Во престолнината на Република Ирска, Даблин, во 12 часот по средноевропско време се извлекоа квалификациските групи за ЕП 2020 година кое за првпат во историјата ќе се игра на различни места во повеќе градови.
Галатасарај денеска од 18 часот има дерби со Бешикташ, а последниот тренинг го одржаа со слаба посетеност од само 40.541 навивачи, само. Па и атмосферава не им е ништо посебно, нели?
За овој многу многу многу импресивен потег, потребни се многу многу многу муда и памет. На Фабиан Делф од Манчестер Сити не му чуеше за ризикот. Ф-р-а-е-р-ч-и-н-а.
Инспирирани од вчерашниот ден на СФРЈ кој на времето се празнуваше на 29-ти ноември, одиме со најносталгичната фудбалска приказна на овие простори. Последната нивна победа, последниот меч и начинот на кој и беше ставена бодликава жица да не може да припари на ЕП 1992.
Суперкласико нема крај. По сè што се случуваше, на крајот од Конмебол решиле и официјално реваншот да се игра на стадионот на Реал Мадрид. Фрштат казни на сите страни.
Групата Ј во Лига Европа е најзаплеткана. Севиља и Стандард Лиеж имаат по 9 бода на второто и третото место и во последното коло ќе се борат за пласман понатаму. Синоќа во Белгија Стандард славеше со 1-0 а на крајот можеше и поубедливо. 93’ минута во судиското продолжение - легендарна акција:
Баерн со 5-1 ја прегази Бенфика а играч на мечот беше Арјен Робен со два прекрасни гола уште во првото полувреме. Едниот може да пробате да го изведете на Сони Плејстејшн.
Не дека е престарен, има 32 години, ама по заминувањето од Јунајтед никогаш не се врати во препознатливата форма. Конечно и од него да видиме нешто. Ја измеша цела одбрана, во стилот на Меси или па Кристијано Роналдо, човекот кој го имитираше кога играа заедно на Олд Трафорд.
Фудбалерите на Олимпик Марсеј и дефинитивно го потврдија својот дебакл во Лига Европа каде по 5 кола останаа со само еден бод. Синоќа загубија 4:0 од Ајнтрахт Франкфурт со 4:0, а еден од тие голови сами си го пикнаа. Стрелец Луиз Густаво. Трагедија.
Пред 20 години едно голобрадо момче влезе како замена за Вегард Хегем во последните моменти од дуелот Ливерпул - Блекбурн. Имаше 18 години, а првата желба му беше да стане првотимец. Остај што му успеа тоа, него помина само со скромни 710 настапи и 186 голови. Стивен Џерард е една од оние легенди кои ќе те “натераат“ да навиваш за Ливерпул.
Пред 45 години во Кардиф се роди една од најјаките фудбалски легенди со број 11 без кој ништо немаше да биде исто во Манчестер Јунајтед и Премиер лигата. Мега спортист со лавовско срце кое никогаш не знаеше да папса по таа лева страна. Господ знае колку километри истрча.
Додека кај нас изумре и она „јави се јужна“ или „уууу, уууу, аааа, аааа, Македонија, Македонија“, некои клубови равиваат и гаат посебна хемија со своите навивачи. Вака тоа го правеа Трабзпор после триумфот над Фенербахче. Јако.
Порано вакви голови даваше само Пеле, а сега кој стигне, односно кој умее, а можат многу повеќе од тоа време. Најслатно е што ја прими на гради и сам си ја намести. Тоа се тие елементи за совршени ножички кои би требало да бидат прогласени за гол на годината во Мексико. Авторот е Габриел Фунес Мори, брат близнак на Рамиро Фунес Мори кој игра за Виљареал.
И покрај двете победи по ред во Лига на нации, македонската фудбалска репрезентација останува на истата позиција на рангот на ФИФА која ја држи веќе три месеци.
Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Барселона, Порто и Шалке се вечерашните осминафиналисти од ЛШ. Тотенхем и Интер за нокаут фаза ќе се борат во последно коло, а тогаш ќе има разврска и во групата на смртта, каде вечерва Ѕвезда беше елиминирана во Неапол.
Навивачите на Арсенал и оние кои пратат статистика на спортска, знаат многу добро за што зборуваме. Топџиите да ти НЕмале пораз од 18 август, на ниту едно натпреварување.
Колку и да поминало време, а покрај тоа се смениле разни тренери, газди и играчи, сепак во градот под везув не може, а да не се почувствува духот на фудбалерот во кој уште се крстат, Диего Армандо Марадона.
Нема да кажеме дека ова е најјакото од Клоп на една прес конференција, бидејќи не знаеме што следно ќе направи, ама сигурно оди во топ 3. Знаат да направат забава и други некоги колеги, ама него му нема рамен. Едноставно се гледа дека му доаѓа природно.
Кога се мисли на голман херој, тоа се однесува на интервенции од ваков тип кои на прва изгледаат невозможни. Му даваме предност на Давид Де Хеа кој на чудесен начин го спаси Манчестер Јунајтед можеби од пораз, а јако реагираше и Шчесни.
Во земјата каде што се игра и се бара да се игра борбен фудбал со многу жар, ова не проаѓа, ама воопшто не проаѓа, а го направи македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Од судијата доби заслужен жолт картон, а на социјалните мрежи пепел го направија од негативни коментари.
Манчестер Јунајтед со гол во 91-ва минута си обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, во која колку повеќе се инаетат од УЕФА за воведување ВАР, толку повеќе се трупаат грешки, а оваа е сериозна, срамна и скандалозна.
Ромелу Лукаку и топката нешто не се сакаат во последно време. Ај што не дава голови, ама и му бега како на почетник. Ова е неговиот прием по кој му пука сеир цела Англија, па и пошироко.
Баерн Минхен, Ајакс, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Рома, Јувентус и Манчестер Јунајтед се сигурни осминафиналисти на едно коло пред крајот на групната фаза од ЛШ. Само Лион и Хофенхајм ќе се борат за уште едно место од вечерашните четири групи.