Фудбал

Фудбалер не можел да ја извади бурмата па не влезе во игра

Невестата одбрала помал прстен па нејзиниот сопруг тоа го чинеше настап на големото дерби во унгарската лига. Убаво викаат остај го дома.

Како изгледаше дебито на Кристијано Роналдо за Јувентус?

33-годишниот Португалец одигра 90 минути како најистурен напаѓач на Јуве на гостувањето во Верона против Киево.

Тренерот на Селта се излажа

Аргентинецот Антонио Мохамед од сезонава го води тимот од Виго кој синоќа ремизираше 1-1 против Еспањол. Тренерот носеше наочари за сонце што е права реткост покрај аут линијата, а во еден момент сфати дека не му требаат.

Италијанско ќе биде убаво за гледање од многу причини

Како ретко кога вљубениците во италијанскиот фудбал имаат многу адути за на маса кога ќе дискутираат со оние кои, додуше со право, слепо им веруваат само на Премиер лига и шпанска Примера.

Ќе да е до ветерот или до голманот, нема трето

Во Купот на Мексико, Тигрес со 5-1 го победил Атлетико Сан Луис, а вториот гол на мечот кој го даде Хавиер Акињо изгледаше чудно.

Кога еден судија реши да му команда на Златан

Имаат они правила, начин на однесување, мора да се строги, стриктни и ригорозни. Ама кај можат со него.

Фудбалерот кого топката најмногу го слушаше

Дресот на Реал го носеа и го носат неверојатни мајстори, ама еден играше стварно прекрасен фудбал за око.

Тренер со cojones кој распали на прес конференција

Густаво Појет, некогашниот фудбалер на Челси и Тотенхем, во јануари годинава стана тренер на француски Бордо. И го водеше клубот до утрово кога управата реши да го избрка по бурната прес конференција после мечот од квалификациите за Лига Европа против Мариупол.

Како мечот со Македонија му помогнал на Рамос да ја усоврши Паненката

По криминално изведениот пенал против Баерн Минхен во полуфиналето на Лига на шампиони кога во целиот свет го тролаа, Серхио Рамос не спиел цела ноќ и решил да смисли нова тактика со која ќе ги фрла голманите на земја.

Стварно не е лесно да си судија

За време на еден дуел меѓу Евертон и Њукасл, во шеснаесетникот на домаќинот стоперот Фил Јагиелка играл со рака, но судијата Боби Медли не досудил пенал. После едвај им објасни дека не видел.

Чудо во Санкт Петербург, Зенит надомести 0-4 со победа од 8-1

Кога минатата недела Динамо Минск со 4-0 го прегази Зенит кој важи за еден од побогатите клубови во Европа, тоа беше сензација на колото во Лига Европа. Вечерва рускиот состав надомести 4-0 и тоа со играч помалку и во продолженијата ги постави конечните 8-1!

Иван Тричковски со хет-трик го води кипарски АЕК во плејоф на ЛЕ

Македонскиот репрезентативец летово игра во животна форма. Откако постигна гол на гостувањето на неговиот АЕК Ларнака против Штурм, вечерва во реваншот на Кипар даде три гола и го однесе својот тим во плејофот за пласман во Лига Европа.

Две години од најјаката зафрканција некогаш во фудбалот

На денешен ден пред две години во плејофот за пласман во Лига на шампиони играа Стеауа Букурешт и Манчестер Сити. Пред почетокот на мечот се случи неверојатно комична сцена.

Операцијата успешна, пациентот Тотенхем

Во понеделникот вечерта Тотенхем ги разочара сите кои чекаа да го видат новиот „Вајт Харт Лејн“. Клубот потврди дека го одложува отворањето на неопределено време, а екипата ќе игра уште минимум неколку меча на „Вембли“ како и лани.

Нова ранг листа на ФИФА: Македонија 70-та, Хрватска 4-та на свет

Македонската фудбалска репрезентација е на 70 место на најновата ранг листа на ФИФА што значи дека сме подобрени од последното рангирање.

Ефектен волеј за еврогол во женски фудбал

Били Симпсон има 26 години и игра за женскиот тим на Клифтонвил од Северна Ирска. Во раната фаза од сезоната таа веќе влезе на списокот потенцијални кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“ која ФИФА ја доделува за најубав гол.

Спектакл во Талин, Атлетико убедливо му врати на Реал

Фудбалерите на Атлетико Мадрид убедливо со 4:2 го совладаа градскиот ривал после продолженијата и по трет пат го освоија Супер Купот на Европа.

Маскерано на времето дебитирал прво за репрезентација па за клуб

И тоа го има. На 16 јули 2003 година на пријателски меч меѓу Аргентина и Уругвај, под водство на Марсело Биелса, за „гаучосите“ првпат заиграл малиот Хави.

Како новинар го смислил европскиот Супер Куп

Вечерва од 21 во главниот град на Естонија, Талин, ќе се игра мечот за Суперкупот на Европа меѓу победникот на Лига на шампиони Реал Мадрид и освојувачот на Лига Европа, Атлетико Мадрид.

Нов страшен гол на Дон Андрес Иниеста

По магијата што ја направи пред неколку дена кога го даде првиот гол во Јапонија, Андрес Иниеста денес го постигна и вториот гол во дресот на Висел Кобе. И тоа каков гол!

Најтивкото засилување на Ливерпул кој еднаш играл и за Реал Мадрид

За 24-годишниот Бразилец Фабињо кој летово дојде во Ливерпул, јавноста не знае многу, а неговиот фудбалски пат е прилично интересен.

„Потрошија 2 милиони за диско осветлување на стадионот а останаа без ЛШ“

Селтик толку многу се спремаше за пласман во Лига на шампиони но на крај АЕК од Атина им ги помрси сметките и ги елиминираше. Коментаторот Крис Сатон имаше врвен опис на испаѓањето.

Промаши пенал па се обеси на мрежата и ја искина

Фудбалерот на Видеотон Данко Лазовиќ имаше среќа што неговиот тим оствари историски успех и се пласираше во плејофот на Лига на шампиони откако со Малме во Шведска одигра 1-1 а синоќа дома доволни 0-0.

Да видиш каква контра има Ајакс

Четирикратниот европски првак синоќа со 3-0 го прегази Стандард Лиеж и се пласираше во последната рунда, плејофот во Лига на шампиони каде ќе игра против Динамо Киев. Во текот на мечот со Белгијците, Хунтелар и другарите демонстрираа прекрасен фудбал