Фудбал

Голманска грешка која не проаѓа ни на маалски фудбал

Марк Флекен кој брани за германскиот второлигаш Дуизбург, ништо чудно да окапе од седење на клупа до крај на сезона поради казна. Ние не паметиме до сега некој голман да пие вода во ситуација кога голот му е загрозен. Бисер на годината.

Трагикомична судиска одлука во скопското дерби

Фудбалерите на Работнички го совладаа Вардар со 2:1 во дербито на колото во првата македонска лига. Ах колку ни е мизерна таа наша лига која веќе ни семкарите не ја следат. Дејан Блажевски зема да се витка и да се држи за колено како да го тепале со шипка, а голманот на Работнички, Даниел Божиновски доби црвен картон за ништо. Уште почудно е што главен судија на мечот беше Александар Ставрев.

100 македонски таленти ќе се калат со тренери од Јувентус

Од 2-ри до 7-ми април годинава, Македонија за прв пат во историјата ќе има привилегија да го нагости 35 кратниот шампион на Италија кој ќе одржи камп  на стадионот „Македонски лавови“ во населба Хром. Отворен е за деца од 5 до 17 години. Бројот на учесници е ограничен.

Турбо фолк грми во соблекувалната на Алавес

Младиот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Ермедин Демировиќ сезонава е еден од подобрите играчи во Алавес. Неодамна му се приклучи уште една дилајла, Швеѓанецот Џон Гвидети кој смени сто клуба и кој знае да збори и балкански.

Единствениот човек кој го одбил Реал Мадрид

А треба да биде премногу дрзок да ја одбие и таа понуда - фактички последна шанса да ја заврши кариерата достојно, а не во Лига Европа. Но, којзнае, можеби и Арсен ја слушнал приказната дека со Флорентино е убаво да се дружиш, но не и да работиш.

Твит на денот на Турците кои навиваат за Беневенто

Италијанскиот прволигаш кој се прослави во Европа откако му откина бод на Милан во 96-та минута токму на дебито на Гатузо, а претходно три и пол месеци губеше од кој стигне, го следат и Турци. Ама многу Турци и тоа повеќе од Италијанци.

Газдата на Остерсунд како Нострадамус

Младиот претседател на чудесниот шведски клуб Остерсундс, пред еден месец на гала вечер по повод доделување награди на најдобрите спортисти во Шведска во изминатата година, рекол: „Ќе го победиме Арсенал“. И го победија.

Мега дерби Милан - Арсенал, Ристовски против Плзен

До крајот од денешната ждрепка се очекуваше да се види против кого ќе играат гигантите а на крајот едни од главните фаворити паднаа меѓу себе.

Остерсунд - клубот кој “без историја и идеи“ ја освои Европа

Самите за себе велат дека немаат историја, традиција, култура и ниту пари за привлекување играчи. Но тие најдоа метод поразличен од другите, а тој им помогна од четвртолигаш да стигнат до топ 32 во Лига Европа.

Преживеа ли бе дете?

Стеауа Букурешт не помина пријатно на Олимпико бидејќи прими 5 парчиња како одмазда за поразот на Римјаните на првиот дуел. Ама најнепријатно му беше на Алесандро Мурџа, 21 годишниот играч од средниот ред на Лацио кој на Инстаграм си го постираше ова:

Нека дојде кој сака, со корнер знаменце ќе се бранам

На мечот од Копа Либертадорес за играчи до 20 години меѓу младинците на Ривер Плата и еквадорскиот Индепендиенте Дела Вале настана хаос а од целата гужва најхрабар излезе бројот 17 кај Еквадорците Анхело Пресиадо.

Арсенал изгуби дома од Остерсундс, Дортмунд во осминафинале

Фудбалерите на шведскиот Остерсундс дефинитивно ја одбележаа сезонава во Лига Европа откако по феноменалните историски резултати во групната фаза беа пред чудо и сензација против лондонски Арсенал. Поведоа 0-2 на Емирати, но „Топџиите“ се спасија на крај.

Прилепчанецот нарачал дрес од голманот на Манчестер

Откако како гром загрме веста дека Прилепчанец фатил преку половина милион евра, целиот Балкан на големо пишува за мајсторот од градот под Маркови кули. Ване даде интервју и за компанијата која што ќе му исплати вреќи пари.

Ристовски оди понатаму со Спортинг, Лацио ја демолираше Стеауа

По убедливиот триумф на гости против Астана, Спортинг Лисабон вечерва ремизираше 3:3 против тимот од Казахстан и оди во осминафиналето на Лига Европа. Нашиот репрезентативец одигра одлични 90 минути.

Во Египет веројатно падна голот на сезоната

На мечот Ал Итихад - Енпи од египетското првенство кој заврши 1-1, домаќините поведоа со неверојатниот гол на Калед во 63’ минута. Сигурно влегува во најтесен избор за гол на сезоната.

Реакцијата на Фердинанд, Сколс и Лампард за одбраната на Де Хеа

Страшниот голмански рефлекс на чуварот на голот на Јунајтед не остави никого рамнодушен. Тројцата легендарни англиски фудбалери кои во студио го следеа синоќешниот дуел меѓу Севиља и Манчестер Јунајтед му аплаудираа на Де Хеа, а Рио скокаше навивачки.

Врвна најава за француското дерби!

Благодарение на тренерот Руди Гарсија, Олимпик Марсеј после неколку сезони се враќа на старите патеки и рамномерно се бори за врвот во Лига 1 а одлично игра и во Лига Европа. Вечерва го играат реваншот од Лига Европа против Брага каде бранат 3 гола, а во недела еве што ги чека во домашното првенство:

„Дојди да те гушне чичко Мурињо“

Мурињо покажа дека е голем стручњак зошто на така важен меч го седна Погба на клупа а го стави малиот Скот МекТоминеј во првите 11. Кога еден новинар се сетил да го праша за тоа, Жозе направи добар гест.

Споменик за Бруно Перес ако Рома оди понатаму со 1:0

Сите зборуваа за чудесната одбрана на Де Хеа кој го спаси Јунајтед од пораз на првиот осминафинален дуел од ЛШ со Севиља. Паралелно на другиот дуел во Доњецк се случи иста, па и бетер по откачена одбрана.

Pray for Umtiti

Самуел Умтити е Камерунец кој настапува за Франција и Барселона и кој нема грам фудбалско воспитување без разлика што е дел од толку славен репрезентативен и клупски колектив. Редно време е ФИФА и УЕФА да ги засилат казните за вакви пациенти.

Шахтјор со пресврт ја совлада Рома, мирољубиво во Андалузија

Фудбалерите на Шахтјор се изборија за голем пресврт на дуелот со Рома и можат да жалат што нема да патуваат со поголема предност во Рим. Алисон Бекер вечерва бранеше во стилот на неговиот колега Давид Де Хеа, кој не и дозволи на Севиља да реализира чисти шанси.

Алиоски полета како Супермен и даде гол со глава

Македонскиот репрезентативец го прекина три месечниот пост во Чемпионшип лигата. Тој му донесе водство на Лидс на гостувањето кај фаворитот Дерби од 1:2 во 79-та минута и тоа со атрактивен “билијард“ погодок, само две минути откако влезе во игра. Домаќините израмнија во 92-ра минута. Седми гол на Џани во дресот на Лидс.

Луда одбрана на Де Хеа

Ако Манчестер Јунајтед ја пречека Севиља на Олд Трафорд без примен гол на вечерашниот дуел, тоа ќе биде заслуга на фантастичниот Давид Де Хеа кој прикажа врвен голмански рефлекс од 2 метри.

Балотели го бараше Путин во Москва

Утре вечер француска Ница гостува кај Локомотив Москва на реваншот во Лига Европа. Првиот меч дома Французите го изгубија 2:3 иако водеа 2:0, ги чека тежок натпревар ама тоа не му смета на Марио Балотели да биде Марио Балотели.