Најголемата пара лежи кај главните судии, а оној што има среќа да биде делегиран секој викенд, значи дека месечно заработува по 15.200 евра. Зарем е лошо тоа?
Имаш 90 минути трчање, потење, расправање со разни карактери, ама на крај слатки 3.800 евра после секој меч. Значи тоа е за главен судија во Серија А, сè друго се плаќа помалку.
Плус го имаат и она „Image rights“ како фудбалерите, а таму се всушност парите, убавите пари. Сума сумарум за Никола Рицоли нема зима.
Сигурно направил одлична пара, бидејќи освен што секогаш беше главен арбитар во Италија, а сега лапа 200 бона како претседател на судиска, го имаше и во Лига на шампиони, како и на светски и европски првенства.
Серија А
Главен судија: 3.800 евра
Линиски судија: 1.000 евра
Четврти судија: 500 евра
Судии за ВАР: 1.500 евра
Куп на Италија
Првите фази: 1.000 евра
Четвртфинале: 1.500 евра
Полуфинале: 2.500 евра
Финале: Финале
Супер Куп на Италија
Финале: 3.800 евра
Претседател на судиска комисија
Рицоли: 200.000 евра
Месина како негов претходник: 160.000 евра
Потпретседатели на судиска комисија
Гава: 45.000 евра
Стефани: 45.000 евра
Фиксни суми за „Image rights“, што по нашки веројатно ќе му дојде нешто како авторски права:
Од 1 до 25 натпревари во Серија А: 45.000 евра
Од 25 до 50 натпревари во Серија А: 55.000 евра
Со 51 до 70 натпревари во Серија А: 62.000 евра
Со минимум 71 натпревар во Серија А: 72.000 евра
Интернационални судии: 80.000 евра