Foto: facebook.com/rangersfc/
Бојан Миовски им се врати на головите во Шкотска, откако синоќа против Килмарнок даде убав гол во 20 минута за 2:0.
Ренџерс го доби овој натпревар со 5:1 и го искористи киксот на Хартс кој загуби од Сент Мирен со 1:0, со што му се доближи на -3 во борбата за титулата.
За македонскиот напаѓач ова е четврти првенствен погодок и вкупно деветти на сите натпреварувања оваа сезона.
Следниот месец го чека голем репрезентативен предизвик кој се вика Данска.