Карим Бензема блесна уште на првиот настап во дресот на Ал Хилал со три комада против Ал Окдуд, а мечот заврши 6:0.
Французинот даде атрактивен гол со пета во 31 минута, а потоа уште два гола во вториот дел и плус направи асистенција.
Ал Хилал е лидер во Саудиската професионална лига со три бода предност пред Ал Ахли, а тимот на Ал Наср, предводен од Кристијано Роналдо, е со бод помалку и со натпревар помалку.
Инаку 38 годишниот Бензема стана нов играч на Ал Хилал во понеделникот откако имаше проблеми со трансферот, кој му беше блокиран од Министерството за спорт на Саудиска Арабија.
Неговиот трансфер во Ал Хилал, кој го организирал Јавниот инвестициски фонд (ПИФ), го налути Роналдо, кој во знак на протест одби да настапи во понеделникот
Според извори на ЕСПН, Роналдо се обидел да го блокира трансферот бидејќи сметал дека е неправеден и посочил дека ПИФ сака да го отвори патот за Ал Хилал да ја освои титулата.
𝐁𝐄𝐍𝐙𝐄𝐌𝐀'𝐒 𝐃𝐄𝐁𝐔𝐓 𝐇𝐀𝐓-𝐓𝐑𝐈𝐂𝐊 🤩🍿
— 433 (@433) February 5, 2026
🎥 @SPL_EN pic.twitter.com/fYB56dyjoJ
Debut hat-trick with an assist 🎩
— AlHilal Saudi Club (@Alhilal_EN) February 5, 2026
He’s wasted no time 🤷♂️ pic.twitter.com/9mmxZSKiQi