Фудбал

Судијката која ја исплаши Шпанија

Мечот меѓу Бетис и Атлетик Билбао (3:1) го одбележа еден крајно непријатен инцидент: камерман во обид да сними прослава на гол трчал каде што не треба и силно со камерата ја удрил помошничката судијка Гваделупе Порас која доживеала повреда.

Топла средба на две фудбалски легенди кои заедно испишуваа историја во Реал

Девет години беа дел од костурот на кралскиот тим и едни од клучните играчи кои ја правеа разликата на терен. Заедно станаа четири пати прваци на Европа и четири пати светски прваци. Серхио има 37, Лука 38 години и уште играат на ниво.

Ежење: Клоп, Ливерпул и навивачите со еуфорична прослава на Лига Купот

Во финалето на англискиот Лига Куп во тврд натпревар, Ливерпул со 1-0 го совлада Челси со гол на стоперот и капитен Ван Дајк дури во 118’ минута од продолженијата.

Џокерот на Анчелоти се вика маестро Лука Модриќ

Колку и да го згазија годините и конкуренцијата од далеку помладите, Модриќ е Модриќ. Не знаеш кога може да изненади, да ја направи разликата и да реши натпревар. На дуелот против Севиља доби шанса во 75 минута и после само 6 минути му донесе 3 бода на Реал со голчиште во негов стил.

Нов мајсторски гол на Меси за бод во 90+3’ минута

Лос Анџелес Галакси и Интер Мајами ремизираа 1:1 во новата сезона од МЛС лигата. Домаќините во 13’ минута имаа пенал но не го искористи некогашниот играч на Барселона Рики Пуиг. Во 75-та минута сепак дојдоа во водство преку српскиот репрезентативец Дејан Јовељиќ. Гостите од 87-ма минута играа со играч помалку, но тоа не му сметаше на Меси на асистенција на Алба да му донесе голем бод на својт тим.

Како ли фановите на Роналдо ќе го оправдаат најновиот сељачки потег?

877 гола за Кристијано Роналдо, 877-ма глупоштија откако отиде на 500 милионската печалба во Саудиска Арабија? Чуму вакво однесување?

Емотивен момент меѓу Меси и Ди Марија за време на прославата на светската титула

„Тоа што го сакав е да играм во ист тим со тебе и да го освојам овој трофеј“, му вели Анхел Ми Марија на Меси, цел во солзи, кој отворено кажува дека сакал да го освои Мундијалот за него. Ете до толку беше голема и искрена желбата на неговите соиграчи, да му помогнат да стигне до трофејот кој му фалеше во величествената кариера. Многу јак момент.

Лига Конференции: Динамо Загреб и Стефан Ристовски против ПАОК

Занимливи парови попладнево се извлекоа и во Лига на Конференции чие финале ќе се игра во Прага.

Жреб за Лига Европа: Ливерпул и Милан со клубовите од Прага, Рома против Де Ѕерби

Попладнево во Нион се одржаа жрепките за осминафинале во Лига Европа и Лига Конференции.

Ave Mile

Рома и Феенорд по којзнае кој пат водеа голема битка на теренот додека на трибините грмеше песна. И во Ротердам и во Рим овие два ривали имаат жесток пречек. Така беше и синоќа во реваншот од 1/16 финалето на Лига Европа кога после истиот резутат 1:1 како и на првиот меч се отиде во продолженија и на пенали. А таму царуваше српскиот репрезентативен голман Миле Свилар.

Што правеа Анри, Карагер и Ричардс годината кога се родил Јамал?

На синоќешните две осминафинални средби од ЛШ паднаа два историски рекорди. Со 16 години и 223 дена, Ламине Јамал од Барселона стана најмлад играч кој настапил во нокаут меч од ЛШ. Пепе пак со Порто стана највозрасен со 40 години и 360 дена (голманите не се сметаат). Во понеделник полни 41. А сега да видиме што правеле тројцата од насловот во 2007-ма кога се родил Јамал, како и водителката која патем „го изеде“ од секогаш расположените гости.

Муабет на великани - Анри за првата лекција што ја научил од Чави

Модерниот фудбал нема милост за традиција, чест и витештво па така легендарниот Чави иако имаше совршена прва сезона на клупата на Барселона, освои шампионска титула и прими рекордно најмал број голови, а сезонва одлично тера и во Лига на шампиони, отвори душа и кажа дека по крајот на сезонава заминува од Барса. Причина? Неиздржливите новинарски натписи, притисоци, шпекулации за отказ, оставка, бркање и слично.

Југословенската легенда која во рок од 9 месеци му одбрани два пенали на Марадона

Сторијата за Андреас Бреме и оној култен Мундијал 1990 со плејада на славни имиња кои и ден денес ги зборуваат оние што се родените околу 80-та па назад, нè потсети на една легендарна сторија со која не веруваме дека може да се пофали друг голман освен еден познат загрепчанец.

Роналдињо покажа дел од магијата

Некогашниот најдобар фудбалер на светот слободното време го ужива на разни настани. Така прифатил покана од сопственикот на Хал Сити, Турчинот Аџун Илиџали да учествува во реалното шоу „Сурвајвер“ кое се одржува на Доминикана, па на фудбал на песок ја покажувал својата раскошна магија. Играл во дрес на НБА ѕвездата Џејсон Тејтум со број 0.

Вториот најтрофеен фудбалер на сите времиња осуден на 4 и пол години затвор

Судот во Барселона после голем број рочишта, денес донел пресуда со која 40-годишниот некогашен најдобар десен бек на светот кој се прослави со Барселона и Бразил, Дани Алвес е осуден на четири ипол години затвор.

Ливерпул игра па растура

Малиот Лутон Таун синоќа прв поведе на славниот Енфилд Роуд 0-1 со голот на Огбене и изненадувачки водеше на полувремето. Но во вториот дел црвените направија пуздер и славеа 4-1 со головите на Ван Дајк во 56-та минута, Гакпо во 58-ма, Луис Диаз во 71-ва и Харви Елиот во 90-та.

Јунакот на Порто во 94-та, имаше невидено двојно промашување

Ништо не е решено ниту на еден од четирите осминафинални средби во ЛШ, одиграни оваа недела. Порто обезбеди минимална победа против Арсенал од 1:0 во финишот, а стрелецот на голот, Бразилецот Галено во првиот дел имаше два, едно по друго лудачки удари кои беа непрецизни. Втората ја фати на волеј, а потоа за глава се држеше.

Роналдо го внесе Ал Наср во четвртфинале на азиска Лига шампиони

Ал Наср го совлада некогашниот тим на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски со 2-0 и со вкупен резултат 3-0 оди во 1/4 финале на азиска Лига на шампиони. Стрелци на головите беа Отавио во 17-та и Кристијано Роналдо во 86-та минута по голем кикс на гостинскиот голман Владимир Стојковиќ.

Триумф на Интер Мајами во режија на Меси кој успеа и легнат играч да издрибла

Хитот на Дејвид Бекам со победа над 2:0 против Риал Солт Лејк ја стартуваше новата сезона во МЛС. Стрелци беа Диего Гомез и Роберт Тејлор, а шоуто и без да биде стрелец го приреди се знае кој. Цела поранешна четворка на Барса беше во прв тим. Одиме со ред.

Наполи и Барса ремизираа на „Диего Марадона“, Порто со еврогол го доби Арсенал

Во крајно цврст натпревар Барселона имаше повеќе од играта во Неапол и прва поведе преку Роберт Левандовски, но Наполи се избори за реми преку Нигериецот Осимен. Во Порто на „Драгао“ домаќинот во последните секунди го совлада Арсенал со чудесен гол на Галено.

Не се гледа секој ден ваков еврогол во балон во Скопје

Сме имале долга низа на голчишта на сајт, снимени во разно разни балони низ светот, ама јакото е кога ќе видиш вакво нешто кај нас. Безбедносна камера во еден од скопските балони, улови мајсторија кој му припаѓа на новинарот на Тв Шења, Енис Муртези, инаку навивач на Лацио.

Хернан Креспо против Реал, со прстите од стапалото

Имаме јако ретро од Лига на шампиони, малку подзаборавено од сезоната 2000/2001. Дуел на Олимпико во Рим меѓу Лацио, актуелен шампион на Италија и Реал Мадрид, актуелен првак на Европа. 2:2 заврши оваа средба, а еден од стрелците беше култниот мангуп Хернан Креспо. Пргав и многу снаодлив во шеснаесетник, кој и во една ваква ситуација знаеше да ја боцне во гол.

Готово е, Баерн Минхен пресече, решено е

После големата бура која што ја донесоа три очајни резултати по ред: пораз 3:0 од директниот конкурент за титулата Баер Леверкузен кој им одржа фудбалска лекција, пораз од Лацио (1:0) во првиот меч од 1/8 финале на Лига на шампиони и пораз 3:2 од слабиот Бохум, Баерн Минхен донел одлука.

Симеоне до толку не мирува што му доаѓаше и во Интер да направи измена

Ако Свен Горан Ериксон е пример за ладен ко шрицер на клупа, Диего Симеоне ти е скроз спротивна приказна и тој не ни седи. Еден од најживчаните тренери во светот, кој 90 минути цупка, шета лево десно и постојано мавта со рацете. Циркузи е на моменти.