Во историјата на фудбалот немало ваков пенал, коментаторите се смееја
Хрватот Дује Чалета-Цар од Реал Сосиедад, направи нестварен пенал на мечот против Алавес во Купот на Шпанија. При водство од 2:1 за неговиот тим, му го соблече дресот на противникот и му го стави на лице да не може да гледа. Судијата ја гледаше ситуацијата на ВАР по што му даде жолт картон. Гостите промашија и го загубија мечот со 3:2.