Ветеранот игра втора младост. Со капитенска лента околу раката го предводи Бразил чија химна синоќа со Аргентина ја пееше на цел глас да се наежи човек. А со топка во 19’ минута направи дар-мар меѓу гаучосите и со поглед во друга страна го проигра Фирмино кој асистираше до Габриел Џесус.
Првиов некои го сметаат за најдобар фудбалер на денешницата, ама другиов е најскап голман во историјата кој уво не го боли што Меси е толку јак. Го сотре во три нокаут фази по ред со три различни дресови и тоа без примен гол.
Хуан Фоит е уште неиспечено 21 годишно бекче со 12 настапи во Премиер лигата за Тотенхем и 5 за Аргентина. Ама пред себе имаше инспирација наречена Кутињо кој го направи мајмун.
Штета е ваков талент да ги нема сите услови за да ја развие својата дарба. Градење топка оценка 10. Преглед на игра исто 10. Најдобриот дефанзивец ни доаѓа од Гоа, Индија.
Спортскиот времеплов на денешниот датум 2 јули не однесе на едно финале кое како вчера да беше, а тоа да ти поминале 19 години. ЕП 2000 во Холандија и Белгија. Убави фудбалски времиња, море преубави.
Во 2003 година Павел Недвед ја доби Златната топка која што УЕФА ја доделува за најдобриот фудбалер на годината. Чехот играше неверојатен фудбал и со право беше избран за број еден играч на континентот. Денес после промоцијата, новото засилување на Јувентус Рабио шетал низ музејот и застанал до златната топка па го прашал Павел дали е вистинска?
Марката Пума и шпанската Ла Лига ја промовираа новата фудбалска топка со која ќе се игра шпанскиот фудбал во новата сезона. Ама промотивната кампања беше крвава.
Летово Јувентус е најактивен играч на трансфер пазарот. Клубот го смени тренерот, потпиша со Арон Рамзи, со левиот бек на Рома Лука Пелегрини и со одличниот Адриен Рабио. Наскоро во клубот би можел да дојде и ултра талентираниот штопер Де Лихт.
Никој не знаеше што мустра е се додека не се отвори во Премиер лигата. Дојде во Челси како ептен изненадувачки европски првак со Порто и уште на неговата промоција почнаа циркузите. Поминаа точно 15 години откако сам за себе си кажа дека е таков каков што е и сега.
На промоцијата во Јувентус, Маурицио Сари очекувано дојде костумосан во одело и вратоврска, што за момент значеше промена на сопствените принципи на тренерот кој пак ќе се врати на своето.
Ако некој Твитер профил се разликува драстично кај фудбалските клубови, тоа дефинитивно е оној на Рома. Ги бива за хумор, правење спрдњи, ама и за доста сериозни теми, како оваа што ја почнаа летово.
Шест годишниот договор на Дејвид Мојс со Манчестер Јунајтед истекува денеска. Арно ама тој беше отпуштен пред 5 години, 2 месеци и 8 дена. Полоша замена за Фергусон ни на биоскоп. Грев.
На 1 јули 2009-та стартуваше ерата на Бернабеу наречена Кристијано Роналдо. 10 години подоцна во најкуси бројки таа може да се раскаже вака: 438 натпревари, 450 гола, 15 трофеи, 4 Златни топки, 1 легенда.
Луис го промаши клучниот пенал во четвртфиналето на Копа Америка меѓу Уругвај и Чиле и плачеше по крајот од мечот. Нејмар во меѓувреме јавно го поддржа со порака, а сè погласно се зборува дека Бразилецот ќе се врати на Камп Ноу од ПСЖ. Ама кој да знае...
Паралелно со Копа Америка, во Египет се одржува уште едно континентално натпреварување, Африкански Куп на Нации. Една од 24-те учесници е Мароко, но проблемот е што не можат сите во Мароко да ја следат својата земја.
На страна шутов од средина на терен и прекрасниот погодок кој за жал му го поништи судијата, Ел Нињо постигна два ефектни гола во триумфот на неговиот Саган Тосу против Шимицу С-Пулс.
Фернанда Коломбо ја освои јавноста со сјајниот потег на вадење марамче додека сите чекаа жолт картон, а досетливоста не е единствена нејзина најголема предност.
Јувентус секако важи за крал на бесплатните трансфери, бесплатни во смисла да не плати обештетување на последниот клуб за кој играл фудбалерот којшто доаѓа кај нив.
Висел Кобе со високи 5-3 ја совлада Нагоја во јапонското фудбалско првенство. По два комада дадоа Давид Виља и Иниеста, а овој вториот постигна гол со што ја збогати колекцијата убави моменти од неговиот престој во Јапонија.
Мексико играше против Костарика во четвртфиналето на Голд Купот и после 90 минути и продолженија резултатот беше 1-1. Мексиканскиот голман Гиљермо Очоа го одбрани последниот удар од серијата на Кејшер Фулер и славјето за полуфинале можеше да почне.
Измеѓу така напорна сезона во која стана шампион во Холандија и финалист во ЛШ, а му следува предизвик наречен Барселона, засилувањето на Камп Ноу од 75 милиони евра вака се буди на Сејшелските острови.
Богатството на најплатените спортисти во светот отиде до бескрај и веќе нема граници кој колку пари прави, било да е од плата каде што работи или од реклами. Не за џабе старите трубат дека порано се играло од ќеиф.