Целото име на малиот е Килијан Мбапе Ндумбе Јаба. Има 11 години и досега играл за екипата од предградието Руаси ан Бри каде на времето почнал и Пол Погба.
Таткото на 11-годишниот Мбапе е мигрант од Камерун, исто како и таткото на 20-годишната суперѕвезда Мбапе. Во интервју за Le Parisien, родителот на помалиот Килијан објаснил: „Како сум можел да го наречам син ми во чест на светскиот шампион од 2018 кога пред осум ипол години никој не знаеше за него?
Мене често ме прашуваат дали посебно сум го крстил син ми Килијан... Луѓето како да забораваат дека разликата меѓу н ив е 8 години и тој, очигледно не бил познат фудбалер кога син ми се роди.“
Малиот Мбапе признава дека веќе се навикнал да го прашуваат за светски познатиот имењак: „Јас дури и не обраќам внимание веќе, иако ми годи кога ме прашуваат. Јас навивам за ПСЖ и би сакал да имам кариера како него.“
ПСЖ исконтактирал со таткото на малиот фудбалер и го поканил во нивната академија.
„Нека прави што сака тој да прави. Не сакам да го притискам по секоја цена да стане професионален фудбалер. Ако прејде во ПСЖ кој веќе ни се јави, секако ќе станеме поблиски со другиот Килијан.
Син ми е среќен од моментот кога почна да игра фудбал. Често му суфлирам кога не игра добро, а тоа не му се допаѓа.“
За жал видеа од игрите на 11-годишниот Килијан Мбапе се уште нема. Се знае само дека тој игра во нападот и дека има одличен дриблинг. Минатиот викенд постигнал 4 гола на два меча од детскиот турнир Seine-et-Marne Cup.
Ерик Мбапе е сигурен дека можна средба со постариот Килијан би била мотивација за син му.
Дали ќе видиме супер-тандем во ПСЖ за 6-7 години?