Фудбал

АЕК изрежира фарса во Скопје, па уште се правда со глупаво соопштение

По срамот кој го направија синоќа и го уништија европското Куп финале на ЕХФ, Грците одат со глава во ѕид.

Сандерленд со гол во 95-та минута се врати во Премиер лига после 8 години

Во најскапиот натпревар на светот, вреден 220 милиони фунти, во финалето на баражот за пласман во Премиер лига, Сандерленд го совлада Шефилд Јунајтед 2-1 после пресврт. „Црните мачки“ славеа со погодок во последните секунди од мечот кога навивачите излудеа од радост на преполниот „Вембли“.

Преубав гол на Лионел Меси од слободен удар

Интер Мајами продолжува да игра топло-ладно во новата сезона од МЛС лигата во САД. На гостувањето кај Филаделфија се изборија за реми 3:3 со гол дури во 90+5' минута од мечот. Претходно Лионел Меси намали на 2-3 во 87-ма минута со прекрасен гол во негов стил од слободен удар.

Овации, шпалир и солзи: Сантијаго Бернабеу им се поклони на Анчелоти и Модриќ

Со двата гола на Мбапе, Реал Мадрид го совлада Реал Сосиедад 2:0 и ја заврши сезоната на втората позиција. Емотивно збогување со Карло Анчелоти, Лука Модриќ и Лукас Васкез.

Рафали за време на интервјуто на Кутињо

Некогашниот бразилски репрезентативец и легендарен фудбалер на Ливерпул и Барселона, Кутињо пред извесно време се врати во својата татковина. Игра за Васко Да Гама. Додека давал интервју за клупската телевизија, во позадина се слушале рафали. Тој се насмеал како да е нешто секојдневно.

Осум години од едно филмско испраќање во пензија

Легенда е недоволен опис за него. Тој е симбол и икона на Рома, а го нарекуваат и принцот од Рим. 25 години во еден ист дрес, а можеше да оди во Реал. Верност каква што денеска не постои во фудбалот. Цел Олимпико плачеше на тој 28 мај 2017-та. Да, треба да снимат филм.

Кога Ханси Флик го запозна ФК Дрвош од Босилово

Фотографијата е од пред 3 години, кога Флик беше селектор на Германија. Веројатно ќе го препознаете тој со капчето. Се работи за струмичанецот Наце Митев, кој редовно ја бодри Македонија во повеќе спортови и патува на гостувања низ Европа. Голем навивач е и на Барселона. Чаршијата зборува дека на оваа средба почнале првите контакти за преселба на Камп Ноу :).

Готово е: Наполи е шампион на Италија!

Во Неапол се славеле големи победи и титули, сјајни голови на Диего Армандо Марадона, но масовна прослава на шампионско скудето како вечерва не се памети! Во последното коло од Серија А вечерва Наполи со 2-0 го совлада Каљари и го сочува првото место пред Интер кој гостуваше кај Комо и исто победи со 0-2.

Карло Анчелоти со емотивно видео се збогува со Реал Мадрид

Реал Мадрид преку официјално соопштение ја потврди разделбата со трофејниот Карло Анчелоти кој одговори на своите профили на социјалните мрежи.

За стажот на Модриќ во Мадрид

И покрај тоа што на есен, кога ќе наполни 40 години, повеќе нема да го гледаме во дрес на Реал Мадрид, сепак долговечноста и формата на Лука до сега е феномен, особено во средина, каде многу тешко се останува на долги стази. За влакно ќе се разминат со неговиот поранешен клупски колега Чаби Алонсо.

Една подзаборавена Скудето битка решена во последно коло

Наполи 79, Интер 78 се во иста ситуација како Милан 67 и Лацио 66 пред точно 26 години. Малдини и бандата беа во делирум, Михајловиќ во солзи.

Како го даде од таму бе мајсторе?

Луд гол падна во Купот на Бразил, најлуд кој ќе го видите денеска. Бомбата ја испука извесен Родригињо за победа на Капитал против Ботафого од 1:0.

Фото на денот со чичко Дончо

Андон Дончевски ти е вистинска вардарова легенда. Најдобриот стрелец во историјата на ФК Вардар со 217 голови, го освои првиот незаборавен Куп на клубот, кој датира од 1961 година. Во финалето на Купот на Маршал Тито, Вардар на стадионот „ЈНА“ во Белград го победи хрватски Вартекс од Вараждин со 2-1. 64 години подоцна, чичко Дончо повторно се радува на истиот трофеј. На 89 години дојде од Австралија за да им даде поддршка на фудбалерите на Градски.

Меси објасни кој му е омилен гол во кариерата

Се работи за финалето во ЛШ 2009-та. Страшни состави имаат тогаш Барселона и Манчестер Јунајтед, предводени од Гвардиола и Фергусон. Пике, Пујол, Чави, Иниеста, Бускетс, Ето, Анри против Евра, Видиќ, Фердинанд, Гигс, Сколс, Тевез, Руни. И што е најважно, тоа е единствениот дуел на Меси и Роналдо во едно финале во ЛШ. Го решија Меси и Ето.

Модриќ: Реал Мадрид ми го промени животот, заминувам со полно срце

Хрватскиот Моцарт меѓу Кралевите мина 13 години, кои во бројки изгледаат вака: 590 настапи, 43 гола, 95 асистенции и 28 трофеи од кои 6 во ЛШ. Плус во 2018-та ги собра трите најпрестижни индивидуални награди: Златна топка, најдобар играч во светот според ФИФА и најдобар играч на Мундијалот. Великан кој ќе фали во фудбалот.

Како германска железница се потсмева со бараж дуелот за Бундеслига?

Во фудбалското прволигашко друштво во Германија, има епска шанса да влезе екипа од селце со жители колку Ресен. А не дека и противниците се од некоја метропола. Јак мајтап им стегнаа, а ќе биде прејако ако влезат.

Грчкиот мигрант кој од дете е во Австралија - испиша нови страници во фудбалската историја

Фудбалот пишува романи, а неколку страни испиша Ангелос Анге Постекоглу, тренерот на Тотенхем и денес најозборуван човек во европскиот фудбал. Неговиот пат е чудесен...

Телохранителот на Меси да ти беше

Саутенд Јунајтед е англиски петтолигаш кој е во делириум, бидејќи победи плејоф бараж полуфинале на пенали и ќе стапне на легендарниот Вембли, каде го чека финале за влез во четврта лига. Погледнете го кутриот стрелец кој го шутираше последниот пенал. Ништо чудно на шиење да завршил.

Скромноста на родителите на Кореецот Сон

Капитенот на Тотенхем и лидер на репрезентацијата на Јужна Кореја, Сон Мин важи за еден од најпријатните фудбалери и за навивачите и за медиумите. Секогаш насмеан, коректен, фин, без ниту една дамка во кариерата. А веќе 10-15 години игра на највисоко ниво. Неговите родители синоќа дошле на стадионот меѓу навивачите, не барале место во ВИП ложа. После мечот дошле да му честитаат знаејќи колку долго сонува пехар со Тотенхем.

Да ви е Дончиќ во соблекувална друго ќе слушате

Тотенхем се израдува на прв европски трофеј после цели 41 година! Во големо финале на Лига Европа го победија Манчестер Јунајтед со 1:0 и прославија директен пласман во Лига на шампиони иако во Премиер лига завршуваат над цртата за испаѓање во втора лига. Најрадосен беше капитенот Сон кој со години гине за овој клуб и неколку пати беше близу да освои трофеј.

УЕФА тутурутки, им снема медали за Сон, Ромеро и Бентанкур

Гаф на УЕФА после финалето од ЛЕ. Ја утнаа со бројот на медали. И тоа немаше за најважните тројца играчи: Сон Мин (капитен на тимот), Кристијан Ромеро (најдобар играч на финалето) и Родриго Бентанкур (клучен играч во средниот ред). Од првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин место медали, добија само ракување. Кај 100 века чекаа за трофеј, овие медали немаа да им дадат, како да е ова маалски турнир во Горно Соње.

Тренерот на Тотенхем го одржи ветувањето

Интересно звучи фактот дека Анге Постекоглу пред неколку месеци изјави дека тој е тренер кој бере трофеи само од втората сезона во еден клуб па натаму. И така и бидна со Тотенхем.

Вардарци го истушираа Гоце Седлоски на прес

Изнамачениот ФК Вардар, конечно блесна во својот сјај. Го слави Куп трофејот после 18 години, откако во финалето на Градски ја совлада Струга Трим Лум со 2:0. Гачевски и компанија беа во делириум, ја прекинаа прес конференцијата и го избањаа нивниот тренер.