Дојде во 2010-та, ги купи како второлигаши, ги однесе во прва лига и ги направи шампиони. Вишаи Шриваданапрабха во Лестер го достигна врвот, а судбината сакаше таму и да заврши, веднаш до Кинг Пауер, каде се испиша една нова историја за англискиот фудбал. Колку го ценеа и сакаа, се гледа од овој амбиент.