Најтажниот твит на Сантијано Кањизарес

Легендарниот шпански голман на Реал Мадрид и Валенсија се соочи со огромна трагедија откако неговиот син почина од рак на 5 годишна возраст.

За долгата борба со тешката болест на малиот Санти се знаеше во Шпанија и откако тој не успеа да ја победи Кањизарес синоќа ја соопшти јавноста на Твитер.

„Мојот син Санти почина. Мислам дека треба да ве известам во знак на целата поддршка и љубов што ја добив од вас. Си замина опкружен со мир откако ја разбра својата мисија во овие пет години во кои беше со нас“ .

Сантијаго Кањизарес настапуваше 10 сезони за Валенсија со која освои 8 трофеи, а претходно 4 сезони ги бранеше боите на Реал Мадрид каде го крена пехарот во Лига на шампиони.

Тој има уште три деца, а едно од нив има 15 години и е дел од школата на Реал.

24 март 2018 - 15:28