Сте го слушнале ли вие Карло Ѕампа, човекот со гласни жици како женски сопран? Епа сабајлево е примен на оториноларинголог за да му кажат дали ќе може да го коментира следниот натпревар на Рома.
По пауза од 34 години Рома се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите. Барселона не е Беневенто, што значи ова е сосема очекувано славје во кое се најде и ќерката на Џеко.
Веројатно најлудиот твит некогаш напишан од страна на човекот кој е задолжен за официјалниот Твитер на Рома е овој вечерва после последниот свиреж на судијата. Рома - Барселона 3:0 и не знам што куцам на тастатурата.
Ако за некој натпревар сезонава во ЛШ треба да се каже чудо, тоа е вечерашното четвртфинале на кое Барселона е во нокаут. Загуби 3:0 и се збогува од Лига на шампиони. Во полуфинале со Рома, патува и Ливерпул кое одново го совлада моќниот состав на Гвардиола.
Светската фудбалска организација планира од октомври да направи неколку сериозни измени во фудбалот меѓу кои голема би била и забраната за позајмување фудбалери од еден во друг клуб.
Малиот клуб кој доаѓа од град со 60.000 жители и игра на стадион со 16.869 седишта е дефинитивно клуб со чудни контрасти. Редовно губи скоро секое коло од кој стигне, а на раат не ги остава екипите од горниот дел на табелата.
Во саботата Баерн го згроми Аугзбург со 1-4 и по рекорден шести пат по ред стана шампион на Германија. Шеста титула по ред во кариерата славеше и 21-годишниот Кингсли Коман.
Се сеќавате ли на македонскиот бисер кој na 7 години стапна во Ла Масија? Истото дете успеа да ги освои срцата и на италијанските тренери кои одлучија да го испратат на уште еден камп на Старата дама овој пат во Белград. Гранде Рене.
Првите 3-4 пати додека ја лупаат накај тебе не сфаќаш дека те местат. А кога ќе сфатиш веќе е касно и си испаднал. Тоа му се случи на Португалецот Бернардо Силва на тренинг на Сити.
Не зборуваме за Меси, Иниеста и Бускетс, туку за едно друго време со капитенот Јохан Кројф. Ова е пресек од реванш полуфиналето меѓу Барселона и Лидс во 1975-та на Камп Ноу пред 110.000 публика. Каталонците ги гледаме во едно нетипично издание со грди стартови. Малку е чудно што Лидс добија црвен, а не Барса, ама затоа Англичаните се пласираа во финале кое го загубија од Баерн.
Од трагичниот ден за Фиренца, тимот од овој град врза 5 победи по ред. Фудбалерите како да имаат некоја посебна мотивација и енергија која им ја дава другарот за кој ја оставаат и последната капка пот и на тренинзи и на натпревари. Сега тие мислат на него, како што тој мислеше на сите нив.
Мохамед Салах не е единствениот јунак од Египет кој ќе биде на светскиот фудбалски собир во Русија. Таму се очекува да има уште еден јунак кој се вика Мохамед и кој се надева дека ќе стаса, бидејќи има фора од 2 месеци и кусур.
Помладиот од браќата Бабунски, Доријан е дел од втората јапонска лига. Неговиот тим Мачида Зелвиа имаше негатива од 1:2 против Роасо Кумамото, но 21 годишниот Доријан влезе како џокер и го спаси својот тим од пораз.
Чиро Блажевиќ е жива 83 годишна легенда која има искусено 18 клубови и 5 селекции во кариера која му траеше 46 години. што значи има бајаги за раскажување. Плус е познат како тешка будалетинка.
Во англискиот чемпионшип играа Кардиф и Волвс, вториот и првиот на табелата. Гостите водеа од 67’ минута а домаќините добија два пенали во 93’ и 95’ минута во судиското продолжение. И бидна што бидна.
Баерн има многу легенди но Јуп Хајнкес е сигурно прв меѓу сите нив. Денес Баварците славеа шеста рекордна титула по ред благодарение на симпатичниот Јуп.
Ведран Ќосевски е роден е во Велес а веќе неколку сезони брани за сараевски Железничар чиишто навивачи го обожаваат. Пред неколку дена селекторот на БиХ Роберт Просинечки го стави на поширокиот список репрезентативци. Да не должиме, денес Ќосевски постигна страшен гол од 70-ина метри против Широки Бријег во 93’ минута!
Претседателот на клубот од Лисабон на својот Фејсбук објави дека суспендира 19 првотимци поради тоа што не ги прифатиле неговите критики за слабите игри и му вратиле со потпишано соопштение.
Прво во понеделникот направи ножички на тренинг, па после на Џанлуиџи Буфон му даде фантастичен гол исто со ножички за денес во тренинг-центарот на Реал во Валдебебас пак да ги потврди.
Со головите на Шелви и Перез, Њукасл го победи Лестер 1-2 на гости и освои важни три бода за продолжение од сезоната. Се бореа како ѕверови а се гледа дека тренирале и лизгачки стартови. Имаа пет во еден противнички напад.
Батали ја расправата за буџетот и законот за стечајците, дај кажи дали имаш дупликати за да се мењаме, бидејќи со нашиве плати “тешко“ дека ќе ги пополниме албумите. Иам, иам, иам, неам, иам, иам, иам, неам...