Хрватот Дује Чалета-Цар од Реал Сосиедад, направи нестварен пенал на мечот против Алавес во Купот на Шпанија. При водство од 2:1 за неговиот тим, му го соблече дресот на противникот и му го стави на лице да не може да гледа. Судијата ја гледаше ситуацијата на ВАР по што му даде жолт картон. Гостите промашија и го загубија мечот со 3:2.
Сцената е надреална, бидејќи пеналџијата погоди сè што не требаше, а уште појак од него е голманот кој направи пируета и нема појма што се случува и каде е топката. Неповторливо.
Имаме нов циркузантски начин на изведување на пенал, кој се случи во втората португалска лига. Овој пат не е со двочасовно земање залет, туку со укочување во место, а изумот е дело на Жардел од екипата на Феиренсе.