Како навивачите на Бока со песна ја ставија топката во гол
Синоќа во аргентинското првенство, Бока поведе 1-0 во 55’ минута. Само четири минути подоцна примија гол за 1-1, но фамозната La 12 не падна туку згрме уште погласно. Неколку секунди подоцна го прославија победничкиот гол на Мауро Зарате.