Фудбал

Како може да гледаме повторно финале Германија - Аргентина

Паралелно со Светското првенство во Русија ќе се игра уште едно натпреварување под името „Airport Cup“. Се работи за четири земји учеснички меѓу кои ќе престои голема неизвесна битка. Во преговори се да го променат местото на одигрување кое е закажано на писта во Москва. Полуфиналето можно е да се игра во Холандија, а финалето во Италија. Уживајте.

Сторија за бекот кој го одби Бразил за да игра за Русија

Марио Фернандез наполнил 18 години кога го потпишал првиот професионален договор со славниот Гремио, после што отишол далеку од семејството и бил на чекор од тоа да го напушти фудбалот.

Нема да ве апсиме, славиме за Хрватска

По пауза од 20 години Хрватска е во друштво на најдобрите 8 фудбалски земји во светот. Земјата е во транс и се слави во секое ќоше. Ако некој помислил дека овие ротациони светла се за бркање хулигани, се лаже. Така слави полицијата.

Син му на Ловрен е цар

Се слуша дека уште не знае правилно да ги изговара зборовите, ама битно е тип топ спремен за гледање со дрес и ја знае цела прва постава на Хрватска. Одиме:

Хрватска е во четвртфинале, Субашиќ полуд од Шмајхел

По нерешени 1:1 после 120 минути игра, репрезентацијата на Хрватска ја победи Данска на пенали и сега во четвртфиналето во Сочи ги чека домаќинот Русија.

Херојот Акинфеев ја испрати досадната Шпанија дома

Иако важеше за голем фаворит, селекцијата на Шпанија доминираше со играта, но од многу пимплање на топката одигра само 1:1 против домаќинот, а потоа загуби на пенали 4:3. Легендата на ЦСКА им ги фати ударите на Коке и Аспас.

Твитерџиите за слободните удари на Роналдо

Бидејќи во славеничката кореографија на головите влегуваат само стомачните мускули, Кристијано Роналдо на ова Светско кога шутира од прекин сака да ни покаже дека е развиен и на нозете. Тоа е сосема доволен материјал за Твитер заедницата.

На Роналдо и Меси им преостанува да се поздрават на аеродром

По елиминацијата на Аргентина, втората репрезентација која ги завршува настапите во нокаут фазата на Мундијалот е актуелниот првак на Европа, Португалија. Роналдо и Меси си заминуваат од Русија, а Франција и Уругвај остануваат за да се пробаат во четвртфинале.

Брутално јак трол за Меси

По денешната елиминација на Аргентина и сите тие перипетии и муабети за тоа кој уствари го водеше тимот на ова Светско, Гери Линекер се отвори на Твитер до даска.

Јунакот на Франција го донира хонорарот од Светско за деца со посебни потреби

Килијан Мбапе е главна ѕвезда на Светското првенство откако денес одигра маестрална партија и беше избран за играч на мечот против Аргентина. Но има уште еден прекрасен факт за него.

Реакцијата на француските коментатори за евроголот на Павар

„Пред една година никој во Франција не ме знаеше, а сега го живеам сонот“, изјави младиот 22-годишен десен бек на Штутгарт Бенжамин Павар чиј еврогол ја најави големата победа на Франција. Луда реакција имаа коментаторите на француската државна телевизија:

Мбапе ја разби Аргентина, седмица во Казан

Во најлудиот меч од досегашниот тек на Светското, Франција се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот откако со 4:3 ја совлада Аргентина која имаше водство од 1:2.

На Маноло му забраниле да влезе на „Лужники“ со тапанот, па ФИФА реагирала

Најлегендарниот навивач на светот кој ја бодрел Шпанија на седум Европски и десет Светски првенства, се расплакал што Русите му забраниле да влегува на трибини со својот сопатник, тапанот, па ФИФА морала да реагира.

Рекордни бројки од Мундијалот: Една селекција не прими гол, се досудија 20 пенали

48 натпревари кои ги одиграа 32 селекции на Светското ги одредија учесниците во осминафиналето. Не очекуваат уште интересни дуели и одговор на прашањето дали ќе гледаме средба меѓу Меси и Роналдо (ако Аргентина и Португалија ги поминат Франција и Уругвај).

Александар Коларов - ноќта во која се тресеше земјата

Последниот спортист кој во прво лице го раскажува своето минато за платформата „The Players' Tribune“ е капитенот на Србија и член на Рома. Коларов раскажува како се рушеле авиони во неговото маало и како се јачал со брат му за да стане тоа што е денес.

До таму ли стигнавме Јапонец да задржува време?

Во последните 10-15 минути од мечот Јапонија - Полска 0:1, Јапонците иако губеа, имаа пласман во следна фаза затоа што Сенегал кој губеше од Колумбија исто 0:1, полошо стоеше на фер-плеј табелата (имаа 6 жолти картони, а Јапонија 4), па „самураите“ си подаваа на средина од терен да не случајно направат жолт картон.

Неприкосновениот Бразил скоро 40 години владее во групна фаза

Бразилците не блеснаа до сега на Мундијалот, ама вака така го освоија првото место во групата, а тоа го прават во страшно долга низа од 10 пати по ред.

На Колумбиецот кој доби црвен му се заканувале дека ќе заврши како Ескобар

Мечот против Сенегал кој Колумбија го доби со 1:0 беше најголем испит во кариерата на 32-годишниот Карлос Санчез кој игра во шпански Еспањол. Неколку дена претходно се соочувал со закани по живот од малоумници на социјалните мрежи.

Кој со кого вкрстува со пополнет ексел

По 15 преубави дена фудбал во кои видовме 48 средби со доста ефикасна реализација од 122 голови или 2,5 по натпревар (0:0 беше само Данска - Франција), денеска ги одмораме очите од телевизор и сумираме да видиме што не чека понатаму.

Баба му се гледала со Фергусон а тој заигра за Ливерпул

Детето на Ливерпул и најголемата прогноза на Стивен Џерард полека но сигурно фрла малтер на својата позиција во репрезентацијата која ќе ја забетонира во следните години. Трент Алекасндер-Арнолд по Ливерпул сега се докажува и за Англија и добро му оди.

Германците може да се спасат за само 3 евра

По пауза од 1954-та година, Германците не успеаа да ја минат групната фаза, а тоа е рамно на трагедија за нив. 

Како стативата му врати на Батчуаи

Белгискиот центарфор доби шанса да игра цел натпревар додека Лукаку одмораше на клупата. Во еден момент како да се потскара со стативата која знаеше да му врати

Јанузај со еврогол ја прати Англија на Колумбија

Со натпреварите од групата Г заврши првата фаза од Светското. Белгија славеше и ќе оди на Јапонија а потоа, ако победи, на победникот од мечот Мексико - Бразил. Англија против Колумбија која веројатно ќе биде без Хамес Родригез.