Фудбал

Се бришел со пешкир од Милан, сега дресот ќе им го носи

Одиш на базен и дете ко дете носиш пешкир од некој славен клуб кој е ин или од оној за кој навиваш. 12 години потоа истиот тој клуб те плаќа 35 милиони евра за да играш за нив со договор до 2023-та година.

А како поинаку во Бразил?

На мечот на кој за Фламенго како позајмен играч заигра толку озборуваниот Габигол, неговиот соиграч Енрике Дурадо постигна маестрален гол за 1-1 против Ресенде.

Ич не изглуми, муабет му вадат

Се сеќавате ли на Габриел Барбоса, познат како Габигол? Дечкото од што се покажа во Интер ене го сега во Фламенго на трета позајмица во трета сезона после Бенфика и Сантос. На 22 години да се глупираш вака срамота е. На Копакабана ќе завршиш.

Нејмар му ја сокри топката на противникот

Со головите на Кавани и Ди Марија, ПСЖ синоќа го совлада Стразбур со 2:0 во Купот. Еден од противниците фати да го клоца Нејмар, еднаш, два пати, три пати. Овој се изнервира и му направи “мајмунеееее“.

Фудбалерот од кого Зидан научил многу и по кој го крстил најстариот син

Денес е тешко да се поверува дека еден цар како Зизу сите потези ги ископирал од еден малку познат латиноамериканец кој на крајот решил да остане романтичар и да не тргне по патот на славата.

Приказната за најчудниот фудбалски натпревар

Има една урбана легенда од Карибите која не е мит, туку жива вистина. Поткрепена е со видео доказ и инфо на Википедија и немојте да очајувате ако не ја сконтате од прва, бидејќи е стварно необична, единствена и неповторлива.

Мајсторијата на Солдадо преку себе

Евроголот на шпанскиот центарфор не беше доволен Фенербахче да го земе целиот плен кај Бурсаспор и да се помрдне од зоната за испаѓање во турската лига.

Најлошиот тренер во свет

Одиш кај овој на часови по фудбал. Се појавуваш на првиот и од таму право во амбуланта лонгета да ти стават на фаца. После ова не се гледате повеќе. Ти врти, не му креваш.

Утка на денот

Во ден кога цела светска фудбалска јавност се моли за животот на Емилијано Сала, чиј авион исчезна во понеделникот во Ла Манш, Кристијано Роналдо окезен ко Џулија Робертс, прави селфи во авион. Ќе му го препишеме како непромислен и избрзан потег кој наиде на доста критики.

Сторија за фудбалерот кој исчезна во авионска несреќа кај Ла Манш

Во слободно време сакал да гледа филмови со Че Гевара, да го чита Коељо, да учи за фенг-шуи и да ја осознава африканската култура од која потекнувал голем дел од неговите соиграчи.

Чудна и морбидна гласовна порака на Сала

Од авионот на фудбалерот на Нант кој тргна за Кардиф нема ни трага ни глас. Но затоа се појави гласовна порака од неговиот телефон кој не знае човек како да ја протолкува.

Очајните навивачи на Нант грмат во чест на Сала

Авионот со најскапото засилување на Кардиф кој полета од Нант за Англија, сè уште не е пронајден. Француските навивачи се собраа и разочарани го скандираа името на 28 годишниот аргентинскиот навивач.

Селфи на денот

Гасите нетот. Од штекер.

Во Мексико судија 8 минути гледал ВАР, не можел да се одлучи

На мечот меѓу Гвадалахара и Толука (1:0) во Мексико ниту ВАР системот не помогнал да се донесе 100% исправна одлука. Пред крајот од мечот Толука можела да израмни, топката се нашла на самата гол линија па судијата 8 минути гледал на ВАР (во Мексико нема систем "око соколово").

Го нема авионот со најновото засилување на Кардиф, се очекуваат најлошите вести

Втора несреќа за само три месеци во Премиер лигата. Прво загина газдата на Лестер, а сега се чека потврда и за новиот член на Кардиф чиј авион исчезна вчера од радар.

Роналдо за 15 минути си ја плати слободата вредна 19 милиони евра

Откако синоќа настапи на мечот Јуве – Киево 3:0, Роналдо немаше слободен ден за рекуперација, туку утринава веднаш замина за Шпанија за се отараси од затворска казна од која со многу пари се отарасуваат сите богати фудбалери.

Пенал на Роналдо му одбрани голманот на кого лани му скрши нос

Кристијано Роналдо синоќа имаше одлична шанса да се издвои на врвот од листата на најдобри стрелци во Серија А, но не даде гол против Киево.

Заборавивте на Венгер? Ене го се појави во музички спот

Арсен Венгер не тренира повеќе од пола година. Го поврзуваа со Баерн наместо Ковач (управата на Баварците демантираше), па со Фулам (Венгер одбил) и во репрезентацијата на Катар.

Стево што стори бе Стево?

Најлошата акција од контра во кариерата на Стеф Кари кој излезе сам под кош веројатно е оваа. Плус тука имаш две во едно. Значи две брукања изеде синоќа против Лејкерси.

12-ти играч на Лацио против Јуве ќе биде играч кој ќе се измеша меѓу ултрасите

Јунакот кој не знае за одмор од октомври 2015-та и кој од тогаш е на терен по 90 минути и тоа со два пати преживеан рак, ја завршува импресивната серија со која му се доближи на Занети. И тоа не по негова вина, туку поради судиски превид.

Неверојатен лоб во Аргентина

Торнеос де Верано или турнирот на Верано веќе 52 години е еден од најинтересните турнири во Аргентина. Се игра пред сезоната, како подготовка за она што ќе следува во текот на годината. Играат 12 клубови од првата лига и тоа најчесто оние најголемите и најпознатите. На мечот меѓу Тајерес Кордоба и Белграно, познатиот шпиц Дајро Морено постигна два гола од кои едниот преубав.

Како Барса го пречека Боатенг

Можеби некој ќе се чуди, ама на Камп Ноу пристигна фудбалер на позајмица од Сасуоло. Но тоа не е било кој, туку сепак искусен 31 годишен фудбалер од среден ред со стаж во клубови како Херта, Тотенхем, Борусија, Милан, Шалке...Барса на Твитер направи штос: Нè повреди, сега помогни ни.

Самба на новиот Бразилец во Милан

Милан овој месец се засили со 21 годишен фудбалер од среден ред по име Лукас Пакета. Малиот дојде од Фламенго, дебитираше во Куп против Сампдорија, а еве што покажа синоќа во Серија А против Џенова.

Смешната случка на Погба, Матиќ и случајни патници во воз

Фудбалските фанатици понекогаш не се свесни за фактот дека колку луѓе има што следат фудбал, толку има и „нормален“ свет што не го занима како 20 и нешто луѓе трчаат по некаква топка како будали. Во ова се уверил и еден Нејт Патрик од Англија