Фудбал

Најапсурдниот корнер во историјата на фудбалот

Тешко може или не може да се дојде до заклучок зошто судијава го поништи голов и досуди корнер кој всушност не постоеше. Нема никаква логика. Она што се гледа на видеово е нафрлена топка, статива, па гол, а овој корнер свирна. На мечов меѓу Бангладеш и Малдиви дефинитивно имаше потреба од ВАР.

Пречката на Рашфорд уште се тресе на Олд Трафорд

Во големото дерби и враќањето на Мурињо на „Олд Трафорд“ по отказот кој го доби од Манчестер, домаќинот се израдува на триумф од 2-1. Играч на мечот беше Маркус Рашфорд со два гола а можеше да даде уште најмалку два.

Како го окрка Мурињо крај аут линијата после еден старт

По 13 минути игра додека Манчестер водеше 1-0 против Тотенхем, Хари Винкс и Даниел Џејмс влегоа во еден жесток лизгачки старт од кој дебел крај изеде и тренерот на Спарс.

Како да изораш нива во два потега

Се вика Хозе Канте, роден е во Шпанија, ама игра за селекцијата на Гвинеја и член е на Легија Варшава. Мајсторе ова што им го направи на двајцата не е мала работа да знаеш. Ги поништи ко Килијан Мбапе.

Генијален гол на Мбапе

Со головите на Мбапе и Нејмар од пенал, ПСЖ синоќа го совлада Нант 2:0. Гол број 1 во оваа спортска среда е дефинитивно мајсторијава на Килијан по одличното додавање на Ди Марија. Прекрасно одиграно.

А да го викне на проба некој овој?

Не би било лошо, бидејќи ова не е нормално за аматер кој плеша фудбалче со другарите по балони. Или па можеби не е аматер? Стоперот го гледаше и му аплаудираше.

Голманот на Шкендија за 2 секунди два пати ја промаши топката

Тетовчани или поточно нивниот голман Костадин Захов му подари бод на Работнички во куп натпревар кој заврши 1:1, затоа што киксираше како никој друг. Па во корна да ја рогнеше ќе беше подобро од ова.

Голот на Дел Пјеро со кој ги победи логиката и физиката полни 25 години

За оваа мајсторија се вели дека е единствена затоа што нема друг гол сличен на овој. Алекс го паметиме по кифлите од игра и слободните удари, ама ова е нешто сосема поинакво, а го изведе на 20 години кога колеги му беа повозрасните Баџо и Виали.

Аферата со тешкиот преварант што ја збуни цела Данска

Данскиот фудбалски прволигаш Виборг се обратил во полиција, откако потпишале договор со 25-годишен Холанѓанец, кој никогаш претходно не играл фудбал и кој ги измамил. Целиот скандал го откриле два дански медиуми кои решиле сериозно да ја истражат целата позадина.

Твитерот на ФК Каменица Саса станува сè подобар

Откако Осогово докажа дека и како македонски клуб може да се биде цар во интернет просторот, признаен и од една Рома, по одлични стази чекори и второлигашот Саса од Македонска Каменица. Се гледа дека и тие се талентирани за хумор, без кој нели што ќе ти е Твитер.

Како човек да му верува на Мурињо

Жозе Мурињо, пред гостувањето на Олд Трафорд со Тотенхем за Кореецот Сон изјави: „Сакам да му честитам на Сон, што трет пат по ред го избраа за најдобар играч на Азија. Заљубен сум во тој дечко! Замислете ги луѓето кои биле со него четири или пет години, фантастичен дечко!

Манчестер Сити се отвори со убави голови

Конечно голеада на момците на Пеп кои трудно тераат со формата. До синоќа беа со една победа на последните пет средби. Го нечекаа Барнли и го декласираа на гости 1:4.

Цела игра им ја држи Лукаку

На прва изгледа дека е бавен, ама и не е до толку, колку што физикусот ве тера така да мислите. Не е само поентата во тоа што е втор стрелец во Серија А со 10 гола, туку во начинот на кој се снајде во играта на Интер.

И Роналдо доби награда, ама ја чекаше како да е Путин

Кристијано Роналдо синоќа беше прогласен за трет најдобар фудбалер во светот на церемонија во Париз каде не се појави. Истовремено во Милано се одржуваше друга церемонија на која се појави, ама не како што се очекуваше или како што тоа го прават сите други.

Дрогба користи мобилен стар 5 години кој чини 16.000 денари

За време на гала вечерта за доделување на наградата „Златна топка“ во Париз, легендарниот фудбалер го имаше моментот на вечерта кога откри една интересна анегдота.

А има некој што не гласа за Меси и Роналдо?

Веќе една деценија го држат приматот и ги собираат наградите со исклучок на ланската кога доминацијата барем за момент им ја прекина Лука Модриќ. Ама без разлика на тоа што се најјаки, има ли земји кои не мислат така?

Еклатантен пример зошто Холандија е друг свет

Марко Ван Бастен, жива легенда на холандскиот фудбал, еден од најголемите после Јохан Кројф, во едно студио каде работи како стручен коментатор, од само нему познати причини рекол: „Зиг Хајл“, познатиот нацистички поздрав. Го суспендираа од работа, му одбија плата, го избришаа од ФИФА20.

Огнометот на Сардинија, одговор на тие што ја негираат Серија А

Во последниот меч од 14. коло на Серија А, синоќа Каљари и Сампдорија одиграа луд меч кој заврши 4:3. Од 69’ до 76’ минута паднаа 4 гола, а победникот го одлучи Чери со гол во 90+6’ минута.

Зошто шпицот на Лестер Ихеаначо има чудни точки под презимето?

Екипата на Лестер во моментов е второ место во Премиер лигата, а „лисиците“ го играат можеби најубавиот фудбал во цела лига, поубав дури и од времето кога со Раниери сензационално ја освоија титулата. Келечи Ихеаначо им е еден од поинтересните играчи.

Реакцијава на Симеоне само потврдува каков монструм од играч е Лео Меси

Атлетико е Атлетико со Ел Чоло. 90 минути гризе, игра цврсто и одлично им парира на Реал и Барса низ годиниве. Ама и 120% да дадат од себе, пак е џабе кога треба да се чува најдобриот.

Добро вие фудбал играте или пинг понг?

Погледнете ги царевиве во Полска каква акција врзаа. Ако не сте доручкувани може да ви се слоши. Полека, не мора да броите колку пати ќе ја удрат.

Се стутка целиот и му ја даде

Порто славеше синоќа против Пакос Фереира со 2:0. Вториот гол е дело на Ѕе Луис кој изведе една многу тешка акробација за да ги направи ножичкиве. Како ли му успеа ова? Ко ќофте се собра.

Зошто УЕФА направи каша попара со ждрепката за Европско 2020

Како никогаш досега, со новите претумбувања на системот на квалификации и главната ждрепка, европската фудбалска унија го збуни обичниот љубител на фудбалот кој сериозно треба да се помачи, за да сфати кој што како и зошто.

Кај се видело бе голман да изведува аут?

Остај што го изведува, туку погледнете како го изведе и до кого. Киксов кој не може да се објасни се случува во Јужна Кореја. Абе имаше играч пред тебе кој ти ја бараше, каде ја даваш таму?