Како и на многу средби сезонава во Ла Лига, така и против Еибар, Реал се намачи да стигне до трите бода, a и покрај двата гола на Кристијано Роналдо, моментот на мечот го имаше капитенот Рамос.
Карло Летица сезонава не бранеше многу за Хајдук. Важи за резервен голман кој запиша само неколку настапи но и покрај тоа шпанските медиуми пренесоа дека Реал Мадрид сака да го купи што поскоро.
Вака го гледаш висок и корпулентен и мислиш дека е од оние тешкаши кои само чекаат топка во шеснаесетник за да ја боцнат во гол. Ама Босанецот е многу повеќе од тоа. Работи одлично и со десна и со лева и постигна многу голчишта надвор од шеснаесетник.
После четири мачни години Фулам со сите сили се бори пак да се врати во англиската Премиер лига. Еден од главните творци на враќањето во елитата може да стане 17-годишниот Рајан Сесењон, дете на клубот и иднина на англиската репрезентација.
Ако по Зинедин Зидан треба да избереме играчиште број 1 од среден ред од тоа време со техника, преглед на игра, дриблинг и елеганција во движење, тогаш одиме со честитки. Среќен 43-ти роденден, Хуан Себастијан Верон.
Човек со годишна плата од 10 милиони евра се качи во Фиќо замислете. И тоа не било кој, туку еден од најплатените дефанзивци во светот, ако не и најплатен. И што е најважно, убаво му е.
Колективната тага во Италија, особено во Фиренца за ненадејната смрт на Давиде Астори кулминираше на вчерашниот погреб. Ковчегот го извадија на плоштад, а навивачите на Фиорентина го поздравија капитенот на Фиорентина како што тоа го правеа на Артемио Франки.
Не знаеме дали му успеало од прва, ама битно ја даде и тоа од две позиции. Македонскиот фудбалски бисер се надеваме дека не ја згрешил професијата. Пазете сега.
Македонскиот репрезентативец одигра 90 минути во триумфот на „Лавовите“ од Лисабон против Викторија Плзењ од 2:0. Марсеј ја отвори вратата од четвртфиналето на Лига Европа.
По серија од четири порази во низа, Арсенал ја прекина кризата со голем триумф над Милан на „Сан Сиро“. Атлетико Мадрид со една нога пласиран во четвртфинале откако ја прегази Локомотива Москва.
Базиликата на Светиот Крст во Фиренца утрово била премала да ги прими сите кои дошле за последен пат да се поздрават со капитенот на Фиорентина и италијански репрезентативец Давиде Астори.
Го купија Нејмар за енормни 222 милиони евра и го позајмија Мбапе со опција да го откупат за 180 милиони. Ова само прошлото лето. Се потурија од давање пари. За што?
Столбот на одбраната на Јувентус. како и секогаш беше еден од најдобрите поединци на мечот против Тотенхем кој го елиминираа во ЛШ со херојски пресврт. Но мислите по мечот му бегаа на следниот тежок ден.
Во недела би требало да стартува норвешката фудбалска лига ама како им се запнал снегот, ништо чудно да одложат. Еве како изгледа стадионот на екипата Старт од градот Кристијанштад.
Џиџи Буфон и Џорџо Кјелини се вистинското лице на Старата Дама без кои Јуве не би бил Јуве. Играат со срце и муда и затоа прават пресврти во Лига на шампиони. Познатата парола на Јувентус „Fino alla fine“ (во превод: до крај) пресликана во потегот на Џиџи.
Во 33' минута од реваншот Тотенхем - Јувентус, италијанскиот репрезентативец направи голема глупост врз Кореецот Сон и право чудо ќе биде ако не го казнат за безобразието. После неколку минути Сон му избега и го постигна водечкиот гол.
Дваесет и второ коло од босанската Премиер лига, дерби меѓу Борац Бања Лука и Зрињски од Мостар. Конечен резултат 1:1. Услови за игра - како да ви кажеме.
Тотенхем речиси два часа од двомечот против Јувентус имаше игра, резултат, шанси, предност. Ама тоа ништо не им значи затоа што „Старата дама“ од два шута во две минути даде два гола и го реши патникот во следната фаза.
Ретко кој го памети времето кога Реал Мадрид цели осум години не можеше да пројде во четвртфинале на Лига на шампиони. И само што се понадеваа ги снајде Рој Макај.
Фудбалска војна. Знаеме дека овој термин се појавува на денот на дербито меѓу Ривер и Бока, Фенербахче и Галатасарај или кога навивачите на Селтик одат во другиот крај на Глазгов. Но...