. Човекот владеел со топката.
За тренинзите на Пеп Гвардиола се зборува дека биле многу напорни и неподносливи за дел од ѕвездите на Баерн Минхен. Арно ама неговиот наследник имал многу релаксирачки пристап кој им сметал, па фатиле сами да тренираат.