На последните пет меча Каталонците имаат само една победа: нерешено со Сосиедад, неубедливо Ел Класико (0:0), нерешено на дербито со Еспањол (2:2), и последна капка која ја преполни чашата е испаѓањето од Супер купот на Шпанија од Атлетико Мадрид.
Во интервјуа со Стиков и Калински сме прашувале за разни анегдоти во нивната професија, ама до сега не сме чуле дека во таква работа за која е потребна многу внимание и концентрација, човек може до тој степен да се исклучи од пренос.
Се врати во Милан. Не му требаше долго време за да покаже зошто е дојден. На првиот меч против Сампдорија влезе од клупата за резерви и одигра 35 минути, а на вториот меч даде гол, намести еден и одигра одлично.
Како и да ја вртиш, тоа е факт од кој нема бегање. Зинедин Зидан е специјалист за финалиња. Сите што ги одигра со Реал Мадрид ги победи, без ниту еден кикс, а во меѓувреме си даде и отказ па го вратија.
По пауза од 2014-та, Јуве ја доби Рома на гости и му избега 2 бода на Интер кој ремизираше дома со Аталанта. Роналдо беше стрелец од пенал, а на Крис Смолинг му одигра еден на еден со прашањето Где је лопта?
На прсти се бројат играчите кои можат вака дрско да му влезат со слалом на италијанскиот првак. Николо Ѕаниоло има 20 години и е голема надеж во Рома и италијанската репрезентација и тоа многу голема со оглед на начинот на кој игра. Немаа лек за соло продоров, па Де Лихт на крај мораше со бодичек.
Дава гол и му мавта на судијата демек немало офсајд, а тоа шест души во недозволена позиција. Тактиката во одбрана е јасна. Кога ќе земе залет да ја изведе одиме сите на јуриш.
Додека на островот ќе се игра фудбал, а во неговата земја се случуваат стравични битки со енормни пожари, голман смисли начин како да ги мотивира колегите да бидат подобри, за тој истовремено да донира повеќе пари.
Нова типична Јирген Клоп прес конференција на која харизматичниот Германец ги стави на тест новинарите дали знаат на која позиција играл Жозе Мурињо додека бил играч. Ова прашање им го постави откако го прашаа кој бил подобар фудбалер меѓу нив двајца.
Страшен мотиватор, голем темперамент и човек кој си ја работи работата со голема страст. Можеби некој мисли дека е во елемент само тие 90 минути, ама жарот го има и после натпревар. Погледнете го колку е среќен за победата. Ги чекаше еден по еден за да им честита.
Дечкото спие на пари, ама никогаш не заборава од каква сиромаштија потекнува. За леб немал, а не па за копачки. Толку е скромен што не дозволува ни со крал да му се обратат. Овие снимки се ептен логични, бидејќи им помогна на сите до еден.
Кога Барселона води 2:1 на 10 минути до крај, тогаш лотарија од ептен ретки размери е да погодиш дека ќе загуби. Синоќа во полуфиналето на Супер Купот се изгубија позади и мислеа дека играат против Елче. Атлетико им направи пресврт во 81-ва и 86-та.
Го знаете ли вие Разван Марин од Романија кој летоска направи трансфер од Стандард во Ајакс? Се работи за 23 годишен играч од среден ред кој го купија за 12,5 милиони евра со што стана трет најскап Романец после Муту и Киву. Проба да изведе една неголична лудорија на тренинг, колегите не му веруваа арно ама...
Прилепчанецот оваа сезона не само што држи добра форма, туку со својот забавен карактер си створи имиџ и стана еден од омилените ликови во тимот на Биелса. Штом и графити има од него, тогаш навистина е идол на многу навивачи без да кажеме ние.
Имаше игра еден на еден, ама изгледа му беше поголем предизвик кога му застанаа двајца, па испрати магичен шут со надворешна. Ете тоа е Лука Модриќ, човекот кој во 2018-та ги собра сите награди за играч на годината.
Малку му била оваа навала од тројца, па Томас Тухел се решил и за Икарди во напад, а се работи за Лига Куп натпревар. И после ПСЖ - Сент Етјен 6:1 ќе заврши и ќе има паника во одбрана. Епа ќе има.
Не само што го изведува, туку шутира директно во гол. И додека ти се објаснуваш со играчите, готово пројде возот. Мајсторијата е на синоќешниот дуел од Супер Купот на Шпанија кој Реал го доби со 3:1 против Валенсија.
Лина Монлери е клуб од шеста лига во Франција кој во претходната рунда издржа половина час без да прими гол од ПСЖ во 1/16 финалето на францускиот Куп. А многу од играчите кои се аматери, меѓу нив и тренерот, се големи навивачи на Пари Сен Жермен.
Фудбалот не се игра само на перфектни терени со дренажа, туку и по разни сали, калови, на песок. Битно е да знаеш како да го играш. Овој на пример многу знае со топка, а другиов делува дека ниту нешто знае, ниту па знае каде е.
Саудиецот Турки Ал-Шеик кој е на чело на шпанскиот вторологаш Алмерија од лева страна, Марко Матераци, пардон Зинедин Зидан од десна. И по 14 години не умира шегата.
Во 2001-ва им го облече дресот, во 2019-та го соблече, ама не по негова вина. Погледнете го видеово и слушнете го, па после кажете дали смееше да си дозволат да не му го продолжат договорот.
„Жена ми Сара ќе се разбудеше сред ноќ и ќе се зачудеше: лежев, гледав во плафонот и не можев да заспијам“, рекол Даниеле Де Роси на прошталната прес-конференција во Аргентина од каде заминува.
Поранешен шпански репрезентативец и играч на Реал Мадрид каде има освоено Лига на шампиони, од денеска ќе се шета со црвени обравчиња. Во јавност му пуштија видео за кое сигурно е пишман што го снимил.
Манчестер Сити скоро и да го реши прашањето за патникот во финалето на Лига Куп откако со 1-3 го згроми градскиот ривал Јунајтед со три гола уште во првото полувреме. Најубавиот погодок беше дело на Португалецот Бернардо Силва.