Фудбал

Нов гол на Џани Алиоски

Втор натпревар по ред репрезентативецот на Македонија Езџјан Алиоски ја тресе мрежата во дресот на Лидс Јунајтед, кој денес за жал изгуби кај ривалот Милвол 2-1. Алиоски постигна гол на само 20 секунди од почетокот на вториот дел. Ова е трет гол сезонава за Езџјан со што покажува дека е во одлична форма пред продолжение од квалификациите за Европско 2020.

Скандирање на денот до судија жена

Италијански нисколигашки фудбал каде срцката сигурно е црвена од овој убав комплимент од трибина кој на италијански оди вака: Guardalinee, guardalinee, la senti questa voce, la senti questa voce: Sei bellissimaaaaaaaa, sei bellissimaaaaaa.

Првиот Кинез во историјата кој даде гол во еврокуп, милиони во Кина стануваат рано да го гледаат

На мечот ЦСКА Москва - Еспањол (0:2) во Лига Европа, најпопуларниот кинески фудбалер во моментов Ву Леи влезе во историјата како прв фудбалер од оваа земја кој ја затресол мрежата во некое европско натпреварување.

Жестокиот говор во соблекувална по кој Салцбург стигна до 3:3 на Енфилд

Австријците имаа тешко гостување во второто коло од ЛШ, но затоа му покажаа на европскиот првак дека не се дојдени во Англија како туристи. Добро, им требаше некој да им згрми јако, за да разберат дека никој не е непобедлив.

Со тим од 250 милиони не можеа голот да го погодат против Аз Алкмар

Сер Алекс Фергусон си замина од тренерското столче во 2013-та. Потоа седнаа Мојс, Гигс, Ван Гал, Мурињо, Солскјер и никој не успеа барем да го доближи клубот до нивото на кое што беше. 30 години не биле вака очајни, а имаат пари.

Балѕарети со анегдота за Ибрахимовиќ

Федерико Балѕарети, некогашниот бек на италијанската репрезентација кој играше во Јувентус, Фиорентина, Палермо и Рома откри еден јак момент кога Ибра му бил соиграч во Јуве.

Најинтересниот меч во Лига Европа: Малме - Копенхаген преку фасцинантниот мост

Од 24 одиграни натпревари синоќа во ЛЕ, најинтересен беше мечот меѓу комшиите од Шведска и Данска. Копенхаген му гостуваше на Малме, а дистанцата меѓу овие два града е само 43 километри и тоа преку оној фамозен мост.

Новиот случај со дрон: Кој кого провоцирал во Луксембург и зошто

Во Лига Европа синоќа и во текот на вчерашниот ден беше генерално мирно од навивачки аспект: немаше брканици по плоштади, немаше повредени или приведени. Ама затоа имаше нов случај дрон.

Уште едно импресивно видео од играта на Интер на Камп Ноу

Погледнете го ова градење на акција во која Хандановиќ има двајца во своја линија и уште четворица нешто понапред. Умно, без никаква паника, од голман па преку човек на човек стигнаа до другиот гол и за влакно не погодија. Волку поврзан и трпелив Интер не сме виделе од времето на Мурињо.

Многу лош обид да сруши дрон со топка во ЛЕ

Мечот од Лига Европа меѓу Дуделанж и Карабах синоќа беше во прекин, откако некој среде Луксембург се обиде да го испровоцира азербејџанскиот тим со ерменско знаме закачено на дрон, а проблемот е што Ерменија и Азербејџан се од поодамна во војна. Еден од играчите се обиде да го симне, како порано во маало кога ќе ни се закачи топка на дрво. Се посрамоти за сите пари.

Не е ниту дебел, ниту готов и може да игра во тандем со Роналдо

Шпиц со 297 гола постигнати за Ривер, Реал, Наполи, Јуве, Милан и Челси, не оди така лесно да го отпишеш, а ќе го отпишеше Јувентус за малце.

На Гугл почна да ја бара топката

Игра на еден на еден по која детево се збуни до максимум. Остајте вие топката, без памет и без компас остана.

Преубав поглед од авион на дербито Ривер - Бока

Вечните ривали од Буенос Аирес го одиграа првиот меч од полуфиналето на Копа Либертадорес (се сеќавате лани на сагата околу финалето во Мадрид). Ривер славеше со 2-0 и стекна огромна предност пред реваншот на „Бомонера“. Еве како изгледаше „Монументал“ од авион.

Златан: Тоа што го прави Карју со топка, јас го правам со портокал

Зарем мислевте дека нема да го одбележиме роденденот на one and only Ибракадабра. 38 ги лупна денес, а игра како да почнува втора кариера. Ќе мора да се направи книга САМО со неговите изјави од цела кариера. Не се добројуваат вака.

Кореецот што го прати најдобриот стопер на светот по хот-дог со сенф од страна

Ливерпул и Салцбург синоќа одиграа спектакуларен меч во Лига на шампиони, а европскиот првак на крај се спасуваше и победи со 4:3 откако Австријците од 3:1 се вратија целосно во игра.

Твит на денот за машко-женските односи додека има фудбал

Најтешкото прашање кое мажите ги става во дилема каков одговор да смислат.

Мане, да не ти засмета некој?

Резултатот од 5:3 беше најреален и најочекуван исход по овој корнер на Арнолд. Значи Арнолд го изведува, не може да не се штрек во шеснаесетник. Режисерот на мечот очекувано ја покажа и реакцијата на Клоп после оваа несфатлива утка на Мане.

Кога на Камп Ноу некој ти игра Барселона фудбал

Конте не е ниту Спалети, ниту Мацари. Погледнете каков фудбал игра Интер откако им стана тренер. Имаат 6 од 6 во Италија, а синоќа беа преблиску до 0:2, па и 0:3 уште во прво. Имаа многу зрели шанси, а на моменти личеа како тим со Чави, Иниеста и Меси. Казната им стигна во второ.

Една топка, а двајца тајландски јунаци

На исто место, во место време, на ист начин. Каква е оваа случајност во која и двајцата ја коваат со ножички. И добро кој е сега стрелец тука?

Голот на колото во ЛШ го има Зиеш од Ајакс

Второто коло во Лига на шампиони мина во знакот на мајсториите на двајца Мароканци. Прво Хакими од Борусија кој направи слалом за сите пари, а потоа Хаким Зиеш кој и ја опали душмански на Валенсија.

Барселона со пресврт го скроти доминантниот Интер

Мохамед Салах го реши највозбудливиот меч на вечерта на кој Салцбург од 3:0 успеа да стигне до 3:3. Интер створи еден куп шанси на Камп Ноу, но Луис Суарез го реши лидерот од Серија А. Ајакс убедлив на Местаља.

Опасен волеј на Суарез

Интер ја стави Барселона во шише, ама не успеа да ја одржи предноста. Мартинез го отвори резултат во 3 минута, а потегот на вечерта го имаше Суарез во 58 минута. Г о л ч и ш т е.

Фантастична соло акција на Хакими за 3 бода на Борусија

Младиот репрезентативец на Мароко, Ашраф Хакими со две контри ја уништи Славија Прага на гости. Првиот гол му беше феноменален. Истрча пола терен па ги шина со се голман како Меси. Наполи одигра мирољубиво во Белгија. Елмас беше стартер и заменет по еден час игра.

Мбапе тргна како брз воз, па го застанаа ко парна локомотива

ПСЖ со голот на Муаро Икарди во 52’ минута го преброди тешкото гостување во Истанбул и освои 3 бода. Во 61’ минута место стрелецот на голот влезе најдобриот млад играч на светот за кого Конгоанецот Кристијан Луиндама најде лек.