Судијката која ја исплаши Шпанија

Мечот меѓу Бетис и Атлетик Билбао (3:1) го одбележа еден крајно непријатен инцидент: камерман во обид да сними прослава на гол трчал каде што не треба и силно со камерата ја удрил помошничката судијка Гваделупе Порас која доживеала повреда.

ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

Во 13-та минута фудбалерот на домашниот Бетис Чими Авила постигна гол за Бетис а судијката Гваделупе Порас како што налагаат правилата тргнала кон центарот на теренот по аут линијата. Во тој момент еден тотално несовесен и изгубен камерман не знаел каде тера по теренот, влегол во недозволена линија на движење и со сета сила со камерата удрил во судијката Порас.

Лекарите на Бетис и на Атлетик Билбао веднаш се стрчале да и пружат прва помош. Набрзо неа ја заменил четвртиот судија Холгерас Кастељанос а докторите на носилки ја изнеле судијката Порас која била префрлена во болница. За среќа никакви сериозни последици немала.

Бетис и Атлетик Билбао доиграле уште 8 минути од првиот дел кој завршил в 45+8’ минута.

ПОРАС СТАНАЛА СУДИЈКА НА СОВЕТ НА ПРИЈАТЕЛ НА ТАТКО Ѝ

Гваделупе Порас уште на 16 години дебитирала како судијка во третата шпанска лига.

„Отсекогаш многу сакав фудбал. Почнав да судам благодарение на пријател на татко ми кој исто беше судија и тој ме советуваше да пробам, ми кажа дека го гледам фудбалот од поинаква страна и беше во право“, раскажала еднаш Порас.

Таа во 2019-та станала првата жена судијка во шпанскиот фудбал кога го судела мечот Мајорка - Еибар, а во 2021-ва станала и прва главна судијка на финалето на шпанскиот Куп. Тогаш исто судела во Севиља како и сега кога настрадала, само на друг стадион, тогаш на „Картуха“.

Младата Гваделупе регуларно суди и натпревари од машките и женски натпревари од еврокуповите под значка на УЕФА.

„Имав избор, да играм или да судам, а не можев веднаш да ги добијам обете лиценци, така што го одбрав второто. Четири години играв но потоа решив да ја оставам играчката кариера поради судиската“.

На 19 години Гваделупе Порас служела и воен рок во армијата каде се задржала девет недели за да му се посвети на судењето.

Во 2021-ва година на челните луѓе во шпанскиот фудбал им укажала на навредите од трибините. „Судиите постојатно се подвргнати на навреди но во однос на жените-судијки тоа има сексистички карактер. Тоа е дискриминација на нашиот пол. Мажите исто се навредувани но во друг контекст. Некогаш треба да престанат“.

На крајот Бетис со 3-1 го совладал Атлетик Билбао и излегол од кризата која му ја предизвика Динамо Загреб кој го исфрли изненадувачки од Лига Конфереции. Бетис сега е на шесто место со седум бода токму зад Атлетик Билбао.

26 февруари 2024 - 10:25