Фудбал

Кјеза даде гол и го гушна брат му кој фаќаше топки

Фиорентина со 3:0 го совлада СПАЛ во 5. коло од Серија А. Третиот гол во мрежата на гостите го даде 20-годишниот италијански репрезентативец Федерико Кјеза кој после голот истрча кај брат му Лоренцо Кјеза кој игра за Фиорентина У-14 и кој собира топки на дуелите на „Артемио Франки“.

И Алиоски распали со левицата

На фантастичното македонско гол шоу на Ренцо Барбера се приклучува уште едно важно име од македонската репрезентација кое игра во странство. Гол број 3 за Езџан Алиоски во Лидс, но за жал пораз на домашен терен 1:2 од Бирмингем, прв оваа сезона во 9. коло.

Македонците од Палермо ја направија Перуџа попара

Несторовски и Трајковски не се случајно дел од италијанскиот фудбал и штета што не влегоа во прва лига. Палермо славеше 4:1 во 4. коло од Серија Б, а дуото од македонската фудбалска репрезентација направи дар мар. Два гола на Илија, гол и асистенција на Александар. Цареви се.

Кам бек на Несторгол со одличен погодок

Заврши постот на капитенот на Палермо кој стигна до првиот гол сезонава во Серија Б. На Илија Несторовски му беа потребни само 18 минути да ја тресне Перуџа со страшната левица од околу 20 метри. 

Роберто Карлос во женска верзија

Прво пратете го лудачкото и неприродно движење на топката, а после и реакцијата на таа буцката на гол за да сфатите дека не се збунивте само вие од чудесниов слободен удар на женскава.

Во Сити пред да дојдат шеиците немало врата во тоалетите

Поголемиот дел од својата 138-годишна историја клубот Манчестер Сити го минал во тотална сиромаштија, но парадоксално меѓу навивачите има многу носталгични за тие времиња во кои клубот бил секому достапен. Денес Сити е симбол на модерниот капиталистички фудбал.

Теророт со кој се соочил Тоти во очи на СП 2006

На 27 септември во продажба излегува книгата „Un Capitano“, посветена на еден од симболите на италијанскиот фудбал. Има еден извадок каде Тоти раскажува за најтешката повреда во неговата кариера која му направила голем стрес и му стоела на патот до Мундијалот кој го освои.

Вечна дилема - кој е најдобриот шутер на слободни удари?

Прашање кое веројатно никогаш нема да има одговор затоа што имало и има толку многу мајстори зад топката кои изведуваат слободен удар и даваат гол кога сакаат.

Карамбол на кој арно што не се испотепаа

Снимката е стара 30 години, како и што може да се забележи, а инаку се работи за меч од ФА Купот на кој Манчестер Сити успева некако во последните минути од мечот да даде гол. Налет голот, сепак сметаме дека е најважно е што сите се живи и здрави.

Магијата на Лига на шампиони

Нашето најомилено клупско фудбалско уживање кое до нова година ќе се повтори уште пет пати вторник/среда, е посебно јако за сите. И за вас жените односно мајките кои не можете да ја погодите вистинската песна за успивање бебе. Еве пробајте.

МекДоналдс му нуди на Наполи нов стадион со нивно име, црквата го брани Свети Павле

Неаполитанците се толку поделени што едни влечат на страна на градските власти кои за мизерната состојба на стадионот покажуваат со прст во Де Лаурентис, други кои го бранат режисерот со факти дека од третолигаш направил светски клуб и трета страна.

Прославуваше гол и потоа го снема

Косовскиот фудбалер Бенјамин Кололи го постигна единствениот гол на мечот АЕК - Цирих 0:1, откако го искористи пеналот кој го направи Даниел Мојсов со рака. Убаво е да се слави со навивачите, ама и да се знае кај се тера.

Динамо Загреб го прегази Фенербахче, Милан се намачи во Луксембург

Откако Лига на шампиони им избега во само неколку минути од плејофот, фудбалерите на хрватскиот шампион го згазија Фенербахче со 4-1 во Загреб. Милан едвај со среќниот гол на Игуаин минимално го победи анонимниот Дуделанж.

Труп, потруп, Сенад Лулиќ

Лацио победи 2:1 против кипарски Аполон во меч од 1. коло на Лига Европа, а репрезентативецот на БиХ направи глупост за која Сер Алекс Фергусон на времето делеше воспитни.

Оди па мери му го паметот

Капитенот на украинска Ворксла, Володимир Чеснаков пред мечот против Арсенал во Лондон направи нешто што досега е незабележано во здраворазумното човештво.

Иста приказна во Солун, УЕФА се прави наудрена

Во првото коло од групната фаза на Лига Европа вечерва Челси со 0-1 го совлада грчки ПАОК чии навивачи одново без проблем ја извадија националистичката парола за Македонија.

Погба направил 26 чекори додека извел пенал

Манчестер Јунатед со 0:3 против Јанг Бојс на гости ја отвори сезоната во Лига на шампиони. Пол Погба даде два гола од кои вториот од пенал беше „клај-клај“. За да го изведе му требаа 9 секунди и 26 чекори.

И Грне го избркаа за кубење коса

Црвениот картон на Кристијано Роналдо, денеска очекувано е топ тема на социјалните мрежи. Едни го бранат и сметаат дека судиската одлука е престрога, а други велат дека нема што да бара кај главата на Муриљо. Ние па налетавме на ист таков пример со познат македонски играч, со таа разлика што нашиов имаше што да фати. Плус имало и друг прекршок на Роналдо од истата акција.

Зошто дербито на Буенос Аирес е најдобро на свет?

Во 105-годишната историја на ривалство меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт, фудбалерите и навивачите на двете екипи направиле сè што е возможно за ова дерби да стане најмоќно во светот. Зошто овој вековен дуел стана туристичка атракција и сон на многу луѓе ширум светот.

Нов скок на Македонија на рангот на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација игра фудбал, победува, а тоа постепено ги носи на сè повисока позиција на ранг листата на ФИФА. Март 2017: 166-ти. Септември 2018: 68-ми. Браво.

Ново насилство во фудбалска Европа

Навивачите на Манчестер Сити и Лион синоќа имале крвава пресметка во еден кварт во индустрискиот град. Подебелиот крај го извлекле Французите кои за утеха на крајот славеа злато вредна победа против гигантот (1-2).

Хамез, Хамез Родригез

Баерн Минхен на отворањето од Лигата на шампионите покажа зошто е меѓу главните фаворити за освојување на титулата. Со 0-2 го преброди гостувањето кај Бенфика а ѕвезда на мечот беше Хамез Родригез.

Наполитанци имате ли памет, дете ќе ви загине?

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека му е срам што Наполи игра на Сан Паоло и дека стадионот е осакатен. Ај што му е срам, туку треба да му биде и страв. Навивач сними видео од последниот ред на кој под седиштата нема никаква заштита, а мали деца одат. Претпоследниот е заштитен, а последниот не и има дупка од 50 метри. Језиво.