За народот на Руанда фудбалот секогаш имал силна обединувачка моќ. Во 1918-та година Белгија објавила дека оваа источно-африканска земја станува нивен протекторат. Католички мисионери на територијата на Руанда ширеле не само нова религија за населението но и игра во која брзо се вљубил голем дел од населението.
Пред 76 години Руанда ја погодил најстрашниот настан во историјата кој однел повеќе милиони животи. Овој крвав геноцид како по непишано правило некои го преживеале благодарение на роднини, пријатели но и судбината.
Но има и такви кои ги спасил фудбалот. Еден од тие е и младиот голман Ерик Мурангва.
ВО РУАНДА 100-ГОДИШНА КЛАСНА БОРБА КУЛМИНИРАЛА ВО 1994-ТА ГОДИНА СО СТРАШЕН ГЕНОЦИД
Во Средниот век почнала постепена поделба на руандските племиња на две класи - хуту и тутси.
Првите се занимавале со земјоделие и воделе рурален живот, а другите биле номади и фармери. Со текот на времето тутси ги потчиниле соседите па хуту за новопечените робосопственици ги вршеле валканите работи, а тутсите војувале со други народи и управувале со земјата.
Со доаѓањето на белгиските колонизатори ситуацијата се сменила: Белгијците им ја дале целата власт во раце на тутсите, па фактички хуту станале робови.
Создавањето на независна држава во '60-те години радикално ја сменило ситуацијата во земјата. Хуту во еден момент се извлекле од ропството на тутсите и пружиле жесток отпор.
Особено многу проблеми имало во провинциите каде цели општини населени со тутси мигрирале во главниот град Кигали.
Заедно со муслиманите (друг најдискриминиран слој на население во Руанда во тоа време), тутсите го основале првиот фудбалски клуб. Секаква друга форма на општествено обединување им била забранета.
Дел од тутсите избегале во соседна Уганда каде ги пречекал пријателски народ. Многу од овие емигранти добиле државјанство но притоа не се откажале од идејата да се вратат во татковината па во 1988-ма година основале воено-политичка органзација „Патриотски фронт на Руанда“ (ПФР).
Во 1973-та година на власт во Руанда дошол генерал Жовенал Хабиариман, хуту по потекло. Цената на кафето (главен продукт за извоз на земјата) растела и општата состојба за живот била пристојна. Кон крајот на '80-те години страшна суша им ја уништила жетвата па приходот на населението нагло опаднал.
Во тоа време радиостаницата „Слободно радио и телевизија на илјада ридови“ под контрола на властите почнала да шири омраза кон тутсите со скриени метафори. На пример често го повикувале народот „да ги сече високите дрва“ (се смета дека тутсите за разлика од хуту се многу повисоки по раст).
Во земјата тогаш се појавиле радикалните групи „Интерахамве“ и „Импузамугамби“ чиј дел биле воглавно млади насилни навивачи на фудбалски тимови. Тие ги напаѓале домовите на тутсите. Паралелно со кризата во Руанда, големи воени успеси имал и Патриотскиот фронд на Руанда кој постепено се приближувал до главни цели. Властите за ова ги обвиниле сиромашните тутси и во земјата одново почнало етничко чистење и масовни апсења.
Страшен момент се случил на 6 април 1994-та година кога авионот со кој претседателот Хабиариман кој се враќал од Бурунди бил погоден со ракети, па претседателот на Руанда загинал. Властите за овој атентат ги обвиниле членовите на ПФР и во земјата почнал страшен геноцид.
МУРАНГВА ЗА МАЛКУ НЕ БИЛ УБИЕН ПРВАТА ВЕЧЕР, ГО СПАСИЛ СЛИКА СО ФУДБАЛСКА ЕКИПА
Дента кога почнале масовни нереди и убиства, младиот голман на фудбалскиот клуб Рајон Спорт, Ерик Мурангва (тутси по потекло) се враќал дома подоцна. Во бар во својот роден крај го гледал полуфиналето на Африканскиот Куп на нации меѓу Замбија и Мали.
Во три часот после полноќ 19-годишниот Ерик Мурангва го разбудил рафал од митралез. Се стрчал до окното од вратата и видел како луѓе во воени униформи вооружени со мачети и автомати влегуваат кај комшиите дома, ги вадат на улица и ладнокрвно ги убиваат.
После неколку минути суровите убијци влегле кај Ерик дома, го превртеле целиот мебел, ги искршиле вредните садови пред очи на домаќинот.
Но еден од убијците загледал една слика во отворен албум - фотографија од клубот Рајон Спорт во домот на претседателот Хабиариман.
„Кои се овие луѓе?“, прашал еден војник.
- Мои соиграчи од екипата, одговорил преплашениот Мурангва. Јас играм за Рајон Спорт.
„Што зборуваш бе ти?! Јас навивам за Рајон Спор од детство!“, му рекол агресивно војникот но кога ја видел фотографијата го познал младиот голман: „Ти си Тото! (назив за млад голман во Руанда“, викнал војникот.
После овој настан терористот им рекол на своите соборци да излезат од куќата и долго време зборувал со Ерик и неговиот сосед кој играл за вториот тим на Рајон Спорт.
„Просто зборуваше со нас за фудбал. Мојот мозок како да не работеше тогаш нормално и зборував неповрзано. Пред неколку минути бев на граница од смрт, а сега зборував љубезно со човекот кој сакаше да ме убие“, се сеќава Ерик Мурангва.
Убиецот можеби и не би бил така љубезен ако во март таа година Рајон Спорт со 4:1 не го победил Ал Хилал од Судан во Африканската Лига на шампиони. Ал Хилал две години претходно играл во финале на овој турнир и бил многу моќен.
Оваа победа ја израдувала цела Руанда. И тутсите и хутите. После неочекуваниот успех сите барови во Кигали биле преполни, навивачите ги частеле фудбалерите а војниците пукале во воздух со АК-47.
„Луѓето кои обично ме навредуваа, сега беа спремни да ме носат на раце. Таа вечер не постоеа никакви ни хуту ни тутси, беше само Руанда“, раскажал Тото.
Тогаш дури и радиото за пропаганда „Слободно радио и телевизија на илјада ридови“ било воодушевено од екипата чии навивачи воглавно биле тутси. Оваа победа на Ерик а и на некои други негови соиграчи му помогнала да го избегнат страшниот геноцид кој однел повеќе милиони животи.
ЕДЕН ОД ПРЕДВОДНИЦИТЕ НА ГЕНОЦИДОТ ГИ ВОДЕЛ НАВИВАЧИТЕ НА РАЈОН СПОРТ И МНОГУ МУ ПОМАГАЛ НА МУРАНГВА
Неколку часа откако си отишле натрапниците со автомати, Ерик заминал кај родителите. Сакал да ги однесе во зградата на едно школо каде веќе се криеле неколку семејства тутси.
Но татко му рекол дека сака да умре на родна земја а мајка му ги повикувала сите соседи да пеат и да се молат. Семејството на Ерик Мурангва одело во адвентистичка црква.
Неговото семејство одлучно одбило да го напушти омот, па Ерик Мурангва после сите обиди решил самиот да избега кај неговите најблиски соиграчи кои живееле во близина. Тие биле хуту и го претставиле Тото како бегалец и покрај големиот ризик. На улиците се водела кравава војна, убиства имало на секој чекор а во домот кај што отишил Ерик имало топла пријателска атмосфера - играле карти и гледале фудбал на телевизија.
Еден од домаќините на Ерик, Лонгин имал многу познаници меѓу терористите а негов братучед раководел со мала група. Еднаш борци од групата „Интерахамве“ влегле во домот и го уапсиле Ерик но благодарение на поткуп и врски успеале да ги убедат да го пуштат.
„Памтам како еден војник ми рече: Денес имаш среќа, имаш многу добро другари. Ама тоа не значи дека утре-задутре пак ќе ти помогнат. Тогаш сфатив дека на тоа место веќе не можам да останам“, се сеќава Мурангва.
Лонгин подоцна се сетил дека еден од лидерите на навивачката група на Рајон Спорт по прекар Зузу бил водич на „Интерахамве“ и дека треба да му се обратат за помош. Лонгин му раскажал на Ерик дека борецот Зузу по почетокот на геноцидот прашувал за тоа како е голманот Тото.
По извесно време во домот на Зузу, Ерик со помош на Лонгин отишол во седиштето на Меѓународниот Комитет на Црвен Крст во центарот на Кигали - место каде спас нашле неколку тутси. Тој реон бил епицентар на геноцид и поради патролите практично не било можно да пројде.
Но Ерик го замолил Зузу да го превезе до зградата но се испоставило дека реонот бил достапен само за вработени во ООН. Младиот голман успеал да го убеди директорот на ООН Филип Гајар дека претходно работел во Уницеф и успеал да се спаси.
Прво го префрлиле во хотелот „Мил Колин“ (кој стана познат во 2004-та благодарение на потресниот филм „Хотел Руанда“) а младиот голман Ерик после го однеле во подконтролна зона на ПРФ надвор од Кигали.
После неколку дена борците на „Интерахавме“ го стрелале Лонгин за предавство а Зузу по крајот на геноцидот со лажни документи успеал да избега и да се крие во САД. Во 2004-та година го уапсиле и го депортирале во Руанде каде добил доживотна затворска казна за убиство на повеќе илјади тутси.
И ПО КРАЈОТ НА ГЕНОЦИДОТ РУАНДА НЕ БИЛА БЕЗБЕДНА И СИГУРНА ПА ЕРИК ПОБЕГНАЛ ОД ЗЕМЈАТА
Дури кога силите не ПФР ја заземале престолнината на Руанда, светот можел да дознае за страшниот геноцид. За шест недели биле убиени повеќе милиони луѓе. Се случиле пет пати повеќе убиства отколку за време на холокаустот.
Родителите на Ерик Мурангва за некое чудо преживеале, но другите членови на неговото семејство не. Ерик изгубил 26 роднини меѓу кои и 7-годишниот брат Жан Пол.
Подробни детали за смрта на неговиот брат немало, а после неколку години Мурангва дознал во еден документарен филм дека Жан Пол стоел во толпа Руандијци кои ја молеле белгиската војска за помош. Белгиските војници евакуирале само европски граѓани од војната во Руанда.
Фудбалската федерација на Руанда околу своето седиште има меморијал посветен на жртвите од геновидот. На споменикот се изгравирани имиња на 70 професионални фудбалери и тренери меѓу кои и името на Лонгин Мунјорангабо.
„За време на геноцид најголема опасност за луѓето беа пријателства и познанства. А јас сега сфаќам дека имав среќа со другарите. Тие добро знаеа дека сум тутси, јас никогаш не ги криев своите политички ставови но моите другари не мислеа на тоа кога имаше ладнокрвни убиства“, се сеќава Мурангва.
Ерик Мурангва дебитирал и за репрезентацијата на Руанда но во земјата уште не било безбедно. Многу борци на „Интерахамве“ кои се скриле во Конго, почнале со герилска војна. Еднаш меѓу уапсени припадници на оваа група имало двајца војници кои го апселе Мурангва во домот на Лонгин. На испитување тие го спомнале името на голманот на репрезентацијата после што Ерик решил да избега надвор од Руанда.
Во 1996-та Ерик преку Париз се враќал од меч со Тунис во квалификации за Светското 1998-ма. За време на преседувањето во Франција, Ерик Мурангва се скрил и избегал за Белгија а после и за Велика Британија каде добил азил. Денес работи во организацијата „Фудбал за надеж, мир и единство“ која што ја основал и која се бори против расизам и шовинизам во Руанда.
На предавањата на хуманитарните вечери со кои им се помага на потомците на жртвите од геноцидот, Ерик рекол: „Фудбалот мене ми го спаси животот! Добро ќе биде ако во светот се појават многу нови Меси и Роналдо, но покорисно за нас ќе биде како да воспитаме нови Лонгини“.