Батали ја расправата за буџетот и законот за стечајците, дај кажи дали имаш дупликати за да се мењаме, бидејќи со нашиве плати “тешко“ дека ќе ги пополниме албумите. Иам, иам, иам, неам, иам, иам, иам, неам...
Фејсбук страната „Вицови за душа“ не потсети и ве потсети на едно златно време кое на сите уште ни тлее во душа. Кој се нервирал кога треба да ја вади топката под жежок ауспух многу добро знае за што зборуваме.
Сите четири екипи славеа на домашен терен на првите четвртфинални средби од ЛЕ. Арсенал најубедливо, Атлетико и Лацио со по два гола предност, а Лајпциг минимално. Стефан Ристовски остана на клупа.
130 деца веќе четврти ден по ред се калат во Ѓорче Петров со тренери на најтрофејниот италијански клуб. Разговаравме со нивниот главен тренер Рафаеле Армароли кој ни ги објаснуваше методите на работа на Јувентус, а истакна и едно 14 годишно девојче кое најмногу му оставило впечаток.
Фудбалерот на Орашје Антонио Видовиќ постигнал два гола во триумфот на својот тим против Чапљина (3-1) во втората лига на Босна и Херцеговина. Еден од погодоците е ала КР7.
Што ли му се случи на стрелецот број 1 на Интер кој лани ја заврши сезоната во Серија А со 24 гола, а исто толку има и сега? Аргентинскиот голгетер на миланското дерби го направи промашувањето на сезоната, а во судиското продолжение се посрамоти уште еднаш.
По Реал и Баерн синоќа, голема работа околу пласманот во полуфинале на Лига на шампиони завршија вечерва Барселона и Ливерпул. Рома си даде два автогола, а Џеко е прв играч на „Волчицата“ кој дал 5 гола во една сезона од ЛШ.
Тивко пристигна од Бразил во Европа, ја чекаше својата шанса и ја дочека. Во моментов Алисон Бекер е еден од најдобрите голмани на светот по многу параметри.
Загревањето за вечерашните топ две четвртфинални средби од ЛШ не можеше да биде појако. Во 18:30 се среќаваат Интер и Милан во заостанат меч од Серија А. Одиме со еден маестрален потег на Феноменот пред 20 години во дуел со Себастијано Роси. Тоа дерби заврши 3:0. Резултатот го отвори и го затвори Чоло Симеоне.
Доверливиот готвач заврши во француската репрезентација, а таксистот менаџира спортски центар. Ова е потсетување на едно друго време со тренерот на Реал Мадрид кој не остави голем белег во Јувентус само како фудбалер.
Јужно-американците ја викаат чилена (chilena), Италијанците ровешата (rovesciata), Бугарите задна ножица, Хрватите шкарице, кај нас ножички. Кои се автори на најубавите голови на овој начин?
Ножичките не ги измисли Роналдо, туку тие се сега ин бидејќи ги направи Роналдо. Газета дело Спорт објави извонредна компилација со Крауч, Руни, Џоркаеф, Пруцо, Ибрахимовиќ, Ван Бастен, Виали и Пеле, за да не потсети кој сè се има испружено со оваа акробација.
Синоќа на двата четвртфинални дуели паднаа 6 гола ама целиот свет зборува за ремек делото на Кристијано Роналдо. Необично, пред истиот гол пробувал ножички на тренингот ден пред натпреварот со Јувентус.
Евроголот на Кристијано Роналдо против Јуве е топ тема не само во ЛШ, туку и меѓу едни славни дечки кои играат во МЛС и НБА лигата. А не дека Питер Крауч тресна зелена, бидејќи и он има дадено сличен со тоа штаките.
Кристијано Роналдо е првиот човек во историјата кој успеа да постигне гол на 10 меча по ред во ЛШ и тоа 15 комада. И тоа пазете има 21 гол само во четвртфиналињата исто колку цел тим на Јуве. Домашните навивачи покажаа целосен респект за неговото ремек делото со ножички.
Четвртфиналната вечер во Лига на шампиони ќе биде запаметена по долгиот аплауз кој навивачите на Јувентус му го приредија на Кристијано Роналдо за неверојатниот гол со ножички. Баерн ја освои Андалузија.
725 за Реал + 108 за Порто + 167 за Шпанија даваат точно 1.000 натпревари. Ете до толку стаса една од најголемите голмански легенди во историјата на фудбалот. Од најважното, може да се пофали со уште 385 средби без примен гол и 21 трофеј од кои 18 со Реал Мадрид и 3 со репрезентација.
Човекот кого низ годиниве наназад го обвинуваат дека редовно го паркира автобусот откако ќе пикнат неговите играчи еден гол, излезе дека е кумот на овој начин на игра познат кај Италијанците како Катеначо. Која иронија.
Во минатото „црвените ѓаволи“ имаа не баш малку капитени со силен, цврст карактер. Таков лидер денес нема во екипата која сезонава ја предводеа шест различни капитени.