Беше професор, доктор, учител, уметник и не знаеме веќе што за фудбал. Човек кој играта со топка ја негуваше до совршенствно. Кога Зидан везеше во среден ред, тоа го правеше како е е најлесната работа на светот. Ќе се роди ли повторно ваков мозок?
Почна да ја негува Фергусон пред неколку години, а на средбата со шише вино после натпреварите, тренерите дискутираат за тактиката, за перспективата и општо за животот. Само Венгер не пие никогаш со противничките тренери.
Гвардиола е еден од последните тренери кој новогодишниот распоред во Премиер лига го нарече катастрофален за играчите, но се запрашал ли некој како им е на судиите кои киснат по патишта и глават на стадион скоро колку едно работно време од 8 часа.
Ли Изи кој настапува за тимот на Кармартен Таун во првата фудалска лига во Велс, ја стартуваше 2018-та со својот прв гол во кариерата кој ќе го раскажува на внуците. Тој ја рогна до небо и потоа го чекаше исходот кој го дозна со задоцнување.
Фудбалерите на Тотенхем и Вест Хем одиграа здодевен натпревар на кој скоро пола стадион беше празен, а до 70-та минута мрежите мируваа. Потоа паднаа два проектили кои ќе конкурираат за гол на сезоната во Премиер лига
Марио Балотели и неговата прва будалаштина во 2018-ма. Го победил брат му на ФИФА, ама овој не сакал да го признае поразот, па ги насамарил Нејмар, Фалкао и компанија сите заедно да го тролаат брат му дека е лажго. Вакво нешто би му текнало само на Марио и никој друг.
Додека неговите колеги објавуваа слики од мирна домашна атмосфера со богата трпеза, Раџа Наинголан за дочекот на новата година лудуваше како тинејџер. Спортскиот директор на Рома се појавил бесен.
За ирскиот репрезентативец важи маалската ’Па како ќе добиеш ако не играш’. Додуше не играл ни тој, туку чичко му уплатил па му го дал тикетот како подарок.
ВАР го уништува тоа малку од убаво што остана во нашиот фудбал, се вели во еден коментар на навивач на Торино кој со право критикува, нешто кое веќе е малку да помине само со критика.
Арсенал и Челси синоќаа одиграа 2:2 во меч од Премиер лигата и сите 4 гола паднаа во второ. На вакво дерби, да добиеш ваква топка и да не ја искористиш може да ти простат само ако си бек, а и тоа тешко.
Бергамашите го направија најголемото изненадување во досегашниот тек од Купот на Италија и после 22 години се пласираа во полуфиналето каде ќе го чекаат подобриот од мечот Јувентус - Торино. Аталанта славеше 1:2 а вториот гол го даде Папу Гомез чијшто син знаеше како тато ќе го слави голот.
Игуаин 90 милиони, Роналдо 94 , Бејл 100, Погба 105, Дембеле 105, Мбапе 180, Нејмар 222 се најскапите 7 трансфери во историјата, кои замислете заедно прават сума од скоро 900 милиони. Тоа се историски моменти со доза на забеганост, кои никогаш нема да бидат поубави од оваа приказна.
За да го разберете фудбалот на Пеп Гвардиола потребно е да го гледате малиот Јозуа Кимих - дете на Штутгарт којшто во моментов е најдобриот играч на Германија и Баерн Минхен. А му викале дека е мал и дека нема да успее.
Колку и да имаат пари за да ги намачкаат бутовите со најдобрите масти и мозок за тоа како и колку да се загреат и да ја темпираат формата, сепак не се роботи. Распоред им е до толку кнап, што ќе ги замразат празниците од премногу играње фудбал.
Роналдо, Меси, Нејмар, Мбапе, Погба, Балотели, Лавеци, Дани Алвеш, Рибери и компанија многу добро знаеме како играат фудбал, ама не знаеме баш што прават кога не играат фудбал. Изборот на годината со нивни будалаштини и заебанции е о д л и ч е н.
Не е само Боксинг деј празник на кој Англичаните знаат да се изнапукаат со голови. Внимавајте како ја почнаа годината фудбалерите на Фулам и тоа со помош на дете родено 2000-та година за кое гризат Реал и Манчестер Јунајтед.
Со головите на Кастање и Папу Гомез, најголемото изненадување во Италија сезонава го направи неочекуваното и го исфрли Наполи од Купот сред „Сан Паоло“. Наградата стигна доцна вечерта од своите навивачи дома. Аталанта се пласираше во полуфиналето на Копа Италија после цели 22 години.
Премиер лигата се формираше во 1992-ра и веќе следната година добија 20 секунди фудбал кој ако ги погледне човек ќе помисли дека гледа аматери. Фудбалерите на Манчестер Сити се бранат против КПР на најочаен можен начин и прават грешки како тој ден прв пат да гледаат топка.
Роберт Хут е Германец со најмногу настапи во Премиер лигата. Таму е од 2001-ва и има играно за Челси, Мидлсброу, Стоук и Лестер. Тој е автор и на удар кој може да се објасни само со тоа што го прочитавте во насловот. Се случи пред 2 години и тешко дека ќе се повтори.
Мундијалот во Русија кој стартува на 14 јуни налага побрзо завршување на сезоната, а тоа значи позгуснат распоред во домашните првенства. На Наинголан изгледа му е преку такво од фудбал без пауза, па реши да се опушти.
Во годината со која се поздравивме имаше многу настани кои ќе се раскажуваат уште долго време. Прошталните средби на Тоти и Чаби Алонсо, хет-трикот на Меси за пласман на Светско, смешниот Мамаду Сако, голманот на Мајнц и уште многу други.