Лоренцо Ебесилио е холандски фудбалер кој има настапувано во неколку клубови како Ајакс, Металург Доњецк, Анжи, АПОЕЛ, а од лани е член на Црвена Ѕвезда.
Дечкото е влезен во еден доста специфичен љубовен триаголник, но и во пикантен судски случај во Русија. Добил ќерка со една жена, а во иста вечер син со друга. Прејако.
Мајката на едно од децава, Ана Багајева сака Ебисилио конечно да ја запознае својата ќерка по што судот дал налог татковството да се утврди преку ДНК. Ако не го стори тоа до 23 февруари, тој автоматски и законски ќе го прогласат за татко.
Се запознале во ресторан во Москва, летото 2016-та додека Лоренцо играл за Анжи и потоа почнале да се гледаат почесто.
„Лоренцо ми кажа дека сака деца. Кога затруднев ми вети дека ќе бидеме семејство. Ми кажа дека ме сака, го сакав и јас и нормално дека му верував“, раскажува Ана.
Арно ама има тој имал врска и со извесна Дариа Данилина, која добила син на 17 јануари, 2017-ма истиот ден кога се породила и Ана.
Двете девојки одлучуваат да се појават на руско тв шоу на кое тврдат дека децата кои ги имаат се од ист маж.
„Лоренцо ми вети дека и мене и бебето ќе не земе со него на Кипар кога играше за АПОЕЛ, но во последен момент кога завршував со пакување, он едноставно исчезна и престана да ми одговара на пораки и позиви“, вели Багајева на тв.
Потоа збор доби Дариа која откри дека кога Ана и раскажала што и се случило била во шок, бидејќи истото го преживеала и таа.
„Мене ме остави кога ни се роди синот Матео. Малтене тој на ист начин не оставил. Кога се информирав од медиумите што и направил на Ана, решив да ја побарам и да ги пратам писмо за да и го раскажам моето искуство. Кога останав бремена му кажав на Лоренцо дека ќе биде татко, тој се радуваше. Кога бевме заедно не обрнуваше внимание на други девојки, но брзо се смени сè и наеднаш исчезна. Го промени телефонскиот број и се исклучи од социјалните мрежи, веројатно затоа што почнале да го прашуваат луѓе за тоа што го направил. Добивав пораки со поддршка и тоа од непознати луѓе.
Ја има цела снимка од емисијата во која гостуваат двете мајки, па се развива цела дебата со ред други гости и публика. Абе Ебесилио Ебесилио.