Фудбал

Ако мислите дека сте виделе лош фудбалски терен

Дваесет и второ коло од босанската Премиер лига, дерби меѓу Борац Бања Лука и Зрињски од Мостар. Конечен резултат 1:1. Услови за игра - како да ви кажеме.

Луд пресврт на Вембли, Јувентус е во четвртфинале

Тотенхем речиси два часа од двомечот против Јувентус имаше игра, резултат, шанси, предност. Ама тоа ништо не им значи затоа што „Старата дама“ од два шута во две минути даде два гола и го реши патникот во следната фаза.

На денешен ден падна најбрзиот гол во Лига на шампиони

Ретко кој го памети времето кога Реал Мадрид цели осум години не можеше да пројде во четвртфинале на Лига на шампиони. И само што се понадеваа ги снајде Рој Макај.

Војната меѓу Салвадор и Хондурас која почнала поради фудбалски меч

Фудбалска војна. Знаеме дека овој термин се појавува на денот на дербито меѓу Ривер и Бока, Фенербахче и Галатасарај или кога навивачите на Селтик одат во другиот крај на Глазгов. Но...

Чудесна голманска одбрана

Агустин Маркезин од Мексико беше толку оддалечен од голот, што е нормално да помислите дека ова е 100% гол. На крај излезе дека тој е побрз од топката. 

Нема спиење за вас во овој град

Неколку навивачи на Војводина околу 3.45 после полноќ дошле пред хотелот каде спиеле фудбалерите на Црвена звезда и направиле голем огномет под наслов „нема спиење за вас во овој град“. Дербито Војводина - Црвена звезда се игра вечерва од 18.

Цел Енфилд да ти аплаудира треба да си Икер Касиљас

Не е исклучено дека легендарниот шпански голман синоќа за последен пат играше во Лига на шампионите - натпреварување за кое вели дека после долги години во најголемиот клуб на светот, сега го видел од еден друг агол како член на Порто.

Еврогол во Пехчево ко за Лига на шампиони

ФК Кит Го Пехчево против Брегалница Голак, трета македонска лига - исток. Александар Ѓеоргиевски од гостинскиот тим најверојатно после овој гол има добиено нов прекар: Роберто Карлос.

Голман симулираше фаул од судијата

Јохан Падила од Еквадор го направи најсрамниот и најбедниот потег, незапамтен во фудбалот. Ги следиме ние често пати кандидатите за оскар, ама е мизерија број 1. Прво задржуваше време за што доби жолт, а потоа се струполи на земја, мислиш судијата му го исчашил рамото.

Затишје во Париз, Реал е четвртфиналист

Екипата на ПСЖ која вечерва беше ослабена без најскапиот фудбалер во светот се покажа како немоќна и недорасната за да го елиминира актуелниот европски првак. Кралевите славеа и на реваншот. На другиот дуел на Енфилд мрежите мируваа.

Резиденцијата во која ќе се рехабилитира Нејмар

По операцијата на десната нога, Нејмар го започна закрепнувањето и неговиот кам бек се очекува за околу три месеци. Со тоа стартува и неговиот кралски живот без да има потреба да се поти, освен ако претера со лежење на сонце.

Мурињо преташе, преташе па се лизна

Манчестер Јунајтед синоќа го направи најинтересниот пресврт во Премиер лигата сезонава откако губеше 2-0 на гостувањето кај Кристал Палас а на крај славеше 2-3 со евроголот на Немања Матиќ во 91’ минута. Мурињо толку многу гестикулираше што во еден момент се лизна на тревникот.

Со Астори умре идејата за идеална среќа

Цела Италија, а и пошироко веќе трет ден тагува за капитенот на Фиорентина, но не бидејќи беше познат фудбалер, туку затоа што беше добар и млад човек, како и тазе татко кој не заслужи ваков крај. Фиорентина и Каљари го повлекоа неговиот дрес.

Детето со Осгут-Шлатерова болест кое заигра за Манчестер Јунајтед

За еден сер Алекс Фергусон да му се обрати на Мурињо и да му препорача дете, за него уште голобрад да се борат Шкотска и Англија, тогаш стварно треба да си бисер каков што е Скот Мектоминеј - новиот миленик на навивачите на Јунајтед.

Путин и Џани Инфантино жонглираа до 100 во знакот на СП 2018

ФИФА смисли ептен добра најава за да го потсети светот дека за 100 дена во Русија стартува најголемото фудбалско шоу на планетата. Ангажираше сè фаца до фаца од фудбалери, повеќето пензионирани, кои ја добија истата задача. Да жонглираат.

Географскиот атлас на Лионел Меси

Гол.ком направи интересна иконографика за најдобриот фудбалер на денешницата според многу параметри.

Гол со газ

Манчестер Сити сезонава ги потури сите во Премиер лига со 83 гола и сигурно ќе има преку 100 на крајот на сезоната. Уште ваков им фали, како на Стерлинг на тренинг.

Провокација на македонски фудбалер во стилот на Меси

Стефан Ашковски игра во одлична форма во втората холандска лига каде стигна до гол број 10 сезонава. Фортуна Ситард славеше 3:0 над МВВ Мастрихт, а откако нашиот фудбалер го постигна последниот гол на средбата, го навлече гневот на гостинските навивачи кои го гаѓаа со што ќе стигнат.

Јувентус има ѕид одбрана

Сте ги ѕирнале ли резултатите на Старата Дама на последните 20 средби почнувајќи од 22 ноември? Имаат 36 дадени и 3 примени гола во првенство, Куп и ЛШ. Од 20 мечеви Јувентус примил гол на само две средби. Тоа е игра во одбрана која со еден збор се вика доминација.

Емотивниот Марко од далеку плачеше за другарот

Поранешниот фудбалер на Фиорентина, Црногорецот Марко Бакиќ кој сега игра за Белененшеш во Португалија не го заборавил својот довчерашен капитен Астори. Синоќа на мечот против Виторија Гимараеш, Бакиќ во 70’ минута излезе од игра и го стигнаа тешки емоции за смртта на својот другар.

Сторија за фудбалскиот пат на Давиде Астори

Дискретен херој. Човек за кого големиот Џиџи Буфон вели дека имал витешки вредности. Тивкиот капитен Давиде Астори тивко го напушти овој свет.

Излези капитену од таа проклета соба, те чекаме на тренинзи

Рикардо Сапонара кој игра во средниот ред на Фиорентина на многу емотивен начин се прости од својот колега Давиде Астори кој почина ненадејно во неделата наутро во сон. „Врати се во Фиренца за да ти ја признаат добрината“, напиша Сапонара на Инстаграм.

Голман кој се презива Мочка даде гол во 96-та минута

Најголемиот јунак меѓу голманите ова коло ни доаѓа од албанското фудбалско првенство поточно од екипата на Теута која му извади 1:1 на Партизани во шестата минута од судиското продолжение. Херој на мечот е Штепим Мочка.