Фудбал

Вечер за паметење во Монтевидео, Пењарол прв пат после 37 години во полуфинале на Копа

Чуда се случуваат сезонава во Копа Либертадорес. По големиот Ботафого кој после верувале или не цели 51 година се пласираше во полуфинале на најважниот клупски фудбалски турнир во цела Јужна Америка, сега и Пењарол од Уругвај тргна по тој пат.

Флик е цар, ги учи Шпанците каде да се позиционираат за автограм

Му тргна одлично со Барса, има 7 од 7 во првенство. Ама човекот изгледа размислува во простор и кога не е на работа. Погледнете го фино лепо како им ја објасни тактиката на навивачите, каде треба да го чекаат.

Ќе има време да му ја мисли

По крајот на мечот Еспањол - Виљареал во шпанска Ла Лига кој гостите го добија 1-2, некој гневен навивач со чаша го гаѓал главниот судија Алехандро Кинтеро Гонзалес. За малерот по него да биде поголем, судијата инстиктивно крева поглед и точно гледа кој замавнал. Виновникот веднаш е лоциран, најден и го чека драстична казна. Еспањол најави дека ќе го суспендира доживотно од трибините, а и судијата поради катастрофално судење ќе биде оладен од федерацијата на неколку натпревари.

Нестварна сцена во бугарскиот фудбал, таксист кружеше зад гол

Пожарна мора да има, амбуланта исто, како и редарска служба и полиција. Ама што прави таксистов на сред прволигашки натпревар меѓу Септември Софија и Софија 1948? Да не го утнал патот? Или па можеби е на повик човекот на сред стадион? И во студио се чудат.

Кејн дава голови и снима реклами

Откако снимил реклама за Ауди, капитенот на англиската репрезентација и лидер на Баерн Минхен сега снимал и за некоја позната компанија која произведува овесна каша со седиште во Минхен.

Варан објави видео со кое му се заблагодари на фудбалот

Францускиот дефанзивец кој остави силен печат во Реал Мадрид и каде за 10 сезони успеа да прослави дури 18 трофеи, синоќа соопшти дека на 31 година прекинува со фудбал после тешка повреда на коленото. Ова се најубавите мигови од него спакувани во 2 минути.

Мистеријата од северот на Европа

Норвешкиот трикратен првак Бодо Глимт кој доаѓа од крајниот север на Норвешка, направи ново чудо во еврокуповите откако го совлада 40-кратниот шампион на Португалија, гигантот Порто со 3-2 иако од 51-ва минута играше со играч помалку.

Чудниот почетен удар на Камп Ноу и мајтапот на Левандовски

Барселона го доби Хетафе 1:0 и врза 7 победи по ред, во 7 кола во Ла Лига, со голот број 7 на Левандовски. Издвојуваме и видео во кое искусниот полски напаѓач се мајтапи со својот чувар. Гостите го изведоа почетниот удар на необичен начин.

Сврти се ко човек Бобо, не ги штеди очите

И после не чинело италијанско. Дилета Леота да се пензионира во Серија А. Немате ништо против така?

Ериксен, секоја чест маестро

Манчестер Јунајтед уште еднаш, по којзнае кој пат ги разочара своите навивачи откако синоќа одигра само 1-1 против холандски Твенте во 1. коло од Лига Европа. Јунајтед поведе прв преку Данецот Кристијан Ериксен кој постигна прекрасен гол во 35’ минута. Твенте израмни преку Сем Ламерс во 68-ма минута.

Шоу на дербито во Џенова, Сампдорија победи на пенали

Големите стари градски ривали Џенова и Сампдорија во 2. рунда од Купот на Италија одиграа 1- 1 па после продолженија стигнаа до пенали. Џенова прва поведе преку шпицот Пинамоти во 9’ минута а Сампдорија израмни преку ветеранот Фабио Борини во 83-та минута. Сампдорија во судиско продолжение имаше исклучен играч кога Симоне Ромањоли доби црвен картон. На крај токму Дорија славеше на пенали за огромна радост на своите тифози.

Едниот на костозглобна, другиот по цигари

Манчестер Јунајтед одигра само 1:1 против Твенте во првото коло од Лига Европа. Одиме веднаш со потегот на вечерта во режија на Лисандро Мартинез. На мал простор изремети двајца противници.

Додека е тој селектор на Турција, Фенербахче нема да праќа играчи за репрезентација

На пријателска средба во Истанбул, пред почеток на сезоната во Евролига, Панатинаикос со 85-56 го совладал Галатасарај. Тренерот на европскиот шампион Ергин Атаман во минатото го водеше Галатасарај, па домашните навивачи го поздравиле. Тој им вратил со гестикулирање 1-3 како асоцијација на големиот триумф на Галатасарај во фудбалското дерби против Фенербахче. Ова до таа мера ги налутило луѓето од Фенер што решиле веќе да не пуштаат свои играчи во репрезентацијата на Турција додека Атаман е селектор.

Ендрик и порано да ти бил многу безобразен

Малиот 17 годишен Бразилец Ендрик кој на голема врата дојде во Реал Мадрид, почна да ја покажува и својата темна страна. Иако веќе блесна на највисоко ниво, даде дебитантски гол за Реал во Ла Лига и во Лига на шампиони, даде гол за Бразил на сред „Вембли“ во победа против Англија и сите го испофалија, сепак има некој во Бразил кој памти дека тој знае да биде и доста безобразен.

Ќе скршите прозор играјте подалеку

За време на натпреварот меѓу Албион Монтевидео и Торке кој завршил со победа на домаќините 2-1, во еден момент топката летнала кај коментаторската кабина каде скршила стакло. Коментаторот прибран и добар, неповреден.

Колку сакам ќе свирам, не е ова театар

Си немал работа навивач на Јувентус на трибина, па почнал да му мрчи на друг навивач зошто свирел на сред натпревар, мислиш на балет се отидени, Оревокршачка. Овој прво го отера со пцовки, а потоа фати уште толку да свири по што заработи и аплаузи.

Никој како Арсенал не краде време - на прекини и на гол-аути

Скоро сите навивачи на премиерлигашите сакаат што поскоро Сити да биде тргнат од тронот. Од таа причина многу навивачи на други клубови го бодрат и Арсенал во намерата да ги кутне „граѓаните“ на Пеп Гвардиола. Минатиот викенд се играше големото дерби меѓу овие два тима и заврши 2-2. Сити се извади со гол буквално во последни секунди, во 90+8’ минута од судиско продолжение.

Шефе, абе зошто ме вадиш? Чекај гол падна

Милан имаше катастрофално лоша серија во дерби дуелите со Интер. Последен пат ги победија во септември 2022-ра, а од тогаш наваму претрпеа шест порази од кои некои убедливи во сите три натпреварувања. Оваа мизерна серија заврши минатиот викенд кога Милан славеше 1-2 со гол на стоперот Габија во 89’ минута. Инаку Леао само неколку секунди претходно беше изваден од игра од тренерот Фонсека, па му се бунел крај аут-линија. Тренерот имаше попаметна работа.

Реал Мадрид 1 година нема пораз во Ла Лига, 4 меча го делат од историски рекорд на Барса

„Кралевите“ со 3:2 го совладаа Алавес а малку фалеше да го прокоцкаат триумфот затоа што од убедливо водство од три гола во само една минута примија два гола и до крај едвај ја сочуваа предноста. Со оваа победа Реал продолжи огромна серија без пораз.

Славеничко полско дерби кое се игра по пауза од 19 години

Пољаците знаат да извадат јака навивачка атмосфера, ама не само во режија на навивачите на Легија Варшава. Горник Забрже и Катовице кои се оддалечени 20 км, се среќаваат за прв пат во прва лига после 19 години. Горник славеше 3:0, а двоен стрелец беше Лукас Подолски кој уште игра на 39 години и ова му е четврта сезона за оваа екипа. Прекрасен амбиент направија навивачките групи кои слават 15 години пријателство.

Он кога удира добро е, а другите се расисти кога го вреѓаат

Реал Мадрид со 3-2 го совлада Алавес, освои три бода и сега со 17 поени ја продолжи трката по Барселона која е прва со 18 бода но и натпревар помалку. Стрелци беа Лукас Васкез, Мбапе и Родриго за 3-0 а гостите во само 1 минута намалија на 3-2 од 85-та до 86-та минута. Винисиус Жуниор уште еднаш покажа колку пргав знае да биде кон противничките фудбалери.

Мали, бери памет

Реал Мадрид куртули против Алавас бидејќи за влакно не ги прокоцка комотните 3:0. Гостите возвратија со два гола во две минути, 85-та и 86-та, неколку минути претходно имаа статива, а во судиско имаа уште две шанси. Ендрик пак дефинитивно не требаше да куртули. За ваков подмолен и неспортски потег се крка директен црвен, суспензија од неколку кола и лекција во соблекувална од Дон Карло. Ваква идиоштина од 90-ти не е видена во фудбал. Да си го воспитате со време детево. Во Шишево не прават вака, а не па во 15 кратен првак на Европа.