Фудбал

Како Меси преку Ракитиќ им пратил на Хрватите 30 дреса

Воодушевен од тоа како Хрватите се бореа и играа на Светското првенство 2018, Лионел Меси преку соиграчот на Барса потпишал автограм на 30 дреса и им ги пратил на „коцкестите“.

Пандев оправдано лут, ниту ВАР ниту чист пенал

Најдобриот македонски фудбалер синоќа влезе во игра во 68’ минута на мечот против Рома и во 93’ минута беше дел од спорна ситуација во која не доби пенал.

Кога не сака - не сака

Игра Вингејт&Финчли против Далвич Хамлет во англиското фудбалско подземје и од една акција не успева да им даде гол.

Јаховиќ го прати голманот и по бурек и по цигари

Фудбалерите на Коњаспор славеа 3:2 против Кашимпаша во турскиот шампионат, а херој на мечот беше македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ кој беше двоен стрелец. Едниот со глава, другиот како Роналдо стариот. Коњаспор е осми на табела со 10 бода зад лидерот на табела.

Наочајниот центар шут на сезоната во Премиер лига

Ова што го направи Дени Роуз од Тотенхем на мечот против Барнли, нема зборови кои можат да го опишат колку е лошо. Може да е ова и најлошиот центар шут во историјата на Премиер лигата. 

Пази бомба Лотито

Кај не му оди на Лацио кој нема победа од 8 ноември на сите натпреварувања, уште шокови му правите на човекот. Па немојте така.

Алексис ги учи децата да не пијат и пушат, па го прашаа за Видал

29-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Алексис Санчез е повреден и паузата ја користи за добронамерни совети и дарувања на најмладите. Ама секогаш има незгодни прашања од нив.

Томас Милер стана борец на Мортал Комбат

Додека неговите колеги ги има обично само на игри од типот на ФИФА, напаѓачот на Баерн Минхен ќе биде попривилегиран за разлика од нив. Каква чест за Милер.

Шпанска доминација

Интер се посрамоти со ПСВ, Милан со Олимпијакос, а Наполи не ја издржа групата на смртта. Кај Шпанците не постои тоа „се посрамоти“ и тие не сакаат да чујат за елиминација уште во групна фаза. Последен пат киксирал Реал Сосиедад во 2014/2015.

Ни Игуаин, ни Имобиле - најдобриот стрелец во Лига Европа е од Танзанија

Се вика Мбвана Самата. Роден е на 23 декември 1992 година во Дар Ес Салам, главниот град на Танзанија. По вокација е центарфор. Во татковината играл за Африкан Лајон и Симба, па потоа преоѓа во Мазембе од Јужна Африка.

Знаете ли дека Бен Једер од Севиља играл футсал за Франција?

Фудбалерите на Севиља синоќа со 3:0 го испрашија рускиот Краснодар и како убедливо први во групата се пласираа во нокаут фаза од Лига Европа.

Турски карамбол со турски коментатор, добитна комбинација

Бешикташ синоќа го окрка дома од Малме, шведскиот тим кој лани беше елиминиран од Вардар во квалификациите за ЛШ, а имаше една ситуација, типично турска која најмногу има шмек да се гледа со турски коментатор. Лудница пред гол.

Каква шлаканица за Милан во Грција

На фудбалерите на Милан им се случи најнепосакуваното сценарио на гости против Олимпијакос. Пораз со два гола разлика и срамна елиминација. Од македонските претставници, Тричковски со АЕК ги завршува, а Адеми, Елмас и Ристовски ги продолжуваат настапите во ЛЕ.

Цимер на Милер во затвор ќе му биде Кварезма

По безобразно опасниот старт на Томас Милер кој без акал му влезе со копачка во глава на играч на Ајакс, крајно сељачки стар направи и Рикардо Кварезма. Бешикташ го изеде дома од Малме и во директен дуел остана без нокаут фаза во ЛЕ, а Португалец доби заслужен црвен картон.

Бобан Николов стигна до реми против Челси недоволно за нокаут фаза

По петте победи во низа, Челси ремизираше на гости против Види, каде главен судија беше Александар Ставрев. БАТЕ Борисов во таа група го победи ПАОК и со тоа ја зграпчи втората позиција. Во директен дуел пласман во нокаут фазата од ЛЕ обезбедија Рапид, Виљареал, Малме и Рен.

Играта на Лукаку против Валенсија

Ако некој треба да ги држи конците во играта на Манчестер Јунајтед тоа сигурно се Ромелу Лукаку и Пол Погба, но сезонава и двајцата не знаат кај тераат. Имам пресек од настапот на Белгиецот против Валенсија. Прием? Солидно, ама и тоа не секогаш. Проигрување? Ужас.

Анонимниот тренер кој учел од Гвардиола и кој го внесе Ајакс во осминафинале на ЛШ

Како непишано правило, за да бидеш добар тренер не мора да значи дека мора да имаш и блескава играчка кариера. Напротив, голем дел од врвните стратези, во младоста биле во сенка на нивните попознати соиграчи. Таков е и Ерик Тен Хаг.

18-годишниот Исланѓанец од ЦСКА кој си играше со Реал Мадрид

Арнор Сигурдсон има мошне интересен фудбалски пат. Неговиот најдобар натпревар во досегашната кариера беше чудото во Мадрид кое го виделе 16 негови роднини (тетки, чичковци, братучеди). Тоа е, вели, дел од традицијата на Исланд.

Пак имаше голмански одбрани за 10-ка

На лудите интервенции на Силесен, Алисон и Облак, синоќа се надоврзаа Андре Онана од Ајакс и Едерсон од Сити. Страшно јако реагираа и двајцата.

Минимум две години затвор за стартов на Милер

Баерн и Ајакс беа и онака пласирани во нокаут фаза и ова беше само една битка за првата позиција, а не за пехарот, така што чуму ваков монструозен фаул со крампони во глава? Како без памет го направи овој идиотски потег, па уште се буни, не било за црвен.

Пол Погба и сè е можно

Манчестер Јунајтед е тежок за гледање. Мачно е да се гледа како игра тимот на Мурињо, особено кога на теренот е Пол Погба.

Потоп за фаворитите, Реал го доживеа најтешкиот пораз дома откако игра ЛШ

Во последното коло од ЛШ изгубија Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Рома и Јувентус, екипи кои обезбедија учество во следната рунда па можеа да си дозволат порази. „Кралевите“ декласирани дома од ЦСКА Москва.

Го искинаа Интер од реметење за Модриќ

Бидејќи трансферот на хрватскиот ас летоска го најавуваа за завршена работа, кога Интер сезонава ќе загуби важен меч, го јаде на социјалните мрежи. Секогаш на ист начин и секогаш со замислен гол на Златната топка во судиското продолжение.

Какво значење има 12-ти декември за Андриј Шевченко

Нема навивач на Милан кој не го пука носталгија по украинскиот ас кој се двоеше во Серија А. После Карло Анчелоти, на клупата на Милан се наредија Леонардо, Алегри, Тасоти, Сидорф, Инѕаги, Михајловиќ, Броки, Монтела и сега Гатузо. Никој од нив немаше во напад класа како Шева.