Бразилскиот репрезентативец пред крајот од мечот меѓу Јувентус и Сасуоло (2-1) директно во лице одблизу го плукна Федерико Ди Франческо. Судијата повика ВАР репетиција и без размислување му даде директен црвен картон на Даглас Коста кој утрово им се извини на сите навивачи на Јувентус и на соиграчите и управата.